Дванаесетгодишниот Михалис на Света Гора
Михалис (Пиреа) има дванаесет години. Тој е роден на Крит и живееше во Рим, до таа година. Неговата мајка Корина, по потекло од Пескани и неговиот татко Думитру е од Бреила. Во Рим има сестра Рафаела и двајца браќа Ефрем- Николас и Габриел. Сите се помали од него. Михаил му помагаше во олтар на епископ Силуан (Шпанија) во Рим Италија во време кога имаше одвај пет години, и кога ги виде родителите Продромус- Даниил и Герасим, се разгори силно во него стремежот кон Бог и одлучи да се пресели на Атон.






Што конкретно пречи во современото општество на востановување на машкото начело? Мене ми се чини дека тоа пред сè е усмерувањето на хедонизам. Основното усмерување на потрошувачкото општество. Ако општеството има потреба од «идеален потрошувач», ако жедта за наслада е во главата на аголот, тогаш во склад со тоа, во човекот со бујни бои расцветува егоизмот, индивидуализмот и инфантилизмот.
Деновиве, во Неделата на света Марија Египетска, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат „Великиот покаен канон“ на свети Андреј Критски, во издание на Манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свеште-номаченици“, Струмица.
Во исчекување на светите и благодатни денови на сечесните Страданија Христови и на Неговото сесвето Воскресение, монашкиот наш собор, умножен со верните кои ревносно ги поминаа снежните навеви за да земат удел во оваа небоземна пофалба, ѝ ги упати последните акатистни поздрави на Сепречистата Владичица наша Богородица во оваа Света Четириесетница.
Ако зборуваме сериозно, во тој филм ми успеа целосно да го разоткријам моето разбирање на светот од страна на современиот човек. Но, од уметничка страна, „Носталгија“ ја ставам над „Жртвопринесување“, бидејќи тој не е изграден врз развој на некаква идеја или тема. Неговата единствена цел е поетскиот образец, додека „Жртвопринесување“
Во тоа време кивотите со моштите на светите биле отворени, без стакла. Монахот кој ја предводел екскурзијата одел напред со запалена свеќа, а по него оделе Германците со електрични фенери во рацете. Главниот командантот носел и револвер во раката. Околу кивотот на преподобниот Спиридон Просфорник, кој се упокоил пред 800 години,...
Сакаш ли да се родиш за дух
Кога си во невоља, не барај помош од луѓето. Не губи си го драгоценото време и не исцрпувај си ја силата на душата твоја во барање на таквата слаба помош. Очекувај помош од Бога, на негов знак, во вистинско време ќе се појават луѓе и ќе ти помогнат.
„Пет минути“ пред склопувањето на сојуз, потпишаното не се разликува од обична свиткана хартија, но „пет минути подоцна“ ја има силата да ја определи судбината на стотици милиони.
Знак за духовен живот е вдлабочувањето на човекот внатре во себеси и тајниот труд во неговото срце. Божјата благодат го осенува тој човек и тој отпрво е во состојба на мир, а по тој пат стигнува до небесна состојба; во мирна состојба, т.е. со чиста совест; а пак во небесното, кога неговиот ум ја созерцува во себеси благодатта на Светиот Дух, според Божјото слово: Неговото пребивање – (беше) на Сион…(Пс.75:3)
Ако човек е во добро внатрешно расположение, тогаш и неговата работа ќе биде осветена. На пример, кога еден чирак оди да изучи занает кај некој мајстор, мајсторот треба да го поучи, преку пример, како да живее духовно. Од ова полза ќе видат не само чиракот и мајсторот, туку и крајните корисници на произведените добра.
Општесвената слобода, и слободата национална и слободата државна и слободата интернационална, без ослободување од самиот себе си, се само заводливи и лажни имиња на различни зандани и разновидни кафези.
Не може да се верува
И што гледаме ние денес на храмовиот иконостас – икона на Царството Небесно: кој седи од десната и од левата страна Христова? Не седи ниту апостол – па бил тој Петар или Павле, ниту некој свет архиереј, односно не седи претставник на надворешното свештенство; не седи никој друг, туку првите и совршени ...
Ние со ужас си помислуваме за војната, но многу често сосема спокојно се однесуваме кон оној страшен, бесчовечен мир, којшто ѝ претходи на бурата и крвопролитието. И секој од нас носи одговорност за сите оние страшни работи што се случуваат наоколу; никој да не вели: „Јас сум жртва, јас сум чист, јас само сум подложен на страданија, јас сум сломен од околностите…“ Христијанинот не може да биде сломен од ништо,
Постот претставува корен на секоја добродетел и почеток на исполнувањето на Божјите заповеди...Постот и воздржанието им користат не само на добродетелите, туку и на побожноста; бидејќи постот мора да е проследен со воздржанието. Зошто?
Како што сонцето со своите зраци ѝ се насмевнува на целата земја, така и љубовта со своите светозарни дела ја поздравува секоја душа. Ако ја придобиеме неа, тогаш ќе ги изгасиме страстите и ќе засјаеме до небесата. Секој труд лесно се извршува штом ќе ја придобиеме светата љубов; а кога неа ја немаме, во ништо успех немаме.
И блажени се гладните и измачените од жед; зашто таму ќе се наситат; а тешко на наситените, зашто таму ќе гладуват и жеднеат. Блажени се оние што плачат; зашто таму ќе се веселат и утешат; а тешко на оние што сега се смеат зашто таму непрестајно ќе плачат и воздивнуваат. Блажени се милостивите; зашто таму ќе бидат ...
























