логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Нашето секојдневие не ни пречи да Го почувствуваме Господа, треба само да имаме чиста и мирна совест, мир во срцето, да го имаме Христовиот благослов во тоа што го работиме. И ти, кој си чесен човек, чесна мајка, која работиш дома или во канцеларија, или каква и да било работа; ти, којашто цел ден готвиш, го чистиш подот, миеш, метеш – ти не си онеправдана од Бога. Ти не си создание на друг бог, Господ и тебе те создал со таа неверојатна и првенствена предопределба – да Го познаеш Христос, Кого Го сакале сите големи светци, да Го возљубиш. 

Старец Софрониј Сахаров

Господ, Кој минува низ затворени врати, нема никаква тешкотија да те најде таму каде што се наоѓаш – во кујната, во облеката што ја переш, плетеш, чистиш, пазариш, и таму се движи Христос, меѓу нас, во нашето секојдневие. Луѓето кои имаат деца, кои работат со чесност и искреност, очекуваат нешто подобро, а не знаат какво е тоа подобро, очекуваат да доживеат нешто убаво и потсвесно Го бараат Христос, Којшто ги исполнува сите благородни желби на чесниот човек. Овие луѓе, во даден момент исто така можат да Го почувствуваат Христос и тоа е нешто посебно, тоа го прави нашиот живот значаен. Овој живот има вредност кога ќе Го почувствуваме малку Христос и ќе Го познаеме. Архимандрит Софрониј Сахаров, ученикот на Свети Силуан Атонски, неговиот житиеписец, вели дека кога бил во рускиот манастир „Св. Пантелејмон“ на Света Гора, неговиот духовник му рекол да го научи грчкиот јазик за да одговара на кореспонденцијата од грчката влада, од други Грци, кои пишувале до Манастирот, зашто таму сите зборувале на руски јазик. Отец Софрониј ја сакал многу молитвата, Го чувствувал Господа и му рекол на својот духовник:

– Отче, ако треба да учам грчки јазик, ќе треба да употребувам реченици, да читам, да учам граматика, но тоа е одвлекување на вниманието и се плашам дека ќе ја загубам молитвата, ќе Го загубам Христос поради тоа што ми велите да го правам. Ако е возможно да го избегнам тоа?

– Не, дете мое, му одговорил неговиот духовник, ќе го направиш тоа што ти го велам. Ќе го научиш грчкиот јазик и ќе видиш дека ако го правиш со смирение, љубов, послушание и доверба, како што вели Апостол Павле – како да го правиш за Господа, како да правиш за Самиот Христос, тогаш ќе Го почувствуваш Христа во тоа што го правиш.

Архимандрит Софрониј направил послушание и престанал да ги чита книгите на Добротољубието, да се моли постојано со бројаницата, како што правел дотогаш и започнал да чита книги, да учи глаголи, да вежба синтакса, граматика и додека си мислел дека нема да Го почувствува Христа и ќе го загуби убавото чувство што го имал во душата, го почувствувал токму спротивното – душата му се исполнила со уште поголема љубов и Го чувствувал многу силно Господ до себеси.

И така, секојдневието не е пречка за Христос да влезе во твојот живот, не пречи ако си ученик, студент, работник, работиш во супермаркет, во продавница, насекаде, дури и да има надворешни дразнители ништо не те спречува, тоа што го слушаш се звуци, шумови, коли, движења. Во твојата душа сепак има таинствено место, многу тивко, бесшумно, каде не може да стигне ниту еден звук од овој свет, туку само силниот ветер на Утешителот Светиот Дух, овој глас на Светиот Дух, којшто можеш да го слушнеш дури и да си во крајно бучната Атина. Тоа е место коешто е само за Христос и ако Христос те види готов, смирен, дека се трудиш чесно таму каде што си, Он ќе дојде и ќе те најде. Дури и да не правиш нешта кои се чисто „духовни“.

