ПРИНЕСЕТЕ МУ НА ГОСПОДА СЛАВА И ЧЕСТ!
Свети Василиј Велики
Напишано е:
„принесете Му на Господа, синови Божји,... принесете Му на Господа слава и чест" (Псал. 28, 1).
Како можеме, бидејќи сме земја и пепел, да Му принесеме на великиот Бог слава, да Му принесеме чест? Ние Му принесуваме на Бога слава преку своите добри дела - кога нашиот живот е светлина пред луѓето, па ги гледаат нашите добри дела и Го прославуваат Бога. Исто така, можеме да Го прославиме Бога и преку целомудрие и светост - сме дале ветување да водиме благочестив живот, за што и свети Павле нѐ убедува:
„Прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји"(1.Кор. 6, 20).
Имено, таква слава сака Господ од оние, кои веруваат во Него и кои се почестени со дарот на синовството; зашто вели:
„Синот го почитува татка си, а робот - господарот свој;а ако Сум Јас татко, тогаш каде е почитта кон Мене?" (Малах. 1, 6);
А оддава почит на Бога - по зборовите на Соломон - оној, кој „дава принос на Господа од имотот свој и од првините на плодовите од своите придобивки" (Изрек. 3, 9).
Принесува на Господа слава и чест, исто така и оној, кој богословствува по востановениот ред и не отпаѓа од правилната размисла за Отца, за божеството на Единородниот, и за славата на Светиот Дух. Ја умножува славата и честа кон Бога и оној, кој ги пронаоѓа законите, според кои, сѐ е создадено, преку кои сѐ се движи и суштествува, преку кои, зад видливиот домострој тука, сѐ ќе се претстави на суд горе.
Кој би можел сам да го осознае тоа во подробност и потоа да ја опишува пред другите Божјата добрина и праведниот суд - тој принесува на Господа слава и чест.
Не принесува на Господа слава и чест оној, кој е пристрасен кон човечката слава; кој ги сака парите; кој, скапо ги цени телесните задоволства; кој се восхитува од учења туѓи на Богочестието; зашто, како што со добрите дела ние принесуваме слава на Господа, така, со своите лоши дела го произведуваме спротивното. Што вели Господ на грешниците?
„Името Мое се навредува"(Иса. 52, 5).
Апостолот, пак, вели:
„Ти, кој се фалиш со Законот, а престапувајќи го Законот, Го срамотиш ли Бога" (Рим. 2, 23);
зашто, секое оскрбување кон законодателот е пренебрегнување и презир на законите. Ако во некој дом животот е хаос, зашто во него беснее гнев и расправија, навреда и смеа, раскош и расипништво, нечистотија и бесрамие - тогаш, бесчестието и срамот за сето лошо во тој дом, паѓа врз неговиот стопан. Од сето ова, треба да разбереме, дека, како што преку нашите добри дела се прославува Бог, така и преку порочниот живот се слави непријателот, ѓаволот. Да се боиме, преку нашите гревови, доставувајќи слава и пофалба на ѓаволот, да не бидеме подметнати на вечен срам со него. Да мислиме и да живееме благочестиво, та да ги видат луѓето нашите добри дела и да Го прослават нашиот Отец небесен!
fb МАНАСТИР СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