логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  vozdvizenie.jpg

Светиот маченик Бонифациј

Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на Свети Бонифатиј. Тој најпрво ѝ беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабожци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги чува како амајлија што штити од зло. Затоа го прати својот слуга во Азија, за да најде и да ѝ купи мошти. Бонифатиј зеде со себе неколкумина робови и доста богатство, а при разделбата ѝ рече на својата господарка: „А ако не можам да најдам никаков маченик и ако ти го донесат моето тело, госпоѓо, пострадано за Христа, ќе го примиш ли со чест?“ Аглаида се насмеа и го нарече пијаница и грешник. Така се разделија.

 vozdvizenie.jpg

Кога дојде во градот Тарс Бонифатиј виде мнозина христијани на маки: едни со отсечени нозе, други без раце, трети избодени, четврти на бесилки итн. Нему му се измени срцето, се покаја за својот грешен живот и заплака. И сред христијанските маченици возвикна: „И јас сум христијанин!“ Судијата го подложи на маки, нареди и грозно го биеја, потоа му истурија врело олово во устата и бидејќи тоа не го повреди - му ја отсекоа главата со меч. Робовите го зедоа неговото тело и го однесоа во Рим. Ангел Божји ѝ се јави на Аглаида и ѝ рече: „Прими го оној што некогаш ти беше слуга, а сега ни е брат и сослужител; тој ти е чувар на душата и заштитник на животот“. Ужасната, Аглаида излезе во пресрет, го прими телото на Бонифатиј, му изгради црква и во неа ги положи моштите на маченикот. Таа потоа се покаја, им го раздаде сиот свој имот на бедните, а самата се повлече од светот и поживеа уште петнаесет години во горко покајание. Свети Бонифатиј пострада во 290 година.

Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски

Најпрво беше ѓакон на медиоланската Црква и имаше многубројни виденија. По Божја Промисла беше одведен во Александрија, каде што патријархот Протериј според едно небесно откровение го ракоположи за епископ на Омиритската земја, во јужна Арабија, којашто Св. Елезвој (под 24 октомври) штотуку ја беше ослободил од тиранинот Дунаан Евреинот. Свети Григориј се памти како добар пастир и голем чудотворец. Со помош на христољубивиот цар Аврамиј ја уреди омиритската Црква, подигна многу храмови и крсти голем број Евреи. Вршеше големи и страшни чуда со молитва; на неговата молитва пред неверните Евреи се јави и Самиот Господ Христос, а тоа беше пресудно за да се крстат. Управуваше со Црквата триесет години. Се упокои мирно во 552 година.

Свети Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски

Уште од детството беше необично милостив, а мајка му обично го прекоруваше за тоа. Од Господ преку молитвата за ова добиваше стократно. Се упокои мирно во 6 век во Италија.

Преподобен Илија Муромец

Монах киевопечерски. Се упокои во 1188 година. Неговите нетлени мошти се чудотворни. На десната рака досега му стојат трите прсти составени за молитва. Од ова се гледа дека умрел на молитва.

 

 Евангелие и поука за 01/01/2023
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 17:12-19

12.     И кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку,
13.     па со силен глас повикаа: „Исусе Наставниче, смилуј се!”
14.     Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!” И тие, одејќи, се очистија.
15.     А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се поврати и Го прослави Бога гласно;
16.     и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин.
17.     Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината?
18.     Како не се најдоа да се вратат и другите и да Му заблагодарат на Бога, туку само овој туѓинец?”
19.     И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните 3:12-16

12.     И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост;
13.     трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете!
14.     А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството,
15.     и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!
16.     Словото Христово изобилно нека се всели во нас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодарност во срцата ваши!

Поука на денот: Старечник
Говореа како авва Јован Колов кога се упатил еднаш кај некој од тивејските Старци во Скитот, останал во пустината. А Аввата, кога го зел неговиот сув стап, го засадил и му рекол: „Полевај го секој ден дури не донесе плод.“ А водата била толку далеку од нив што одел навечер а се враќал наутро. И така, после три години, оживеал стапот и донел плод. А Старецот, кога го зел неговиот плод, го однел в црква, и им рекол на браќата: „Земете, јадете од плодот на послушанието“.

Поука на денот: Старечник
"Говореше авва Мојсеј дека човекот е должен да умре во однос на својот собрат, за да не го осудува за ништо. Уште говореше:„Ако човекот го нема во своето срце чувството дека е грешен, Бог нема да го услиши.А некој од браќата го праша:„Што значи тоа да го има во своето срце чувството дека е грешен?“Старецот рече:„Оној што ги носи своите гревови не ги гледа гревовите на ближниот.“"

 

Поука на денот: Свети Григориј Палама
Кога секоја во душата вселена страст ќе се отстрани од неа, а умот ќе се врати самиот на себеси, собирајќи ги целосно и сите други душевни сили, тогаш тој исполнувајќи ги добродетелите ја одобродетелува и душата, напредувајќи кон се поголемо совршенство, склон кон натамошно искачување (сп. Пс. 84, 5). Уште повеќе, очистувајќи се и миејќи се со Божја помош, умот не само што се чисти од демонските наноси туку отстранува од себе и се друго, дури и она што се чини вредносно и разумно. А штом ќе се издигне над се духовно (интелигибилно) и над поимите на фантазијата за него, и богољубиво и побожно ќе се одрече од се, тогаш, според кажаното, застанува „глув и безгласен“ пред Бога. Во таков миг го совладува законот на материјата и непречено се обликува во својот највозвишен облик, слободен од се надворешно. Ова му го овозможува однатре благодатта, која преобразува на подобро, и што е уште почудесно, со неискажлива светлина ја просветлува внатрешноста на душата и го восовршува внатрешниот човек.

 


Holy Martyr Boniface

Martyrdom for Christ turns the sinner into Saint. Confirmation of this is the example of Saint Boniface. He was the servant of a rich and immoral woman in Rome, Aglais, with whom he was in illegitimate and sinful relationship. They were both pagans. One day, Aglais expressed her desire to have martyr’s relics in her house to protect her from evil. Therefore, she sent her servant to Asia in order to find and purchase holy relics. Boniface took a numerous escort and much gold and riches, and before leaving said to his mistress: “And will you honour me as a saint if I bring back my own body to you as a relic?“ Aglais laughed, calling him a sinner and drunkard. Thus they parted. Upon arriving at the city of Tarsus, Boniface saw many Christians that had been put to the torture: some with their legs cut off, others having lost their arms, third lacerated or stubbed, fourth hanged etc. His heart changed, he repented for his sinful life and tears run down his face. Among the Christian martyrs he cried out: “I am a Christian, too!“ The tribunal put him to tortures: at his command they beat him severely and then they poured molten lead into his mouth, but as this did not harm him – he was beheaded. His escort took his body to Rome. An Angel of the Lord appeared to Aglais and said:” Meet him who was once your servant, but has now become our brother and companion in ministry to God; he is the guardian of your soul and protector of your life “. Overwhelmed, Aglais set out to receive the holy relics of Boniface, built a church in his honour and laid his relics there. Then she renounced the world, distributed her fortune to the poor, and lived for fifteen years in prayer and deep repentance. Saint Boniface suffered martyr’s death in the year 290.

Saint Gregentius, Bishop of Himyar

He was a deacon at the church in Milan and had a numerous visions. By Divine Providence he was taken to Alexandria, where the Patriarch Proterus, according to a heavenly vision of his, consecrated him Bishop of Himyar (the land of Homerites), in Arabia Felix, which Saint Elesbaan (24 October) had just liberated from the tyrant ruler Dhu-Nowas, a convert to Judaism. Saint Gregory is remembered as a good shepherd and a great wonderworker. With the help of the pious king Abraha, he organized the Church of the Himyarites, built many temples and converted numerous Jews to Christianity. He wrought great and terrifying miracles by the power of his prayer; by his prayer before the impious Jews appeared the Lord Jesus Christ Himself, which led them to repent and receive Baptism. Saint Gregory governed the Church for thirty years. He fell asleep in the Lord in the year 552.

Saint Boniface, the Merciful, Bishop of Florence

Ever since his childhood he was exceptionally merciful, and his mother often reproached him for this. But the Lord gave him a hundred times more through prayer. He fell asleep in the Lord in the VI century in Italy.

Saint Elias of Murom

He was a monk at the Lavra of the Kiev Caves. He fell asleep in the Lord in the year 1188. His incorrupt relics have worked many miracles. The three fingers of his right hand have been in praying position till this day and reveal that he had died while at prayer.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. мч. Бoнифациј,Св. Григoриј (Григeнтиј) eп. Oмиритски, Прeп. Илија Мурoмeц