Тоа е многу голема заблуда, што честопати преовладува во нашиот христијански живот – да мислиме дека нашиот Господ е блиску до нас само во духовните прашања. Со други зборови, двата часа на неделната Света Литургија или еден час, колку што оди некој, неколкуте минути во кои се молиме наутро и навечер, кога читаме нешто духовно и со тоа завршивме. Тоа е грешка. Господ не присуствува во нашиот живот само во определени моменти. Значи има само еден духовен дел во нашиот живот?

И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето. На ова ме потсети едно дете кое си играше во училишниот двор и на моменти зборуваше непристојни зборови. Јас му ставив забелешка на тоа: „Внимавај што зборуваш, затоа што зборуваш непристојни зборови“. „А-а-а, отче“, рече тоа, „сега немаме час по веронаука! Сега играме!“ Му одговорив: „Ова што го зборуваш е грешка“. Грешка е ако не веруваш дека Христос не може да влезе во местото каде што спортуваш, таму каде што играш со твоите пријатели, таму каде што работиш, насекаде каде што си, во спалната на твојот живот, во кујната, каде и да е. Можеш ли да замислиш Господ да отсуствува дури за миг од твојот живот, значи веруваш во еден Христос, Кој не влегува во твојот живот, таму каде што е твоето секојдневие, таму каде што си со децата, со својата сопруга, што и да правиш? Односно си ги разделил работите во животот на добри и лоши, на чесни и нечесни? Христос отсуствува ако правиш нешто грешно и ти секогаш треба да го избегнуваш тоа грешно нешто, но ако тоа што го правиш не е лошо и грешно, тогаш не е правилно да Го отстраниш Господ од овие детали на твојот живот. Ние сме Го отсекле Христос, го сметаме за духовно тоа да зборуваме само по богословски прашања, но на духовен начин може да зборува некој духовник, дури и ништо да не кажува за Бога, да зборува за други работи и помеѓу нив, помеѓу неговите шеги, закачки, сите негови  зборови да се напојуваат од присуството на Христос. Впечатливо е што старци и светци коишто живееле во минатиот век, Старец Порфириј, Старец Јаков, Старец Пајсиј и сите овие духовни луѓе не зборувале само за Господа, туку кажувале неверојатни шеги, нешта, кои имале врска со актуелноста, со историјата, со актуелните весници и во сето тоа го вложувале Господа. Тоа е големината на  Христос, влегува и се јавува во нашето секојдневие.

Сѐ е духовно, свето, во благодатта на Светиот Дух. Светиот Дух ја исполнува целата вселена, сѐ има свое битие и постои затоа што Светиот Дух го напојува и го одржува живо, дури и игрите на детето. Кога твоето дете игра, Бог го покрива и тоа движење на детето што е игра, е духовно движење, тоа е во благодатта на Светиот Дух. Молитвата е директна врска со Бога и што и да правиш има во себе Божја благодат. Кога возиш, не е ли тоа духовно дејство? Затоа што го правиш со страв Божји – не е едноставно за да донесеш пари на своите дома – тоа не е ли љубов, нели е смирение, а таму каде што има смирение, не се ли привлекува Божјата благодат? Сѐ е облагодатено и осветено. Потребно е да престанеме да го раздвојуваме својот живот и да велиме: сега припаѓам на Христос, а сега на световниот живот. Тоа е грешка. Некои луѓе се враќаат од црква, се пресоблекуваат, ја мијат колата, започнуваат друг живот и мислат дека затоа што завршила Светата Литургија, можат да спијат, да зборуваат световно, да кажуваат невкусни шеги, да зборуваат без страхопочитта и уважението коишто ги имале порано, затоа што тука не е Црква! Сепак, Црква може да биде и твојот дом, и твојот автомобил, и твојата соба, сѐ со што се занимаваш. Нека нашиот живот нѐ потсетува на  пазарот од соседството, каде продаваш еден куп работи и во едниот крај стои една госпоѓа којашто продава темјан. Помеѓу сите овие работи има некој кој продава малку темјан. Така мислиме за нашиот живот, така мислиме за Црквата, дека таа е нешто што ќе го најдеме на периферијата на животот, ќе го најдеме среде хаосот на светот во едно ќоше и оттука натаму сѐ останато е без значење. Не. Црквата е во сѐ. Таа е што ги напојува сите мои постапки, изрази, сите мои работи, политика, историја, уметност, се сѐ напојува од Божјата благодат и сѐ станува повод да се јави Христос.

Ете како човек може да Го види Христос, читајќи граматика, како Старец Софрониј, како некој може да Го почувствува Христос кога е во својата градина, копајќи и земајќи ја прашината – тогаш душата му се смирува и се сеќава дека правот е земја и во таа прашина да го види креативното дишење што Бог го ставил и секое едно нешто да нѐ води кон Господа. Сето ова ќе се случи, доколку постои искреност во твојот живот, вистински копнеж, вистинско барање, тогаш Христос ќе дојде да те најде, што и да правиш. Христос ќе те најде во даден момент. Не веруваш ли во Христос? Ако не веруваш, а имаш малку добродушност, помоли Го да дојде да те најде. И Он ќе дојде. Барај го Неговото присуство и кажи Му: „Господи, сум слушнал дека постоиш, сум слушнал за Тебе, не можам да Те почувствувам, не верувам во Тебе, но сакам Ти да ме најдеш. Јас не можам. Ти можеш, Ти треба да дојдеш!“

Како јас можам да Го разберам Бога, како мојот ограничен ум да Го разбере неограничениот Бог, како мојата душа да Го почувствува Христос, Којшто е над сите тие нешта што ги мислиме и правиме. Првото движење е Негово. Тој нѐ возљубил, Тој прв го ќе го направи тоа движење кон нас да нѐ засака, но за да го направи тоа движење, Тој треба да најде место во нашата душа, вистинско барање, дури и вистински сомнеж, вистинско трагање од наша страна, за да Го најдеме Бога. Следете Го Бога, Он нѐ одбегнува, Бог нѐ одбегнува, за да Го побараме поавтентично, Бог нѐ одбегнува, затоа што тоа е динамична, а не статична состојба. Бог е личност Која ги избегнува луѓето кои се научиле на лесно, удобно, се  научиле да Го бараат Бога во својата гревовност – Бог се оддалечува оттаму. Доволна е една зла помисла, вели Свети Силуан, за да Го оддалечи Христос, една лоша мисла, ревност, омраза, злоба, презир, презрив поглед кон другиот, дури и само тоа Го оддалечува Христос. Но ако имаш вистинска искреност и копнеж да Го видиш Господа, Тој ќе те најде, дури да се збуниш, дури и да се поколебаш, дури и да ја загубиш малку својата вера, ќе дојде момент, во кој Христос ќе те најде. Кога ќе Го видиш Христос, кога ќе придобиеш лично искуство, кога ќе го почувствуваш допирот на Христос во својата душа, како што го чувствуваш допирот на еден човек, разбираш дека тоа што си го видел, не е лага. Ти се убедува душата на многу силен начин да Го бараш искрено Христос и тогаш навистина ќе го видиш, на начин на кој Он сака да те доближи. Тоа значи да имаш добра волја. Не знаеме како Господ ќе го најде секого, но тоа ќе биде нешто многу силно, коешто никој нема да може да го поколеба во тебе. Другите ќе ти кажуваат разни нешта, а ти ќе велиш: ама што ми зборуваат сега? Сеедно дали некој ќе те убедува – замислете си двајца сопрузи кои се сакаат, вљубени се и да појде некој туѓ човек да им зборува разни работи. Ама кога има пламена љубов, што и да кажат другите, нивните зборови не те допираат, затоа што живееш на друго место, ја живееш својата љубов, среќа и мислите и зборовите на луѓето не те допираат. Им велиш: „Не ве разбирам што ми зборувате, не можам да ве убедам и дури не сакам да ве убедам, но ако не ве убедува мојата радост, лице и среќа, е тогаш, не можам да направам ништо повеќе. Ако сакате сами, разберете!“

Продолжува…

 

Извор: Бигорски манастир

Друго:

Архимандрит Андреј Конанос: Христос во нашето секојдневие (втор дел) ...

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная