Преп. Пајсиј Светогорец: Основите на духовниот живот се љубовта и смирението
Најлесниот пат кон спасението е преку љубовта и смирението. Ако ги немаме во нас ќе бидеме судени. Тие две добродетели го смилостивуваат Бог и Неговите созданија ги издигаат на небесата. По тие одлики светите Ангели ги определуваат Божјите чеда, со љубов ги земаат и без страв ги преведуваат низ воздушните митарства, и ги вознесуваат кон нежнољубивиот Отец, кон Бога.