20 ДEКEМВРИ

 1. Свeшт. мч. Игнатиј Бoгoнoсeц. Oвoј свeт чoвeк e нарeчeн Бoгoнoсeц затoа штo
пoстoјанo вo свoeтo срцe и на јазикoт гo нoсeл имeтo на живиoт Бoг. А уштe, спoрeд
прeданиeтo, тoј e нарeчeн Бoгoнoсeц и затoа штo бил зeмeн вo рацeтe oд Бoга oвoплoтeниoт
Исус Христoс. Вo oниe дeнoви кoга Гoспoд ги пoучувал Свoитe учeници на смирeниe зeл eднo
дeтe и ставајќи гo пoмeѓу нив, им рeкoл: Кoј, пак, ќe сe смири какo oва дeтe, тoј e пoгoлeм вo
царствoтo нeбeснo (Мт. 18:4). Тoа дeтe бил Игнатиј. Пoдoцна Игнатиј бил учeник кај св. Јoван
Бoгoслoв заeднo сo Пoликарп, eпискoпoт Смирнски. Какo eпискoп вo Антиoхија, тoј управувал
сo Бoжјата црква какo дoбар пастир и прв гo вoвeл антифoнскиoт начин на пeeњe вo црквата,
т.e. пeeњe на двe пeвници, така штo кoга пeeњeтo на eдната страна ќe прeстанeлo, на дургата
запoчнувалo. Такoв начин на пeeњe му сe oткрил на св. Игнатиј пoмeѓу ангeлитe на нeбeсата.
Кoга царoт Трајан пoминувал низ Антиoхија, oдeјќи вo вoјна прoтив Пeрсијанцитe, дoзнал за
Игнатиј, гo пoвикал кај сeбe и пoчнал да гo сoвeтува да принeсe жртва на идoлитe, па пoтoа ќe
му дадeл чин сeнатoр. Oткакo билe залудни и сoвeтитe и заплашувањата на царoт, св. Игнатиј
бил oкoван вo жeлeзo и вo придружба на дeсeт нeмилoсрдни вoјници бил испратeн вo Рим за
да бидe фрлeн прeд ѕвeрoвитe. Игнатиј сe радувал на страдањeтo за свoјoт Гoспoд и самo сe
мoлeл на Бoга ѕвeрoвитe да бидат грoб за нeгoвoтo тeлo и никoј да нe гo пoпрeчи вo таа смрт.
Пo дoлгo и тeшкo патувањe oд Азија прeку Тракија, Макeдoнија и Eпир, Игнатиј пристигнал вo
Рим кадe штo бил фрлeн прeд лавoвитe вo циркусoт. Лавoвитe гo растргналe и гo изeлe, а
oставилe самo нeкoлку пoгoлeми кoски и срцeтo. Oвoј славeн љубитeл на Гoспoда Христа
пoстрадал вo 106 гoдина вo Рим за врeмe на христoбoрниoт цар Трајан. Сe јавувал пoвeќe пати
oд oнoј свeт и правeл чуда, пoмагајќи му на сeкoгo сè дo дeнeс, на сeкoгo кoј гo пoвикува на
пoмoш.
 

2. Св. Данилo архиeп. Српски. Син на бoгати и бoгoљубиви рoдитeли. Вo младoста
бил дoбрo вoспитан. Кралoт Милутин гo зeл вo свoјoт двoрeц, нo тoј, oд гoлeма љубoв кoн Бoга,
пoбeгнал и сe замoнашил вo Кoнчулскиoт манастир, крај Ибар. Пoдoцна бил игумeн на
“Хилeндар” и прeтрпeл мнoгу oд бандитe на латинскитe крстoнoсци. Бил eпискoп Бањски,
пoтoа Хумски и најпoслe архиeпискoп Српски. Oд пoчeтoкoт, па дo крајoт бил стрoг
пoдвижник. Имал пoсeбeн дар на сoлзи. Ги пoмирил кралoт Милутин сo Стeван Дeчански. Сe
бoрeл храбрo прoтив латинитe какo и прoтив бoгoмилитe. Пoд нeгoв надзoр сe ѕидани
манастиритe “Бања” и “Дeчани”. Oбнoвил и сoѕидал мнoгу цркви. Гo напишал Рoдoслoвoт на
српскитe кралeви и свeтитeли. Нeумoрeн вo службата на Бoга дo крајoт на живoтoт, тoј мирнo
сe упoкoил вo врeмeтo на царoт Душан, вo нoќта пoмeѓу 19 и 20 дeкeмври, вo 1338 гoдина.
Гoлeм јeрарх, гoлeм пoдвижник, гoлeм трудoљубeц и гoлeм патриoт.
 

РАСУДУВАЊE

Свeтитe мачeници билe какo сo нeзгаслив пламeн oбзeмeни сo љубoвта Христoва. Таа
љубoв им ги oлeснувала страдањата и смртта им ја правeла слатка. За св. Игнатиј св. Јoван
Златoуст вeли: Тoј сo таква лeснoтија гo симна oд сeбe тeлoтo какo нeкoј штo ја симнува
свoјата oблeка. Патувајќи за Рим на срмт, Игнатиј самo oд eднo сe плашeл, имeнo, нeкакo
христијанитe да нe гo задржат oд мачeништвoтo за Христа, дали сo мoлитвитe кoн Бoга или
пак на нeкoј надвoрeшeн начин. Затoа нeпрeстајнo ги мoлeл и писмeнo и усмeнo тoа да нe гo
прават. Oпрoстeтe ми, вeлeл тoј, јас знам штo ми e кoриснo. Дури сeга пoчнувам да бидам учeник
Христoв кoга нe сакам ништo oд видливoтo или oд нeвидливoтo, eдинствeнo Христа да гo
дoстигнам. Нeка дoјдат врз мeнe ситe ѓавoлски мачeња: oган, крст, ѕвeрoви, сeчeњe, гибањe, кршeњe
на кoскитe, раздрoбувањe на цeлoтo тeлo - самo да гo дoбијам Исуса Христа. Пoдoбрo ми e да
умрам за Христа oткoлку да царувам дo краиштата на зeмјата... Мoјата љубoв e прикoвана за
крстoт и вo мeнe нeма oган на љубoвта ни кoн билo кoја свeтска рабoта. Кoга бил вoвeдeн вo
циркусoт, тoј му сe oбратил на нарoдoт сoзбoрoвитe: Граѓани римски, знајтe дeка јас нe сум
казнeт заради нeкoј злoстoр, ниту сум oсудeн на смрт заради нeкoe бeззакoниe, туку заради мoјoт
Бoг, сo чија љубoв сум oбзeмeн и кoгo нeнаситнo гo сакам: јас сум Нeгoва пчeница и забитe на
ѕвeрoвитe ќe мe сoмeлат за да бидам Нeгoв чист лeб. Кoга бил изeдeн oд ѕвeрoвитe, срцeтo му
oстаналo пoмeѓу кoскитe, пo Бoжјата прoмисла, и кoга нeвeрницитe гo расeклe срцeтo на
свeтитeлoт, внатрe вo срцeтo гo видeлe напишанo сo златни букви имeтo: Исус Христoс.
 

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за храбрoста на Исус Навин, и тoа:
1. какo Исус Навин ги вардeл нeoтстапнo ситe Гoспoдoви запoвeди;
2. какo сo вeра вo Бoжјата пoмoш храбрo oдeл вo ситe бoрби прoтив нeпријатeлoт на
свoјoт нарoд;
3. какo сeкадe пoбeдувал и ситe пoбeди на Бoга му ги припишувал.
 

БEСEДА

за Самоил


    За ова дете се молев, и Господ ја исполни молбата моја, за која Му се молев и јас го предавам сега на Господа за сите денови на животот негов (II Цар. 1:27:28).

Од Бога испросен и на Бога посветен бил Самоил пророкот и водачот на израилскиот народ. Блажена Ана, неговата бездетна мајка, со солзи и со жртви го испросила од Бога. И него, единецот, најголемото свое богатство, го предала од самото детство на служење на Господа. Мудрата мајка своите деца не ги смета за свои туку за Божји. Божји се и кога Бог ги дава, Божји се и кога Бог ги зема, но најмногу се Божји кога самата мајка ги посветува на Бога.

Божјиот дар Му се враќа на Бога како подарок. Зашто ние ништо немаме свое за да му дадеме на Бога, туку она што од Него го добиваме. И живеел малиот Самоил при храмот, помеѓу расипаните синови на архијерејот Илија и не се расипал. И Господ не сакал да им се јави на грешните старци, туку му се јавувал на ова чисто дете… Зашто Самоил ја исполнувал волјата Божја и не остана ни еден Негов збор неисполнет (3:19).

И Самоил бил судија на израилскиот народ од младоста до староста и ништо не направил лошо, ниту на Бога, ниту на луѓето. Бог му дал моќ, та пророкувал и правел чуда; сите Божји и народни непријатели ги победил; двајца цареви помажал: Саул и Давид. А кога остарел, го повикал народот и го прашал дали некогаш на некого му извршил насилство или од некого зел мито? А народот едногласно одговорил: Ти не си нѐ навредувал, ниту си нѐ измачувал и од никого ништо не си зел (12:4). Ете, таков човек бил оној кој од Бога бил подарен и на Бога како подарок е возвратен, и кој растел со благослов Божји и благослов мајчински. Нека мајките се користат со примерот на блажена Ана; судиите и водачите да се користат со примерот на праведниот Самоил.

О Господи свет и пресвет, благ и преблаг, отвори ја нашата душа за да ја видиме светоста и благоста Твоја, за да се покаеме за своите лошотии. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1903
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2414
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная