Скопје, 11.02.2018 г.- храм на с. пророк Илија
На денот кога Светата Христова Црква молитвено го слави споменот на Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј , во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот протаереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Димко Симевски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијарта отецот произнесе празнична беседа.
Егоизмот во повеќето случаи ни ги прави најголемите духовни штети, бидејќи е најживото и најопакото дете на гордоста. Природно, ако не постоеше тоа “јас” и доколку луѓето би го употребувале само она “ти”, “тој”, “оној”, ќе постоеше смирение, љубов и благослов Божји во светот, така што луѓето ќе живееја рајски уште на земјата. Милостивиот Бог нека го даде овој благослов на своите созданија. Амин.- Старец Паисиј Светогорец
Преминпортал (к.т.)