логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


    Времето посно светло да го почнеме и на духовни подвизи себе да се подложиме; душата да ја очистиме, телото да го очистиме; да постиме од секоја страст, онака како што од храна постиме и со добродетели духот да го насладуваме; со љубов во нив усовршувајќи се, да се удостоиме сите да го видиме сечесното страдање на Христа Бога и Светата Пасха, духовно радувајќи се.    

    (Стихира на Господи, повикав)

Дојдовме, најпосле, на прагот од Светиот Пост, во самото негово навечерие, кога Црквата упатува повик до секоја човечка душа да тргне по ова благословено четириесетдневно патување. Денес една тивка благодат засветли и ги допре сите срца, кои жедни за духовен подвиг, сега смирено стојат пред самите двери на ова благопријатно време. Оваа благословена вечер еден богокопнежлив глас повикува од сечија душа: „Господи предобар, од Тебе поради гревот се одвоивме; Ти знаеш дека ние, Твоите деца, исполнети со слабости ги ранивме нашите ближни, а со тоа и Тебе безброј рани Ти нанесовме. Но еве сега, лицата кон Тебе ни се свртени и очиве недостојно Те гледаат; срцата Ти упатуваат усрдни молитви, оти сме уверени во Твојата милост; знаеме дека си брз во простувањето, знаеме дека нема ништо поважно од тоа Ти да погледнеш на нас и светлината на Твоето лице да нѐ озари и да заблеска во нашите срца… Прими нѐ сега во Твоите татковски прегратки и прошка подај ни“.

Токму ваква беше атмосферата во бигорскиот храм, која како оној покајнички повик на Светиот Јован Крстител, низ умилителните стихири секоја благочестива душа ја повикуваше на покајание. А совршено надополнување на тоа целокупно настроение беше вдахновеното слово на возљубениот ни Старец, Архимандрит Партениј:



„Возљубени мои браќа, сестри и чеда,



Вечерва имаме голема причина да Му благодариме на сештедриот Бог, што, еве, повторно нѐ доведе до ова душеспасително и благопријатно време на Великата Четириесетница, кога Црквата Божја нѐ повикува да оставиме зад себе сѐ што е грешно и неподобно за еден Христијанин, за човек којшто копнее да се приближи и соедини со Бога. Нѐ повикува, значи, да го оставиме гревовното јас, но и да им простиме на сите луѓе за сѐ што погрешиле, бидејќи сите ние ја имаме истата природа.

Го слушнавме пред малку, во текот на оваа т.н. умилителна вечерна на простувањето прекрасниот прокимен, кој гласи: „Не одвраќај го лицето Твое од чедото Твое, бидејќи страдам, скоро услиши ме; чуј ја душата моја и избави ја“. Навистина чудесен стих – со толку малку зборови ја искажува сета внатрешна состојба на душата којашто се подготвува да го започне своето враќање при Бога. Остава особен впечаток во овој прокимен тоа дека ако Господ го одврати лицето Свое, човекот страда, се смутува, се чувствува збунет, изгубен, дезориентиран. Тој без Бога едноставно не знае ни што прави, ни каде оди, ниту за што живее; мракот ги владее неговите мисли, а делата на гревот духовно го парализираат. Оддалечувањата негови од Првопричинителот на нашето суштествување го оставаат бесцелен, пуст. Затоа Црквата сега нѐ повикува да се вратиме кон Бога, предлагајќи ни го посното време како средство за тоа.

Во една од умилителните стихири вечерва испеавме: „откако ќе ја препливаме големата морска шир на постот, да стигнеме и до тридневното Воскресение на Господа и Спасителот наш Исус Христос, Кој ги спасува душите наши“. Значи, светите отци ни го претставиле постот налик на едно големо море, како алегорија за нашите животни искушенија коишто постојано нѐ преплавуваат, нѐ плашат. Меѓутоа, би ве повикал да се потсетиме тука на онаа случка од Евангелието, кога Спасителот Христос им се приближил на учениците коишто биле во коработ, одејќи по Генисаретското море како по суво. Апостолот Петар, кој бил рибар и, се разбира, совршено знаел дека за човека е невозможно да оди по водата, гледајќи Го Христа, пројавил необична вера: Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата! (Матеј 14,28). Господ му дозволил и Петар, мимо природните законитости, почнал да оди по водата. Успевал во тоа сѐ додека не се посомневал, додека не поверувал на своите помисли дека е невозможно да се оди по водата. Подобно на него, и ние честопати помислуваме дека е невозможно да се победат многубројните телесни желби и страсти во нас, дека едноставно не можеме да се издигнеме и да чекориме над површината од секојдневната суета. И несомнено: доколку погледнеме добро во нас, ќе забележиме многу страсти и желанија нѐ преплавуваат. Просто ни се чини дека е неможно некогаш да се оттргнеме од нивните моќни влеченија. Впрочем, ако по човечки размислуваме, тоа и е невозможно. Колкумина сме чуле да се прашуваат како е можно човек да ја надвладее својата природа, на пример, блудната страст? Како е возможно некој да живее во манастир, да ги остави сите житејски страсти, да се надмине себеси? Оти, според законите на природата такво нешто не е остварливо. Исто како што и за апостолот Петар не било логично да оди по водата. Меѓутоа, сè е можно за оној што верува! – вели Христос (Марко 9,23). Сѐ додека апостолот Петар Го гледал и верувал во Христа Кој стоел на водата, и тој успевал да чекори над неа. Исто станува и со нас: доколку се наоружаме со верата во Него, ќе чекориме над сите искушенија и страсти, без разлика на сите законитости, бидејќи, како што пееме во една црковна песна, „каде што Бог сака, се победуваат природните закони“. Он е нашиот сигурен помошник. Кога Петар почнал да тоне во водата, Господ ја испружил кон него Својата Божествена рака и го издигнал над водата, спасувајќи го. Така, Бог постојано сите нас нѐ спасува. Потребно е само да имаме вера и копнеж.

Морам да ви признам дека вашата толку голема бројност вечерва особено ме радува, зашто, гледајќи ве толку желни за Господа, подготвени да ги приклоните своите колена пред Него за прошка, се исполнувам со надеж дека Он нема да нѐ остави. Оти колку повеќе луѓе има што се молат, коишто од длабочините на душата бараат да бидат чуени за да не останат оскрбени, збунети и дезориентирани, толку повеќе нашето општество ќе станува поблагопријатно за живеење. Всушност, ние уште овде на земјата ја живееме радоста на царството Божјо или, пак, адската несреќа. Самите си избираме дали ќе го градиме во себе пеколот или рајот. Постојаното општење, заедништвото со Бога го претставува рајот, а Божјото отсуство – пеколот.

Бог да ни дава сили овој пост да го поминеме богоугодно и богоустремено, како што, патем, треба да го минуваме целиот свој живот: во молитва, во правење добри дела, во љубов и добрина, за да можеме во полнота да се радуваме во заедницата со нашиот Бог и со сите наши ближни.

Ве молам да ми простите ако нешто несакајќи сум погрешил во беседата, бидејќи навистина сум многу изморен, но искрено сакав да ви кажам нешто од срце, особено тоа за великиот прокимен, кој, фала Му на Бога, секогаш ми побудува умиление. Солзите пред Бога се голем дар, за кој треба да бидеме многу благодарни. Зашто колку и да сме грешни, тие ја очистуваат нашата душа. Чувствувам како понекогаш моето срце станува скаменето, студено, но Му благодарам на Бога што, ете, има и мигови кога ме разбудува, ме оживува и стоплува. Секогаш да го бараме од Бога тоа – да ни дава солзи на покајание. Нека ни биде овој пост дејствително посветен на покајанието, да ни биде уште едно скалило во нашето духовно приближување до Господа. Ова не значи, секако, дека после постот треба да се вратиме на стариот, гревовен начин на живеење, туку постојно да се трудиме во доброто, така што сѐ повеќе и повеќе да се доближуваме до нашиот Спасител Господ Исус Христос.

Ви посакувам добар, свет и честит подвиг на воздржание и полна радост во Пасхата Христова! Да си се собереме повторно заедно на тој најубав ден и да го прославиме со духовно веселие Неговото сесветло и славно Воскресение, со кое ни подари спасение!

Простете ми за сите мои прегрешенија, волни и неволни, направени со збор, дело и помисла! Бог да ни прости на сите!“

 

 

 

Повеќе

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

26/01/2025 - недела

Св. маченици Ермил и Стратоник; Св. Јаков, епископ Нисибиски; Преп. Максим Капсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная