На 8 февруари 2018 г. во просториите на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен оствари работна средба со директорот на Агенцијата г. Никола Шалваринов, во насока на продлабочување на досегашната соработка, и понатамошно заедничко делување на МПЦ-ОА и Агенцијата за иселеништво заради потребите на иселенците и верниот народ во дијаспората.
Скопје. 8- февруари 2018 лето Господово
Подготви: Г.С.