24 Јануари 2020 лето Господово
Во храмот света Троица, населба Црногорци – Охрид
И денес ликуваше родниот град на преподобниот Јоаникиј од Ракотинци.
Со Божественото величие на денешното ликување духовно се радуваа не само верници во свето Троицкиот храм во населба Црногорци- Охрид, ни Соборниот Храм во Скопје кој побожно ги чува моштите на преподобниот, ами и ангелите Божји, душите на светиите и праведниците, како и Светата Гора Атонска, Бугарската и Романската патријаршија, Грчката и Албанската архиепископија, кои имаат делче од чесните мошти на ово велико светило на православната Црква.
А на крај нашиот возљубен јереј Александар Димоски пред моштите, кој овој храм ги чува со стравопочит, прочита молитви за сите изморени и обременети, кој Бог ги успокојува.
Поука:
Сите ние – сме крст еден за друг. Треба да го понесеме ближниот и да се распнеме за него. „Носете ги немоќите еден на друг и така исполнете го законот Христов“. Да не биде меѓу нас она, за кое зборува преподобен Максим Исповедник: „многу пријатели во благопријатни денови; за време на искушенија, едвај и еден ќе најдеш“. Да го љубиш другиот – тоа е љубовта кон Христос.
Бог се јави!
Во светите на земјата и во избраните, во нив е сета моја радост!
Охрид, 24ти јануари 2019 лето Господово
За Преминпортал: Дејан Блажевски