логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Teofilakt.Ohridski

Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски


31 декември (по стар стил)/н.13 јануари

Тој е роден на островот Евија, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква, против неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 до 1108 година).

Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари.

Напишал толкувања на сите четири Евангелија и на другите книги на Новиот Завет. Тие се најдобро дело од тој вид после оние на свети Јован Златоуст, па денес се мошне скапоцени и корисни. Од останатите негови дела уште се познати „Писмата“ и „Житието на Свети Климент Охридски“. На старост Теофилакт се повлече од Охрид во Солун, каде, како што се мисли, го завршил животот и преминал во блажената вечност.

 

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D1%82_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8

 Teofilakt.Ohridski1

 Теофилакт Охридски византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1084 до 1107 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија. Претставува еден од најпознатите православни теолози во тоа време, кој оставил голем број на дела и текстови.


Животопис

Биографијата на Теофилакт Охридски до ден денешен не е осветлена сосема во науката. Пред да дојде за архиепископ во Охрид, неговото презиме било Хефестос,[2] а по народност бил Грк. Роден од византиски родители во градот Еврип (Халкида), на островот Евбеја. Годината на неговото раѓање не е позната во науката. Со основно образование се стекнал во Атина, бидејќи таа била најблиску до Еврип, а потоа своето образование го продолжил во Цариград, чии учители биле едни од најпознатите во тоа време, како на пример Михаил Псел, кој во тоа време бил признаен за врховник на филозофите.[3]


Цариград

Својата кариера Теофилакт ја започнал како ѓакон во Цариградската велика црква Св. Софија, каде долги години се покажал како добар оратор. Неговите широки познавања на филозофијата и реториката, довеле до тоа тој да се издигне високо меѓу учениот свет на Византија и да стане „врховник на реторите“,[4] односно мајстор магистер на реторите во Цариград.

Во својата предархиепископска дејност Теофилакт бил активен и на писателско поле. Се смета дека тогаш ги напишал своите обемни објаснувања на Светото писмо, и редица реторски дела.[5] Потоа, како архиепископ, Теофилакт составувал „елегични песни“, ги напишал „Житието на Климент Охридски“, „Житието на Тивериополските маченици“, и многу други дела.

Заради својата широка наобразба, Теофилакт си обезбедил место во кругот на царското семејство. Имено, царот Михаил VII го назначил за учител на својот син Константин Дука. За ова, Теофилакт напоменува во своето дело „Царско воспитание“. Во науката сè уште се води полемика по однос на времето кога го воспитувал царскиот син Константин. Освен Константин, Теофилакт воспитувал и други членови на царските семејства. Преку воспитување на синовите на царски семејства, а и на други високи државници, Теофилакт постепено почнал да се занимава со политика. Близок до царскиот двор, тој знаел сè што се одигрува таму, па поради своето широко познавање на работите, играл камелеонска улога: одржувал блиски контакти и со членови на симнатите царски семејства, како и со оние што биле на власт. За него, „родот на Дуковци“ бил благороден, бидејќи му направиле многу добрини, а царот Алексиј I Комнин бил „предобриот цар“.[6]


Архиепископска дејност

По доаѓањето на власт на Алексиј I Комнин, Теофилакт бил отстранет од своите должности во Цариград и назначен за архиепископ во Охрид. Точната дата за неговото назначување не е позната, но се смета дека тоа се случило во околу 1084 година. На охридскиот престол се задржал до 1107 година, каде по ова тој заминал во Солун. Најверојатно починал околу 1125-1126 година.

Се чини дека причината поради која царот Алексиј I Комнин го прогласил Теофилакт за архиепископ на Охридската архиепископија бил фактот што Теофилакт бил пријател на голем број дворски функционери.[7] Во „варварската земја Македонија“,[8] Алексиј I Комнин ги затекнал позициите на Византија ослабнати. Македонскиот народ настојувал на секој начин да го отфрли византиското господство. Во Охрид и другите градови и села низ Македонија, населението пеело „некаква борбена и победоносна песна“.[9] Положбата била пред војна, поради што Византијците биле многу исплашени.[10] Царот побрзал да ги зајакне овде своите позиции, бидејќи агресивните Нормани, предводени од Роберт Гвискард, настојувале да ги освојат балканските владенија на Византија. Човекот кого имепраторот го одбрал за архиепископ, требало со „помош на Бог“ да ги натера Македонците да ги трпат без отпор своите господари.[11]

Во науката постои едно големо несложување по однос на датумот кога Теофилакт дошол на чело на Охридската архиепископија. Назначен од царот, а посветен во чин на архиепископ од патријархот, Теофилакт заминал за Македонија каде што работите биле пред „призрак за војна“.[12] Нему му било поставено за задача и од царот и од патријархот, во оваа „варварска земја“ да настојува преку црквата, т.е. „со помош на некакви горни сили“ да ги оттгрне смрдливите „варвари“ - „жабите“ (т.е. Македонците) од тагувањето за своето славно минато и да ги спречи да пеат борбени и победоносни песни.[9] Овие погрдни зборови се на самиот Теофилакт.

Како архиепископ во Охрид, Теофилакт барал такви помошници кои ќе му помогнат во грцизирањето на народот. Им давал инструкции на разните епископи и на управниците од световната власт како би требало да го зачуваат византиското владеење врз Македонија, а сето тоа преку пишани писма, од кои се зачувани околу 130. Преку овие писма Теофилакт го подигал моралот на византиските управници (духовни и световни), пред сè на оние кои служеле во Македонија, и кои се пожалиле дека станале варвари живеејќи меѓу Македонците. На книжевно поле, освен писмата, Теофилакт напишал и две житија: едното за Тивериополските маченици, а другото за Климент Охридски, во кои на византиски начин го извртел славното минато на македонскиот народ.

Отворени остануваат прашањата: каде и кога точно умрел Теофилакт, и дали умрел додека бил архиепископ во Охрид.


Писмата на Теофилакт

До 1864 година, кога во Париз, Миње ги издал речиси сите дела на Теофилакт во 126. том на „Patrologiae cursus completus, Series graeca“, писмата не се сметале за важни за проучување на историјата. Пред ова издание постоеле неколку изданија на писмата на Теофилакт: 75 писма биле издадени од Јован Меурсија, 35 од Јован Ламија и 20 од Бонфациј Финети.[13] Успенски писмата ги публикувал на руски јазик, со што овозможил Теофилакт како историски извор да биде достапен до поголем број истражувачи.

Писмата на Теофилакт се тешки за изучување и разбирање, поради грешките направени од првите препишувачи и издавачи на писмата, а можеби и од печатарите.

    „Напати се среќаваат зборови така криво напишани, што при сите усилби да ги поправи човек не може да ги разбере. Поради тоа, читателот треба да се потруди да ја сфати смислата на текстот, земајќи предвид што е претходно напишано, како и она што следува.“[14]

Ова мислење на митрополитот Симеон го прифатиле подоцнежните истражувачи, па денес имаме бројни поправки на писмата на Теофилакт, кои даваат нови резултати. Во прв ред, тоа го направила Белгијката Леруа-Молинген, која извршила поправки само на две писма. По однос на поправките направени од митрополитот Симеон и неговиот превод на писмата на бугарски јазик, таа сметала дека Симеон покажал доста добро разбирање за јазикот на Теофилакт.[15]

Податоците од писмата на Теофилакт се особено драгоцени извори за следење на феудалниот процес и животот во Македонија во време на владеење на имепраторот Алексиј I Комнин, кон крајот на 11 век и почетокот на 12 век. Развитокот на феудализмот одел многу нерамномерно. До паѓањето на Македонија под византиска власт, процесот на феудализација течел побавно од Бугарија на пример. За време на византиското владеење, пак, било обратно.[16] Причина било тоа што Македонија од втората половина на 11 век била наполно вклопена во управниот систем на Византија, поради што византискиот феудализам извршил силно влијание врз развојот на феудалните односи во неа.

Теофилакт нè известува дека кон крајот на 11 век во Македонија имало појави на организирано напуштање на домовите од селското население и ајдукување во шумите.[17] Општината како заедница на слободни селани сè повеќе се губела поради силните внатрешни и надворешни удари. Во едно свое писмо Теофилакт го известува зетот на царот дека практорот ги заплашувал селаните од општината која поминала под патронат на Архиепископијата, оти ќе им наложи даноци поголеми од нивните сили ако „ја изберат за владетел Архиепископијата“.[18] Со ова, Теофилакт сведочи дека тоа време општините во Македонија располагале со одредени права, штом самите се изјаснувале под чиј патронат ќе бидат.

Друг фактор кој влијаел за исчезнување на слободните селски општини во Македонија биле постојаните војни кои Византија ги водела во Македонија и во другите делови на Империјата со Норманите, Печенезите, Куманите, Турците, Србите и со крстоносците од првиот крстоносен поход. Византија ги терала своите провинции да „даваат определен број војници“. Но, Теофилакт известува дека при собирање на пешадија од Македонија, византиската администрација не се држела до нормите, туку напротив, населението се земало во неограничен број во војската. Самиот Теофилакт реагирал на ова, замолувајќи во едно писмо да се води сметка, бидејќи охридското население е пред исчезнување.[19] Освен Визатијците, и другите завојувачи на Македонија со своите пљачкашки и истребувачки походи, влијаеле да се намали населението. Така на пример, од Вилхелм Тирски дознаваме дека крстоносците во 1096 година уништиле едно цело село во Пелагонија, „наполнето само со кривоверци (богомили)“.[20] Од друга страна, Византија колонизирала туѓо население во Македонија. Теофилакт известува за голем број вдовици и сирачиња на загинати селани. Имотите на овие селани ако немало наследници, се одземале.[21]

Како феудалец, и самиот Теофилакт во име на црквата присвојувал имоти од селаните. Бил обвинуван дека им ги присвојува на охриѓани „нивите и лозјата“,[22] при тоа применувал разни методи: ги прогласувал за кривоверци, за многуженци, за стапување во незаконски брак и слично. На овој начин на многумина од Македонија им се одземени имотите. За ваквите грабежи луѓето оделе да се жалат во Цариград. До Алексиј I Комнин дошла борбата која ја воделе парикот Лазар и „мнозина“ како него против „тиранијата на архиепископот“ Теофилакт. Царот реагирал на ова и наредил да се вратат одземените имоти, а на даночните чиновници им да право да извршат претрес кај архиепископот Теофилакт.[23]


Улогата на Теофилакт во грцизирање на македонскиот народ

Најголемиот број научници се согласуваат дека Теофилакт одиграл огромна улога во грцизирање на Охридската црква, како и во асимилирање на македонскиот, бугарскиот и другите словенски народи, потчинети на Византија.[24] Во 1037 година на местото на Јован Дебарски не дошол за архиепископ Македонец, туку Грк, а грцизаторската политика на Византија во Македонија дошла до израз за време на владеењето на Алексиј I Комнин со поставување на чело на охридскиот архиепископски престол на Гркот Теофилакт. Задачата која му била доверена на Теофилакт од страна на царот може да се установи од неговите писма, а тоа била: да се натера народот да ги сврти очите кон Византија, како и да се одржува моралот на Византијците кои управувале со Македонија. Ова се дознава и од писмото до Офемах, на кого му пишува:

    Порано секогаш се оплакував дека сум плашлив, и затоа сметав да се закопам во дното на земјата. Но сега кога видов дека ти си поплашлив од мене, и се исправив и гордо стапувам како саламински херој, зошто о дивни, се уплаши толку, само со тоа што погледна на работите, големата злоба која ние со радост ја трпиме, иако не бевме подготвени и истренирани во нив? ... А ти каде бегаш? Зошто се плашиш од шумот на колите? Коњите немаат јавач, ниту помошник, ниту војувач. Тие бегаат ... и влечат во шум празни коли. Истрај го нивното бегање, и тие веднаш ќе престанат да бегаат. Откако ќе ги погалиш и скротиш, ти ќе ги јавнеш и јавањето ќе ти биде спас.[25]

Од писмото се гледа дека Теофилакт настојувал да се уништи борбеното расположение на македонскиот народ, кој бил готов да се дигне против византиската власт, а на своите соработници испратени во Македонија, им влевал верба во нивните акции. Во едно писмо се изјаснил дека „домашните ни се непријатели“,[26] дека „соседната река ... древниот и грчки јазик ја наречува Аксиос, а новиот варварски Вардариј“.[27] Теофилакт свесно го омаловажува словенскиот јазик на Македонците нарекувајќи го „варварски“, а секаде каде се среќавал со словенски имиња, ги заменувал со старогрчки, односно ромејски имиња.

Интересно е да се напомене дека Теофилакт само во едно писмо наведува дека живее во Македонија.[28] Во други писма Теофилакт истакнува дека бил архиепископ на „цела Бугарија“,[29] дури и дека Охрид спаѓа во Бугарија, а и Пелагонија, и дека во Бугарија живееле Бугари.[30] Факт е дека самите Византијци не полагале многу сметка за народносните одлики на народите со кои владееле, па така и Теофилакт не се трудел да ги истакне етничките одлики на народите, на чии цркви стоел на чело.[31] Приврзаниците на тезата за „непостоење на македонскиот народ“ во време на византиското владеење на Македонија го земаат Теофилакт како главен извор. Се поставува прашањето: Дали Теофилакт свесно го извртел историското минато на македонскиот народ? Одговорот е потврден,[32] бидејќи сестрано образованиот Византиец не ги споменувал славните традиции на македонскиот народ, оние владетели кои не биле признати од Византија. Дека Византија водела асимилаторска политика кон потчинетото македонско население се гледа и од фактот што индиркетно, со помош на Алеманите и Франките ги уништила остатоците од Самуиловите дворци во Преспа, тогашниот храм го оштетиле и слично.

Во време на Теофилактовото архиепископување во Македонија, се засилило грчкото свештенство, грчките населеници биле многубројни, но не успеале да го изменат основниот состав на населението. Словенската писменост иако била ограничена, не била уништена, бидејќи некои ракописи од 11 век и 12 век се јасен доказ за тоа. Иако по Теофилакт и другите грчки архиепископи активно ја продолжиле грцизаторската политика на Византија во Македонија, грцизмот не можел да навлезе во низинските на народот, кој продолжил да си зборува на својот мајчин јазик, „варварски“ јазик како што го нарекувал Теофилакт.

Од она што Теофилакт успеал да го измени спаѓа: проширување на грчкиот јазик во богослужбата и преработување на словенските житија.
Дела

    Толкување на Новиот завет со исклучок на Апокалипса
    Толкување на неколку книги од Стариот завет
    Житие на 15-те тивериополски маченици [
    Житие на свети Климент Охридски
    Служба за свети Климент Охридски
    „Царско воспитување“
    Панигирик на Алексиј I Комнин
    Книга за разликите со Латинската црква
    Зборник со писма 

 

 

Друго:

проф.Митко Панов



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная