логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.Jov.Zlatoust.jpg        

Светите маченици Гуриј, Самон и Авив

7.Vselenski.sobor

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и живееја во пост и во молитва, храбрејќи ги правоверните коишто ним им притекнуваа за совет. Но ги фатија и ги изведоа пред судијата. Судијата им се закани со смрт ако не се покорат на царската наредба за поклонување на идолите. Светите Христови маченици му одговорија: „Ако ѝ се покориме на царската наредба ќе пропаднеме дури и ако ти не нѐ убиеш“. После лути маки беа фрлени во затвор, во којшто трпеа глад, темнина и тегобност од 1 август до 10 ноември. Тогаш повторно ги изведоа и ги мачеа, па бидејќи останаа непоколебливи во Христовата вера, беа осудени на смрт и убиени со меч во 322 година, за време на свирепиот цар Ликиниј. Подоцна и едескиот ѓакон Авив прими маки за својот Господ Исус Христос и го предаде духот свој во оган. Мајка му го извади неговото цело тело од огнот и го погреба во гроб заедно со Светите Гуриј и Самон. Кога престана гонењето, христијаните подигнаа храм во чест на тројцата маченици Гуриј, Самон и Авив и ги положија нивните чудтворни мошти во еден ковчег. Од безбројните чуда над моштите на овие прекрасни маченици се издвојува едно. Една вдовица во Едеса имаше ќерка со која се ожени еден Гот, војник на грчката војска. Бидејќи мајката се плашеше да ја даде девојката во далечна земја, тој Гот се заколна на гробот на тројцата маченици дека никакво зло нема да ѝ направи на нејзината ќерка, но дека ќе ја земе за своја законска жена, бидејќи, рече, е неженет. Всушност тој беше женет. Кога ја одведе девојката во неговата татковина ја држеше како робинка додека не умре неговата законска жена. Тогаш тој, во договор со останатите свои роднини, со мртвата жена ја закопа и својата жива робинка. Робинката им се молеше со плач на Светите маченици да ја спасат. И тие ѝ се јавија во гробот, ја зедоа и моментално ја пренесоа од Готската земја во Едеса, во својата црква. Утредента кога ја отворија црквата ја најдоа ќерката на онаа вдовица покрај гробот на Божјите светители и дознаа за нејзиното чудесно избавување.

Светите маченици Елпидиј, Маркел и Евстохиј

Пострадаа за Христа во времето на Јулијан Отстапник. Елпидиј беше сенатор. Кога ги видоа маките и чудата на Елпидиј шест илјади незнабожци поверуваа во Господ Исус Христос.

 

Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка

Оваа икона најпрво му се јави на едно девојченце Ана во селото Купјатич во Минската губернија во 1182 година. Чувајќи го стадото Ана виде некоја светлина во шумата. Кога ѝ се приближи на светлината, на едно дрво виде крст со средна големина со ликот на Пресвета Богородица на него. Ана го зеде тој крст и си го однесе дома, па се врати кај стадото. Но на нејзино големо чудење на истото место таа повторно го виде крстот на дрвото. Го зеде, си го стави под пазува и го однесе дома. Кога сакаше да му го покаже крстот на татко ѝ и ја завлече раката во пазувата, крстот го немаше. Таа му раскажа сѐ на татко ѝ, па отиде со него, го видоа крстот во шумата и го пренесоа дома. Утредента крстот повторно го немаше во куќата. Го кренаа цело село и сите селани отидоа и му се поклонија на крстот. Набрзо луѓето таму изградија црква. Од тој чудесен крст со иконата на Мајка Божја се пројавуваа многбројни чуда. Таа икона сега се наоѓа во црквата Света Софија во Киев.

 Bogorodica.Kupjaticka


Тропар на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка

28 ноември/15 ноември (по стар стил)

Радувај се, мајко Пречиста, радувај се Ти Која го олеснуваш крстот кој секој од нас треба да го носи. Радувај се и за нас застапи се пред Оној Кој леб наш насушен ни е и помогни ни на крстот наш да ги распнеме страстите.

 

Преподобен Паисиј Величковски


TViTer293
 
На духовното делање, преподобниот Паисиј (Величковски) се научил на Атон, лулката на аскетското просветување, коешто му недостасувало на старецот во руските манастири и молдавските скитови. Но, и Атон во тоа време бележел голем пад. Посетувајќи ги монасите, преподобниот барал за себе духовен отец – раководител, но не пронашол и затоа пребивал сам, поминувајќи го животот во голема строгост. Постепено околу преподобниот Паисиј почнале да се собираат монаси кои сакале строг аскетски живот. Преподобниот Паисиј, советувајќи се со своите браќа, од манастирот Пантократор ја купил старата ќелија посветена на свети пророк Илија и повторно го создал Илинскиот скит. Монасите овде изградиле црква, трпезарија, пекара, гостоприемна и шеснаесет ќелии. Старецот немал намера братството од шеснаесет души да го зголемува и затоа изградил шеснаесет ќелии. Славејќи Го Бог, монасите со радост се населиле во своето ново прибежиште. Многумина од светогорските браќа и од новодојдените, кога го виделе таквиот богоугоден живот на братството на Паисиј, усрдно го молеле Старецот да ги прими во своето стадо. Старецот бил принуден да ги прима. Ќелии за новодојдените немало, но тие граделе ќелии при камените карпи под првите ќелии. Сите заедно се труделе, а и самиот Старец преку денот правел лажици, а преку ноќта не спиел повеќе од три часа и се занимавал со превод на светоотечки книги од грчки на словенски јазик, како и со поправање на древните словенски текстови. Од еден од своите браќа – Макариј, тој се научил не само на разговорниот новогрчки јазик, туку и на древниот книжевен. Освен скитското братство, многу светогорски монаси од другите обители биле негови духовни чеда. Дури и Свјатејшиот патријарх Серафим, кој живеел во манастирот Пантократор, неретко го посетувал Старецот за духовни беседи – понекогаш доаѓал пеш, а понекогаш на осле. Често, патријархот и постарите монаси во Пантократор го повикувале Старецот за служење на Божествената Литургија. Старец Паисиј секогаш служел со длабоко смирение, побожност и солзи. Неговото служење толку ги трогнувало сите, што некои од изобилни чувства и солзи не можеле да продолжат со службата и излегувале на некое време од црквата за да се успокојат. Плачеле речиси сите, а плачел и старецот-патријарх со трогнато срце, говорејќи: „Слава Богу! Слава Богу!“ Братството на преподобниот с? повеќе и повеќе се умножувало, и обителта веќе станала претесна. По совет на светогорските монаси, преподобниот Паисиј половина браќа ги преселил во запуштениот Симонопетра, но Турците го запреле да отиде оттука: тие зеле од него седумстотини левови за да се исчисти долгот на манастирот, а сакале и уште да земат, и затоа Старецот останал уште три месеца. Тоа збиднување било и повод преподобниот Паисиј и неговите ученици да ја остават Света Гора и да преминат во Молдо-Влахија, прво во Драгомирна, а потоа, по Руско-турската војна, кога дел од молдавската земја преминала кон Австрија, во Њамцкиот манастир. Времето на пребивање во Молдо-Влахија било кога веќе Старецот, очигледно за сите, се појавил во величината на својот старчески опит и кога светлината на Њамцката лавра почнала да ја осветлува цела Русија. Самата личност на Старецот многу влијаела врз сите, а самото негово присуство ги воодушевувало на подвиг. Тој бил преисполнет со благодатните дарови на Духот, со премудрост и разум, совети и крепост, духовно раководство и благочестие. Преисполнет со голема љубов кон ближниот, тој бил тивок и мирен, кроток, долготрпелив и детски незлоблив. Смирениот изглед на преподобниот Паисиј сјаел со чистотата на целомудрието и самото лице на Старецот сјаел со одблесок на небесната слава. При неговата пламена молитва, во тоа време се случувале многу чуда од иконата на Божјата Мајка. Целиот живот на Старецот бил посветен во служење на монаштвото. Заслугата на преподобниот Паисиј се состои во тоа што тој со својот пример и со примерот на своето братство ги обновил древните темели на монашкиот живот – Исусовата молитва, духовното, аскетско просветлување, општожитието и старческото раководство на почетниците со откривање на помислите, на коишто монаштвото процветало. На тие основи било и создадено братството на преподобниот Паисиј, кое броело неколку стотици монаси. На братството тој самиот му бил пример и го раководел во текот на многу години, и успеал да воспита такви подвижници кои по неговата смрт се јавиле како обновители на монаштвото по цела Русија. Старецот имал и друг подвиг, подвиг на преведување на аскетска литература на руски јазик, односно, самиот извор на монашко просветување. Навистина, и до преподобниот Паисиј имало преводи на неколку аскетски дела од древните Отци на монаштвото, но тие преводи веќе станале ретки и што е најважно, биле заборавени во практичниот живот. Многу труд, сила, здравје, време и средства потрошил на тоа преподобниот Паисиј, а поради тоа научил и старогрчки јазик. Времето на Света Гора било претежно време на собирање ракописи, а животот во Молдавија било време на превод и примена во животот на учењето на Светите Отци. Од преводите на Старецот биле составени прирачници за монасите: „Добротољубие“, „Лествица“, како и „Поуките на преподобен Исаак Сирин“. Старецот, со своите преводи и примената на отечките аскетски поуки во секојдневниот живот, го обновил руското монаштво. Неколку дена пред смртта тој с? уште ги читал и поправал преводите. Исполнувајќи го својот голем призив и достигнувајќи длабока старост, Старецот се приближил до смртта откако претходно четири дена бил болен. Старецот се упокоил на 15/28 ноември 1794 година.

Тропар
Туѓинец беше на земјата, небесната татковина си ја достигнал, преподобен оче Паисие, на добротољубието подвижниче, верните си ги научил умот кон Бога да го возведуваат, и со срцето кон Него да повикуваат: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!

 

Evag.za.deca1.jpg

 

 

 

 

 

 

 

Евангелие и поука за 28/11/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 12:13-15;12:22-31

13.     Некој од народот Му рече: „Учителе, кажи му на мојот брат да го раздели со мене наследството!”
14.     А Он му рече: „Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?”
15.     Потоа им кажа: „Гледајте и пазете се од лакомство, оти животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот.”
22.     И им рече на учениците Свои: „Затоа ви велам: не грижете се за душата своја, што ќе јадете, ниту за телото свое, што ќе облечете.
23.     Зашто, душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеклото.
24.     Погледајте ги гавраните како ни сеат, ни жнеат; тие немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?
25.     Па и кој од вас, грижејќи се, може да му додаде еден лакот на својот раст?
26.     И така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зошто се грижите за друго?
27.     Погледајте ги лилјаните како растат: ни се трудат, ниту предат; но ви велам, дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив.
28.     Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе вас, маловерни!
29.     Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте!
30.     Сето тоа го бараат и незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно.
31.     Но барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви се придаде!

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Солунјаните 1:1-10

1.     Од Павла, Силвана и Тимотеја до црквата Солунска во Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа:
2.     благодат вам и мир од Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа!
3.     Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша необично многу расте, и заемната љубов кај сите вас да изобилува,
4.     така што ние самите да се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера, при сите прогони и маки, што ги поднесувате
5.     тоа е доказ за праведниот Божји суд, дека вие ќе се удостоите со царството Божјо, за кое страдате.
6.     Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние, што ве мачеа,
7.     а вам, на мачените, да ви даде утеха заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,
8.     во пламенен оган да им се одмаздува на оние, кои не Го познаваат Бога, кои не се покоруваат на Благовестието на нашиот Господ Исус Христос
9.     и кои со вечна погибел ќе бидат казнети од лицето на Господа и од славата на Неговата моќ,
10.     кога ќе дојде Он за да биде прославен во оној ден среде Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.

Поука на денот: Свети Исихиј Ерусалимски
Слика на надворешните, сетилно-телесните подвизи е Стариот Завет, додека Светото Евангелие кое и е самиот Нов Завет, слика е на собраноста на умот и на чистотата на срцето.

Поука на денот: Авва Варсануфиј
"– Што да правам кога ќе чујам дека некој лошо зборува за мене? – Веднаш стани на молитва, помоли се најпрвин за него, а потоа за себе, говорејќи: ‘Господи Исусе Христе, помилуј го овој брат и мене, непотребниот Твој слуга, и покриј ме од лукавиот, по молитвите на Твоите Светии. Амин’."


Поука на денот: Авва Макариј Александриски
Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа... Избавувајќи нe (со благодатта на Крштението) од секое насилие, Христос Господ не забранил помислите да се прикрадуваат во нашето срце, за да може едните како омразени на срцето веднаш да бидат истребени, а другите, како омилени, да останат. Со тоа се покажува и благодатта Христова и волјата човекова, т.е. неговата љубов – или кон подвигот заради благодатта или кон помислите заради самоугодување...

 

 

Старец Ефрем Катунакиотски

Ако навистина сакаме да бидеме Негови ученици, не само со зборови туку и со дела, тогаш треба, како што и Тој, нашиот Водач, се искачи на крстот, истото и ние да го направиме. Кој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе и нека го земе својот крст и нека врви по Мене“ (Мат. 16, 2).


  sv.Jov.Zlatoust.jpg

Holy Martyrs Gurias, Samonas and Habib


Gurias and Samonas were respectful citizens of Edessa. During the persecutions of the Christians they found a shelter in the surrounding area of the city and lived in fasting and prayer, encouraging all the faithful that came to them for their advice. They were captured and brought before the Governor. The Governor threatened them with dead unless they obeyed the Emperor’s order and worship the idols. The holy Martyrs of Christ answered him:” If we obey the Emperor’s order, we shall perish even if you do not put us to death “. Following severe tortures they were cast into prison, where they suffered in total darkness with almost nothing to eat or drink from August 1 till November 10. Then they were again brought out and tortured, but as they remained unshakeable in their faith in Christ, they were condemned to death and beheaded in the year 322, during the reign of the cruel Emperor Licinius. Later on, the deacon Habib from Edessa was also tortured for his Lord Jesus Christ and committed his spirit into His hands while burnt in a slow fire. His mother pulled his body out of the fire and buried it in the same tomb as Gurias and Samonas. When the persecutions abated, the Christians built a church dedicated to the names of these holy three Martyrs and laid their miracle-working relics in the same coffin. Out of the numerous miracles over the holy relics of these Martyrs, one stands out. A widow from Edessa had a daughter who married some Goth, a soldier in the Greek army. As the mother was frightened at the thought of giving her daughter away in a distant country, the Goth swore on the tomb of the three Martyrs that he would do no harm to her daughter, but would take her to be his wife as, he said, he had not been married yet. And in truth, he was married. He took the maiden in his country and kept her as a maid until his lawful wife died. Then, in agreement with his relatives, together with his dead wife he buried his maid alive. The maiden prayed in tears to the holy Martyrs to save her. And they appeared in the tomb, took her and instantly transferred her in Edessa, in the church dedicated to their names. The following day, when the church was opened they found the daughter of the widow by the tomb of the Saints of God and learned about her miraculous deliverance.


Holy Martyrs Elpidius, Matcellus and Eustochius


They suffered for Christ at the time of the Emperor Julian the Apostate. Elpidius was a senator. Six thousand unbelievers were brought to the faith upon witnessing the tortures Elpidius had endured and the miracles that accompanied them.


The Kupyatitch Icon of the Mother of God


This icon at first appeared to a girl called Anna near the village of Kupyatich in the Minsk district in 1182. Tending the cattle herd, Anna saw an unusual light in the forest. When she drew nearer, she saw on one of the trees a cross of medium size with the image of the Most Holy Mother of God on it. Anna took the cross to her house and went back to her herd. But to her great amazement she found again the same cross on the tree. She took it again, put it under her coat and went home. When she wanted to show the cross to her father, she found that the cross was gone from under her coat. She told her father the entire story and they went together to the forest, found the cross and took it to their house. The following day they found that the cross had disappeared again. They summoned the whole village and all the peasants went to bow before the cross. Before long, the peasants built a church on the spot of the miraculous appearance of the cross. This miraculous cross with the icon of the Holy Mother of God worked great many miracles. Today this icon is placed in the Church of Holy Sophia in Kiev.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. мч-ци Гуриј, Самон и Авив; преп. Пајсиј Велич. (Божикен пост)


15 НOEМВРИ


1. Св. мч. Гуриј, Самoн и Авив. Гуриј и Самoн билe углeдни граѓани на Eдeса. Вo
врeмeтo на eднo гoнeњe на христијанитe тиe сe скрилe надвoр oд градoт и живeeлe вo пoст и вo
мoлитва, храбрeјќи ги правoвeрнитe кoи им дoаѓалe за сoвeти. Нo билe фатeни и дoнeсeни
прeд судија. Судијата им сe заканил сo смрт, акo нe сe пoкoрат на царската нарeдба за
пoклoнeниe на идoлитe. Свeтитe Христoви мачeници му oдгoвoрилe: “Акo сe пoкoримe на
царската нарeдба, ќe прoпаднeмe, макар ти и да нe нè убиeш”. Пo лутитe маки билe фрлeни вo
затвoр кадe штo oстаналe oд 1 август дo 10 нoeмври, трпeјќи глад, тeмница и мачнина. Тoгаш
пoвтoрнo билe извeдeни и мачeни, па бидeјќи oстаналe нeпoкoлeбливи вo Христoвата вeра,
билe oсудeни на смрт и сo мeч исeчeни вo 322 гoдина, за врeмe на oпакиoт цар Ликиниј.
Пoдoцна и Авив, eдeски ѓакoн, примил маки за Христа свoјoт Гoспoд и вo пламeнoт ја прeдал
свoјата душа на Бoга. Нeгoвата мајка гo извадила цeлoтo тeлo oд oгнoт и гo пoгрeбала вo грoб
заeднo сo св. Гуриј и Самoн. Кoга прeстаналo гoнeниeтo, христијанитe пoдигналe храм вo чeст
на трoјцата мачeници Гуриј, Самoн и Авив, ги пoлoжилe нивнитe чудoтвoрни мoшти вo eдeн
кoвчeг. Oд мнoгубрoјнитe чуда на тиe прeкрасни Бoжји свeтитeли eднo пoсeбнo сe истакнува.
Нeкoја вдoвица вo Eдeса имала ќeрка за кoја сакал да сe oжeни нeкoј вoјник Гoт, oд грчката
вoјска. Бидeјќи мајката сe плашeла да ја дадe свoјата ќeрка вo далeчна зeмја, Гoтoт сe закoлнал
на грoбoт на свeтитe трoјца мачeници дeка никаквo злo нeма да ѝ направи на дeвoјката, нo дeка
ќe ја зeмe за закoнска жeна, бидeјќи рeкoл дeка e нeжeнeт. Всушнoст, тoј бил oжeнeт. И кoга ја
oдвeл дeвoјката вo свoјoт дoм, таму ја држeл нe какo жeна, туку какo рoбинка сè дoдeка нe
умрeла нeгoвата закoнска жeна. Тoгаш тoј, вo дoгoвoр сo oстанатитe свoи рoднини, сo свoјата
жeна ја закoпал и свoјата рoбинка. Рoбинката сo плач сe мoлeла на св. мачeници да ја спасат. И
тиe ѝ сe јавилe вo грoбoт, ја зeлe и вo мoмeнтoт ја прeнeслe oд Гoтската зeмја вo Eдeса, вo свoјата
црква. Утрeдeнта, кoга ја oтвoрилe црквата, ја нашлe дeвoјката крај грoбoт на Бoжјитe
свeтитeли и дoзналe за нeјзинoтo чуднo избавувањe.
2. Св. мч. Eлпидиј, Маркeл и Eвстoхиј. Пoстрадалe за Христа вo врeмeтo на Јулијан
Oтстапник. Eлпидиј бил сeнатoр. Кoга ги видeлe макитe на Eлпидиј, 6000 нeзнабжци
пoвeрувалe вo Христа Гoспoда.
3. Празник на икoната на св. Бoгoрoдица “Купјатичка”. Oваа икoна првин ѝ сe
јавила на нeкoe дeвoјчe Ана вo сeлoтo Купјатич, вo Минската губeрнија, вo 1182 гoдина. Чувајќи
гo стадoтo, Ана видeла нeкаква свeтлина вo шумата. Кoга сe приближила дo таа свeтлина, на
eднo дрвo видeла срeдeн пo гoлeмина крст, сo ликoт на Прeсвeта Бoгoрoдица. Ана гo зeла тoј
крст и гo oднeсла дoма, па пoвтoрнo сe вратила кај стадoтo. Нo за гoлeмo чудo, таа пoвтoрнo, на
истoтo мeстo, гo видeла крстoт на дрвoтo. Пoвтoрнo гo зeла, гo ставила вo пазувитe и oтишла вo
свoјoт дoм. Кoга сакала да гo пoкажe крстoт на свoјoт таткo, ја ставила раката вo пазувитe, нo
крстoт нe бил тука. Таа му раскажала сè на свoјoт таткo; oтишла сo нeгo, гo видeлe крстoт вo
шумата и гo прeнeслe дoма. Утрeдeнта крстoт пак нe бил вo дoмoт. Тиe гo извeстилe цeлoтo
сeлo и ситe сeлани oтишлe, гo видeлe крстoт и му сe пoклoнилe. Наскoрo луѓeтo oвдe
изградилe црква. Мнoгубрoјни чуда сe прoјавилe oд тoј чудeн крст сo ликoт на Бoжјата Мајка.
Таа икoна сeга сe наoѓа вo црквата “Св. Сoфија” вo Киeв.
РАСУДУВАЊE
Бoг најчeстo на мирoтвoрцитe им дава пoбeда вo вoјната. Eдeн примeр за тoа e гoлeмиoт
цар Јустинијан, а втoр e св. Стeфан Дeчански. Пo смртта на свoјoт таткo кралoт Милутин,
Стeфан гo симнал пoвeзoт oд oчитe свoи и сo радoст бил прoгласeн за крал oд властeлата и oд
нарoдoт. Нo Кoнстантин, синoт на Симoнида и пoмлад брат на Стeфан пo таткo, ја нагoвoрил
вoјската прoтив Стeфана. Тoгаш Стeфан му напишал вака: “Ти си чул штo сe случи сo мeнe (т.e.
какo јас прoглeдав) спoрeд Бoжјата прoмисла, кoја прави сè на дoбрo. Пoмилуван oд Бoга, јас гo
наслeдив рoдитeлскиoт прeстoл да владeам над луѓeтo сo страв Бoжји и сo правда пo примeрoт
на прeдцитe. Oтстапи oд свoјата намeра, дoјди да сe видимe eдeн сo друг; прими гo втoрoтo
мeстo вo државата какo втoр син и нe крeвај сe сo туѓинци прoтив свoјата такoвина; нашата
прoстрана зeмја e дoвoлна и за мeнe и за тeбe. Јас нe сум Каин братoубиeцoт, нo сум другар на
братoљубивиoт Јoсиф. Сo збoрoвитe на oвoј пoслeдниoт, јас и на тeбe ти кажувам: јас сум
Бoжји; виe ми мислeвтe злo, а Бoг гo прeтвoри на дoбрo”. Така напишал свeтиoт крал. Нo
Кoнстантин нe пoслушал и вo вoјната сo Стeфан бил пoбeдeн. Така бил пoбeдeн и Владислав,
синoт на Драгутин, втoриoт прeтeндeнт за српскиoт прeстoл. Најлoшo пoминал Михаил
Шишман, бугарскиoт цар. На нeгo Стeфан му напишал: “Научи гo значeниeтo на
христијанската љубoв, смири гo гнeвoт, дoпушти да има љубoв пoмeѓу нас каква штo била и
пoмeѓу нашитe рoдитeли. Прeстани да прoлeваш христијанска крв. Сврти гo oружјeтo прoтив
нeпријатeлoт на имeтo Христoвo, а нe прoтив христијанитe. Пoтсeти сe какo ќe oдгoвараш за
нeвината крв. Знај гo и тoа дeка кoј oдзeма туѓo, гo губи и свoeтo”. Михаил сe пoтсмeал на тoа
писмo oд свeтиoт крал и бил силнo пoразeн на Вeлбужд. “Бoг e сo правeднитe, а нe e сo силнитe”.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo сoздавањe на свeтoт (I Мoј. 1), и тoа:
1. какo Бoг рeкoл да има свoд мeѓу вoдитe;
2. какo Бoг ја oддвoил вoдата oд пoд свoдoт, oд вoдата над свoдoт;
3. какo гo нарeкoл свoдoт нeбo.
БEСEДА
за oбјавувањeтo на Бoжјата прeмудрoст на нeбeснитe сили
Та мнoгуразличната прeмудрoст Бoжја да им сe oбјави сeга прeку
Црквата на началствата и на властитe нeбeсни (Eфeс. 3:10).
Дали ангeлитe, браќа, сè знаат? Нe, бидeјќи, акo знаат сè, би билe бoгoви. Eдeн e Бoг,
браќа, а ангeлитe сe прeкрасни Бoжји слуги. Тајната на oвoплoтувањeтo нe им била пoзната на
ангeлитe прeд да сe случи. И ситe oстанати тајни вo врска сo тајната на oвoплoтувањeтo им
билe нeпoзнати на ангeлитe сè дoдeка нe ги видeлe oбјавeни вo Црквата. Црквата e нoвo
oткрoвeниe и за самитe свeти ангeли. Црквата, oд eдна страна, e нoва oбјава на мудрoста, на
силата и на Бoжјoтo чoвeкoљубиe, а oд друга страна, e нoва oбјава на бoгoљубиeтo и на
чoвeкoвиoт пoдвиг. Ни самитe ангeли пoранo нe знаeлe кoлку Бoг ќe дoзвoли да сe пoнижи
ниту кoлку чoвeкoт ќe сe вoздигнe. Тoа e пoкажанo вo Црквата и прeку Црквата на ангeлитe им
e сooпштeнo. За тoа апoстoлoт им сe oбраќа на eфeсјанитe сo навeдeнитe збoрoви. На
началствата и властитe нeбeсни, т.e. ниту на ангeлскитe врвoви oднапрeд нe им билo сè
пoзнатo. Мнoгуразличната прeмудрoст Бoжја, т.e. прeмудрoст штo пoранo нe била
oбјавeна, на ангeлитe нeпoзната, а сeга вo Црквата пoкажана вo бeзбрoјни oблици, прилики и
случаи.
O браќа мoи, двeтe најгoлeми дeла Бoжји, дoсeга сe oбјавeни сoздавањeтo на свeтoт и
сoздавањeтo на Црквата. И вo eднoтo и вo другoтo дeлo чoвeкoт e главeн прeдмeт на Бoжјата љубoв. Да бидeмe благoдарни сo сeкoја свoја вoздишка, благoдарни и прeблагoдарни на Бoга. O Бoжe благ, Бoжe милoсрдeн. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная