логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

„Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)


1.    Беседа


За меѓусебниот мир, изговорена три дена по доаѓањето во Солун


 
1.Сите ние сме браќа, бидејќи нѐ создал еден Господар и Творец, и во таа смисла сме добиле и заеднички Отец. Меѓутоа, тоа општо братство го имаме и во однос на бесловесната, па дури и неживата природа. Освен тоа, ние сме еден на друг браќа, затоа што сите сме потекнале од еден, земнородниот Адам, и затоа што единствено ние сме создадени според образот Божји. Ова е заедничко и за нас и за сите народи воопшто. Освен ова, ние сме браќа еден на друг со тоа што сме од ист род и што живееме на исто место. И најпосле, браќа сме и по богатството, да имаме заедничка Мајка – Светата Црква и благочестието кому Начало и Извршител е Христос, вистинскиот Син Божји, Кој не само што е наш Бог, туку благоволил да ни биде и Брат и Отец, и не само тоа, туку и Глава Која сите нас нѐ собира во едно Тело и чини од нас да бидеме органи еден на друг во Него Самиот.

 


2. Кога по Своето тридневно Воскресение од мртвите се јавил на жените кои дошле на гробот, Господ рекол: одете и соопшете им на брќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе ме видат (Мт.28,10). Гледате ли како нас нѐ удостоил да се нарече наш брат? Затоа и светиот апостол за Него вели: не од ангели прими природа, а од потомството на Авраама прими, затоа беше должен во сѐ да личи на браќата (Евр.2,16-17).  Меѓутоа, како тоа Христос, Кој е наш Отец, и Кој нас нѐ преродил низ светото Крштение и со Својата боженствена благодат, Он Своите ученици ги нарекува „деца“ и заминувајќи на спасителното Страдање објавува дека нема да ги остави сираци? Тоа е онака како што апостолот повторно вели: а бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот (Евр.2,14). Павле е уверен дека сите ние во Христа сме едно Тело и вели: вие сте Телото Христово, а поодделно – членови (1Кор.12,27). И како што е едно тело, а има многу органи, така и органите имаат едно, и иако се многу, сепак образуваат едно тело. Така и со Христос, бидејќи сите сме крстени од еден Дух во едно Тело.

 

3. За нас браќа, една е бањата  за преродување и раѓање во Бога: една вера, една надеж, еден Бог над сите, низ сите и во сите нас, Кој со божествената љубов нас нѐ собрал околу Себе и направил од нас да бидеме органи еден на друг во Него Самиот. Меѓутоа под дејство на лукавиот настапи омраза едни кон други која ја изгони љубовта. Поточно кажано, ова не се случило одеднаш, туку оваа (омраза) се повторувала повеќепати уништувајќи го нашето единство во љубовта едни кон други и кон Бога. Таа (омразата) не само што заедничките органи на градот ги разделува едни од други правејќи ги да бидат парализирани, туку и страните (партиите) ги спротиставила едни на други и ги поттикнала сонародниците на непомирливи раздори, пресметки и нереди. На тој начин направила сонародниците да постанат противници и правејќи го градот таков како со него да загосподариле непријатели, таа омраза го поттикнала градот да се сожалува себе си, и кон себе да стане злонамерен и непријателски расположен. Со оглед на таа падната положба, градот самиот себе си станал енигма. 

4. Кои се тие што го опустошуваат градот, а понекогаш ги рушат и куќите и го грабаат она што е во домовите? Кои се тие што молскавично ги прoгонуваат домаќините на ови куќи и негуваат погубни (смртоносни, убиствени), немилосрдни и нечовечни чувства кон нив? Зарем тоа не се самите жители на овој град?! Кои се тие што имаат трпение за вакво големо безумие и неред, напади и закани? Зарем тоа не се истите жители на овој град, од кои градот некогаш се насладуваше со толку добра? О, какво страдање! Тешко нас, колку голема несреќа! Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај него добро е презрено, додека она што е неблагородно и р`ѓаво злорадосно преовладува. Зарем оваа болест која ве затекнала не е ли многу полоша од оние на  фатените (раслабени, парализирани) опишана во Евангелието? Колку ли е само ова злодело полошо и поштетно од нивнота состојба?

5. Меѓутоа, вие немојте да се срдите од ова што го слушате. Јас тоа не ви го зборувам за да ве навредам, туку за да бидете трезвени, за да ја спознаете својата болест. Само на тој начин ќе ја побарате причината заради која во неа паднавте и ќе посакате да оздравете, а потоа ќе се погрижите и за свое исцеление, за да го здобиете и да го сочувате кога Бог ќе ви го подари тоа исцеление кое ќе ве охрабри, онака како то тоа Го направи и со оние раслабени. Он не само што ги исцели, туку воедно им даде и сила за да може секој од нив да стане од постелата на која лежел и безпречено можел да чекори.

6. Што била причината за болестите на овие раслабени кои (Он) ги исцели? Тие биле двајца: еден лежел покрај Силоамската бања во Ерусалим, а другиот е оној што го носеле четворицата во Капернаум. Значи, што била причината за нивната болест (слабост)? Гревот. Господ на еден од нив, гледајќи ја неговата вера и пред телесно да го исцели му вели: не палши се чедо, ти се простуваат гревовите твои (Мт.9,2). На другиот, наоѓајќи го здрав му вели: Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо (Јн.5,14). И како што кај нив, гревот, и од едниот, и од другиот направил да бидат фатени, така и при вас, заедничкиот грев ја изгонил љубовта и направил од вас еден на друг да бидете непријатели. Која би можела да биде друга причина, ако не гревољубивата воља, која направила да биде нарушена вашата взаемна врска, односно љубовта кон Бога и едни кон други? Бидејќи беззаконијата ќе се преумножат, и кај мнозина љубовта ќе олади (Мт.24,12), а кога љубовта ќе олади не може да се одржи божествената благодат и грижа.


7. За да можам низ пример да го претставам ова сегашно страдање, би ви кажал дека секоја душа на секој од нас е слична на кандило во кое добрите дела се маслото, а фитилот е љубовта на која како светлина почива благодатта на Божествениот Дух. Значи кога ќе снема од маслото, тогаш нужно пресушува и љубовта која како фитил гори во душата. Така и светлината на божествената благодат и грижа се оддалечува од луѓето кои од себе ја истерале добредетелта и направиле со неа да биде избркана и љубовта. Кога пак, меѓу нив ќе дојде до меѓусебно спротиставување, Бог го одвраќа Своето лице од нив, за кое ни зборува и пророкот Давид: Ќе го одваратиш ли Своето лице од нив, тие ќе се разжалостат (Пс.104,29). Така и меѓу нас се појавуваат граѓански војни и нереди кога го следиме гревот и носејќи ги со себе сите видови зло кои се вселуваат во предводнците на бунтовите, началникот (кнезот) на злото, бунтовниците ги претвора во ѕверови. Нема да биде претерано ако се каже дека во оние во кои се вселил тој (началникот на темнината) ги подготвува да го прифатат демонскиот карактер. Така и се случува, оној што е човекоубиец и човекомрзец уште од почетокот прави и самиот човек да биде човекоубиец и противник на Животодавецот Христос, а најпрво станува непослушен и противник на духовниот отец, пастирот и учителот, и  на земните цареви.

8.Вратете се на евангелскиот пат Христов и цврсто држете се на Него, за да може вашето едномислие вечно да цвета, и  за да биде постојано, и Господ пак ќе се обрати кон вас и повторно на вас заедно со мирот ќе почива и благодатта на Божествениот Дух. Оној фатениот од Ерусалим лежел покрај Сиолоамската бања која исцелувала болни, па така и вам кои никогаш во потполност не сте се оддалечиле од Црквата Христова ќе ве награди со мир. Меѓутоа, како што оној човек што не можел да најде било кого за да му помогне да прими благодат од оваа бања, така и овде кај вас немало пастир кој би ви проповедал мир, и да ги собере расеаните членови за да ги состави едни со други, и од Телото на Црквата Христова да ја отстрани болеста и слабоста која се појавила со омразата.


 9. Сега сме веќе поставени и со вас сме заедно во Христа, и во Христа ве молиме, како Он Самиот да ве моли преку нас: измирете се со Бога! Познајте го меѓусебното сродство, на само по душата, туку и по телото кое потекнува од вашите предци. Сетете се на оние претходни мирни денови, сетете се со какви добра тогаш се насладувавте, а од кои сега сте лишени. Немојте да помислувате на зло, немојте да посакувате на злото да вратите со зло, туку злото победувајте го со добро. Прегрнете се во взаемна љубов за да ја стекнете љубовта Божја и да ја покажете својата љубов кон Него, бидејќи оние кои не ги сакаат своите браќа не можат ни да го љубат Бога, ниту пак можат како плод (на љубовта) да се здобијат со Неговата божествена благодат и заштита. 

10. Браќа, послушајте ме мене кој сега сум дошол при вас и кој согласно заповедтта Господова ви благовестам мир пред сите и во сите. Помогнете ми  во тоа и простете си еден на друг, ако некој некого навредил, онака како што Христос нам ни простил за да станете синови на мирот или поинаку кажано, синови Божји. Он Е навистина нашиот мир, кој од две страни направи една и ја сруши преградата која нѐ раздвојуваше, победувајќи го непријателството на Својот Крст. Он Самиот на Своите ученици им рекол, а преку нив и нам, дека во било кој град и дом да влегуваат таму да објавуваат мир. Во измирувањето се состои и целокупното дело на Неговото доаѓање, токму заради тоа ги приклони небесата и Он слезе на земјата, затоа и Давид за Него прорече: ќе засветли во деновите Неговата правда и мноштво мир (Пс.71,1), додека во вториот псалм повторно за Него вели: Он известува мир на Својот народ и на Своите преподобни, и на оние кои со срцето свое се обраќаат кон Него (Пс.84,8).

11. И ангелската химна по повод Неговото Рождество покажува дека Он слегол од небесата за да ни донесе мир: слава на Бога во висините, а на земјата мир и межу луѓето добра воља (Лк.2,14). Кога го изврши Домосторојот на спасението, Он на Своите ученици им вели: мирот ви го оставам, мирот Свој ви го давам...мир имајте помежу себе (Јн.14,27 и Мк.9,50), и: по тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе (Јн.13,35). Последната молитва која ни ја предал одејќи при Својот Отец ја утврдува таа взаемна љубов: да бидат сите едно (Јн.17,21).

12. Значи да не отпаднеме од отечката молитва и да не бидеме отфрлени од наследството на Небесниот Отец, ниту лишени од печатот и знакот на Неговата припадност, како и од всиновувањето, благословот и учењето за да не отпаднеме од ветениот живот и да не бидеме оддалечени од духовната брачна топлина, а со тоа и од Самиот Отец, Началникот на мирот за да не го чуеме она: не ве познавам, одете од Мене, оти предизвикувавте омраза, непријателство и соблазни. За да не ни се случи така да пострадаме, Он со посредство на Своите свети ученици и апостоли прати мир за сиот свет. 

13. Заради тоа тие во своите беседи и посланија мирот го ставиле пред секој друг збор, говорејќи ни нам наместо вовед: Благодатта на вас и мирот од Бога. И ние како служители во оваа служба, објавивме мир веднаш по нашето доаѓање при вас и заедно со Павле ви велиме: грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да го види Господа (Евр.12,14). Ако без мир со сите никој нема да го види Господа, зарем во идниот век некој ќе го види Бога ако не е во мир со своите сонародници? Напротив, нема ли тогаш да чуе: нека се земе безбожникот за да не ја види славата Господова (Ис.26,10)?! Нека не ви се случи да ги чуете овие страшни зборови, туку со посредство на мирот, љубовта и единомислието измирете се и соберете се во едно, и според Неговото слатко ветување, нека Он биде помеѓу нас, Нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе ни олесни бремето на сегашниот живот, а кога ќе дојде време ќе ни подари вечен живот, слава и Царство. 

14. За кое сите да се удостоиме за тоа и да ја здобиеме благодатта и човекољубието од Дародавецот на мирот, Бог, Нашиот Господ Исус Христос, Кому му доликува слава, чест и поклонение со беспочетниот Отец и животворниот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни веково.

 

Подготви: презвитер Горан Стојчевски

 

27- ми  ноември, лето Господово 2016

 

Друго:

 

 "Еден ден на Света Гора кога Григориј беше задлабочен во молитвата кон Бога, одненадеж пред него застана светлозрачен и благолик маж, свети Јован Богослов, и умилно гледајќи кон него го праша: „Зошто ти, молејќи Му се на Бога, секојпат постојано повторуваш: просветлиј ја мојата темнина, просветли ја мојата темнина?“ Григориј одговори: „Што друго би барал освен тоа: да се просветлам и да спознаам како да ја исполнувам светата волја Негова?“

Тогаш светиот Евангелист му рече: „По волјата на Владетелката на сите, Богородица, отсега јас ќе бидам со тебе неотстапно“.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная