Македонска сказна
Си бил еднаш еден народ
кој зборувал на многу јазици.
И имал многу имиња
- оти освоил многу светови.
И оставил многу пред себе
- за да најде повеќе зад себе.
И побудил мошне завист
- кај блиските.
Минало време и тој се изгубил
во преводот на имињата
на местата и луѓето
на верите и светилата.
Еден ден, тој народ се претворил
во јаболко на раздорот.
Ене го како си ја чува сенката
во последниот обид да се спаси.
Сите трагедии отсекогаш
се случувале дома, нели?
Избор од фб профил на
Katica Kulavkova
ПП
Септември 2021 лето Господово