Митрополит Николај Месогејски: Се молам, значи живеам
Второ. Молитвата не е емоција, т.е. го палам кандилото, ја гасам сијалицата, наведнувам главата, предизвикувам тажен поглед и започнувам да си ја насладувам душата со мислата за Бога. Не, возљубени браќа! Таа е нешто многу различно, многу поразлично од тоа. Молитвата не е ни умозрение, т.е. да седнам, да си го напрегнам умот, да се сосредоточам, па да се обидам да си Го претставам Бога – дали ме чува, да ги соберам своите барања и потреби и да направам зделка со Него.