Околу Предлог-Законот за употреба на јазиците
Ценетата професорка мошне стручно и аргументирано го изложува проблемот со законот за јазиците, давајќи детален осврт кон историјата на неговата генеза, без притоа да имплицира нешто навредливо кон која-годе етничка заедница. Токму последново е особено значајно за нас, како монашка заедница што, во духот на евангелската љубов, непрестајно гради мостови на меѓусебно почитување и добри односи меѓу сите граѓани на Р. Македонија, без разлика на нивната национална, верска или политичка припадност.