Старец Гаврил Светогорец, Епископ Велички: Бескрајна е Божјата благост кон луѓето
Он нас нè љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекнува од нас. Но сепак Му е помило кога луѓето нарочно Му се обрнуваат. Он во вревата на градовите тешко да ги слуша и онака срамежливите, без срце и со половина уста изговорени студени зборови на нашите автоматски молитви. Дури во тишина на осаменоста Бог се впушта во дијалог со човекот.