Соопштение (20.05.2022 18:57)
Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. г. Порфириј.