Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува
Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на мајка си Елисавета. Според евангелското известие, кога се сретнале двете најславни мајки, Пресветата Богородица и праведната Елисавета, младенецот Јован заиграл во утробата на својата мајка и Го проповедал Господа преку мајчината уста, која вдахновено извикала: Од каде на мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ? (Лука 1,43)