логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer411

ПРИСУСТВО НА КРСТОТ

         Лесно е да се види Крстот како настан. Тешко е да се живее како тајна. Во таа наша усилба потребна ни е помош, што можат да ни ја дадат само оние кои го прифатиле и почувствувале Крстот, оние кои го поставиле Крстот во секој аспект од својот живот. Знаете ли навистина  дека  Крстот е на иста возраст како  и човекот? Крстот се крие зад можноста за растење, што Бог ја дава на Своето создание. Човекот  се одрекува од  Крстот. Ова одрекување станува почеток на падот на човекот.
        Св. Григориј Палама нагласува дека Крстот Христов „претходно  го проповедале и таинствено го предизобразиле  старите родови“. Божјите зборови кон Авраам: „излези од својата земја, од својот род и од домот на татка си“ не се ништо друго освен наметнување на крст. Зад кренатата рака на Авраам, држејќи го ножот и подготвувајќи се да го жртвува Исак, стои прифаќањето на Крстот. Искачувањето на Исак кон местото на жртвувањето со дрво врзано на грбот е предвкус на Христовото искачување во Голгота носејќи го дрвото на Крстот. 40-годишното патување во пустината е крстоносно патување. Мојсеевиот стап, кој ја претвори горчливата вода во слатка, подигнатите раце во часот на битката, бакарната змија, внимателно го проповедаат појавувањето на Крстот, кој вкусот на смртта го претвора во Воскресение и вечност, ги победува демонските напади и ги исцелува поразените од отровот на гревот.
Присуството на Крстот е особено забележливо во пророштвата на Исаија, во покајанието на Давид, во верата на Илија, во плачот на Еремија, во фрлањето на Јона во морето. Крстот е присутен во трпението на Јов, во трпението на Јоаким и Ана, во молитвата на Захарија и Елисавета, во подвигот на свети Јован Крстител, во девственоста, смирението и послушноста на Пресвета Богородица. На Голгота, преку распнувањето на Христос се открива,  дека Крстот е најсовршениот облик на изразување на Божјата љубов кон човекот. Прифаќајќи  го Крстот што Адам го отфрли, Христос  станува причина за нашето спасение.
Св. Јован Карпатски пишува дека преку Христовото распнување веќе го имаме Чесниот  крст како гаранција за Божјото милосрдие и љубов.
         Св. апостол Павле се фали со Крстот Христов. Тој не се фали со искуството што го доживеал на патот кон Дамаск и со тоа што самиот Христос го повикал. Тој не се фали со грабнувањето  до третото небо. Тој се фали со Крстот, кој за некои е соблазна, а за други  - безумство.

TViTer410
          Крстот продолжува по својот пат. Го гледаме во страдањата на светителите, во солзите на богоносните подвижници, во исповедањето на верата на светите архиереи. Го гледаме како одраз во водата на купелот, во светата Литургија, во венците на младенците. Во животот на христијаните Крстот не е слика, туку живот. Основен предуслов за човековото пријателство со Христа е самоодрекувањето и носењето на Крстот. Толкувајќи го овој настан, отците тврдат дека Крстот во животот на секој човек не е само болест, испит, болка, искушение. Крст значи да се оддалечиш од гревот и свесно да одиш кон Него.
           Отците ни го откриваат присуството на Крстот Христов. Св. Јован Златоуст ни говори за отсуството на крстот: „Крстот е прогонет таму каде што се навредува Бог, каде што Бог Отецот е запоставен, каде што се хули на Синот. Онаму каде што е прекршена благодатта на Духот“. Отсуството на Крстот е еднакво на отсуство на Христос. „Животот што не е во допир со Крстот е антихристов живот“.
           Од Црквата, која не е ништо друго освен Телото на Распнатиот и на сораспнатите Негови пријатели, доаѓа молитвениот повик: „Радувај се, испразнување  на адот! Радувај се, рајска насладо! Радувај се, дрво благословено!“.

TViTer409

Автор: о. Спиридон Василакос
Извор: bogonosci.bg


За Преминпортал: Симеон Стефковски

 

 

TViTer412

 preminportal.com.mk

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2246
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2249
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 705
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

12/06/2026 - петок

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобен Исакиј Исповедник; Преподобна Макрина;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная