"Болеста доаѓа поради мисловниот пад. Човекот треба да биде сам свој лекар. Ако не е тих одвнатре, тогаш залудо ќе му бидат сите лекови и најдобрите лекари.
Потсвеста на модерниот човек е вознемирена како немирен океан со големи олујни бранови. Потсвеста која е исполнета со впечатоци прави душата да биде немирна. Емоциите тогаш зовриваат како ерупција на вулкан. Без работа на емоциите, духовноста е само кула од карти.
А што е човекот без мир во душата? Одвоен од божјата благодат, се обидува да пронајде некоја утеха во материјалните нешта. Но, таму нема утеха, тоа е дупка без дно. Уште, уште, дај уште и на крајот повторно празнина. Кога душата ќе стане мирно море, бонаца,тогаш почнува исцелувањето.
Запомнете го тоа, тое е златно правило. Изворот на поголемиот број на болести е во духот, затоа духот и може да ги победи повеќето болести".
Никола Тесла
Избор од фб профил на Маја Белева