логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


К. Е. Скурат, проф. на Московската Духовна Академија

„Оче свети, запази ги во Твое име оние, што си Ми ги дал... Освети ги со Својата вистина“
Учениците веќе пребивале во вистината, зашто учењето коешто Христос им го пренел од Отецот, „тие го примиле и го разбрале вистинито... и поверувале“ дека нивниот Учител е Месија (Јован 17:8). Па сепак, Спасителот Го моли Отецот да ги освети, т.е. да ги просветли со Светиот Дух, дa им даде сила, храброст, решителност, радост. Со зборовите „освети ги со Својата вистина“ (Јован 17:17) – објаснува св. Кирил Александриски – Христос „јасно укажува на потребата од восприемање на вистината преку просветлување со вистината. Причината за тоа е што никој не може да дојде до познание на вистината без просветлување од Духот, ниту да ги усвои точно Божествените догми – се разбира, во мера достапна на човекот.“ „Откако еднаш биле допрени од Светиот Дух, и притоа во умот стекнале залог за благодатта, срцата на Христовите ученици се здобиле со заштита, како да се облекле во сила од висините“.

Во стиховите 17-19 од Евангелието според Јован, глава 17, се нагласува потребата од осветување на учениците како особени познавачи на Евангелието. Христос бил Пратеник од Бога и „Првосвештеник на нашата вера“ (Евреите 3:1), и затоа можел да прати други во светот. Учениците на Спасителот требале да бидат осветени од Отецот, примајќи го Светиот Дух. Во спротивно, според зборовите на св. Кирил Александриски, тие „никогаш не би можеле да ја достигнат славата на светители на сета вселена, и не би ги издржале неподносливите неволји предизвикани од искушувачите или од ѓаволот, доколку нивниот ум не бил заштитен со присуството на Светиот Дух и доколку самите тие не биле зајакнати преку Духот за исполнување на необичната и натчовечка заповед (за љубовта). Просветени со Духот, тие јасно ги разбирале Боговдахновеното Писмо и свештените догмати на Црквата.“ 
hristos.crkva.jpgКолку е важно за сиот живот на Црквата испраќањето на Светиот Дух врз апостолите, сведочи фактот дека Спасителот трипати го повторил тоа ветување во прошталната беседа со учениците. „А Утешителот, пак  ветил Господ прв пат  Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сè и ќе ви напомни за сè што сум ви зборувал“ (Јован 14:26). Вторпат: „А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Он ќе сведочи за Мене“ (Јован 15:26). И по трет пат: „А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината“ (Јован 16:13). Тоа ветување Спасителот го повторил уште еднаш, и тоа во решавачкиот и торжествен миг  пред Своето славно Вознесение на небото. „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушнале од Мене! Зашто, Јован крштаваше со вода, а вие , не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух... ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух“ (Дела 1:4-5, 8). Ветувањето на Христос Спасителот се исполнило во денот на Педесетницата кога, според зборовите на авторот на Делата, евангелистот Лука, „им се јавија разделени јазици, како огнени, и застанаа по еден над секој од нив. И сите се исполнија со Дух Свети“ (Дела 2:3-4).

„И за нив Јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината“ – ја продолжил Спасителот Својата молитва за учениците (Јован 17:19). Осветен од Отецот пред Своето во¬плотување во светот (Јован 10:36), Синот Божји сега во времето, пред симнувањето на Светиот Дух врз апостолите, се посветува (или се осветува) Себеси за нив, та преку Својата крсна смрт да ги очисти гревовите на човечкиот род (Јован 16:7). Тоа осветување на Христос се разликува од осветувањето на апостолите по тоа што Христос Самиот Себе се осветува, зашто Тој е не само Жртва, туку и Првосвештеник – „Кој се принесува и Кој принесува“: на апостолите допрва им претстоело да бидат осветени од Бога во Светиот Дух. Хри¬стос Го моли Отецот Неговите ученици да бидат осветени со вистината, т. е. вистински (црковнословенски „воистину“, грчки „en aleteia“), внатрешно, духовно, спротивно на старозаветното осветување и жртвување, коишто имаат преобразувачко значење. Толкувајќи го ова место од молитвата на Христос Спасителот, блажениот Теофилакт, архиепископ Бугарски, вели: „И за нив Јас се посветувам“, т.е. се принесувам како жртва. Така Ти и нив освети ги, т. е. одвој ги како жртва за проповед и постави ги за сведоци на Вистината... Зашто сè што е принесено како жртва, се нарекува свето. „Та и тие“, како Јас, „да бидат осветени“ и принесени на Тебе, Бога, не како жртви принесени поради потчинетост на законот, туку „во Вистината“... И така, освети и посвети ги душите на учениците и направи ги вистински принос, или зајакни ги за да можат да претрпат смрт заради вистината“.

* * *
Господ наш Исус Христос дошол на земјата за да ги научи луѓето на Вистината, и од оние коишто ќе ја примат Вистината, коишто ќе поверуваат дека Тој е Син Божји, да создаде Своја Црква. Како што и самиот Тој бил пратен „да го побара и спаси загубеното“ (Матеј 18:11), така и Црквата, што Тој ја основал, ја има истата света цел – преку усвојување на искупителните плодови, преку очистување и осветување, да ги воведе своите членови во Царството Божјо, да ги соедини со Бога. Кога св. апостол Павле говори за различни дарови и различни служења во Црквата – Христос „постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители“ (Ефесјаните 4:11) – тој со максимално кратки, но јасни зборови, ја определува целта на постоењето на Црквата. Посочените дарови и служења, според зборовите на апостолот, дејстуваат „за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото Тело“ (Ефесјаните 4:12). Се гради Телото Христово, самата Црква, и тој мистичен акт се извршува со посредство на светиите. На тој начин, имајќи „сè што е потребно за живот и побожност“ (2 Петар 1:3), Црквата е место за осветување. Заедно со Светиот Дух, Утешителот, во внатрешното живо единство со Црквата невидливо пребива Господ наш Исус Христос како нејзина Глава, извор на нов, свет Живот. Пред да пострада на крстот, Тој им вели на апостолите: „Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам при вас“ (Јован 14:18); „бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас“ (Јован 15:4), а пред Вознесението на небото им ветува: „Јас сум со вас преку сите дни, до свршетокот на светот“ (Матеј 28:20).

За појаснување на Своето тесно единство со Црквата, Господ наш Исус Христос се споредува Себеси со Лозата, а верните со прачки. „Јас сум Лозата, – поучува Тој, – а вие прачките: и кој што е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши“ (Јован 15:5-6). Мислата е јасна: меѓу Христос Спасителот и верните постои такво живо внатрешно единство, какво што постои меѓу стеблото на дрвото и неговите гранки. Соковите коишто се движат по стеблото, ги хранат сите гранки што растат на него, а искршените гранки неизбежно се сушат.   

Образ на таквото единство на Христос со Црквата светиот апостол Павле го појаснува со следна споредба: Христос е – Глава, Црквата е – „Негово Тело, полнота на Оној Кој исполнува сè во сè“ (Ефесјаните 1:22-23). Оваа споредба овозможува да се изведат низа аналогии.

Како прво, телото е организам во кој тече една крв, кадешто сите органи сочинуваат нераскинливо единство, живеат и се развиваат само во органска поврзаност со сето тело, а не сами по себе. Телото не е случаен збир органи, туку е единствен живот. Како второ, телото само по себе не е нешто самобитно – за да живее, неопходен е дух којшто го оживува. Во Светото Писмо телото се разгледува како орган на духот – негов „храм“ (2 Петар 1:13-14).

Слично како што сите членови и органи на нашето тело, сочинувајќи целосен и жив организам, се раководат и управуваат со главата, така и Црквата, којашто е духовен организам, е исполнета со дејствување на Божествените сили на нејзината Глава, Христос Спасителот. Црквата – расудува Теофан Затворник – е исполнувана од Христос; Тој ја исполнува сета Црква, сиот нејзин состав: во неа и во сите нејзини членови Тој сè исполнува. Негова е  Светлината на знаењето што го има Црквата, со кое Тој ги исполнува верните. Негова е  Светоста со која Тој ги исполнува ревнителите на светоста. Негови се  благотворенијата, и љубовта кон добрите деала со која ги исполнува оние што прават добро. Негови се  сите други духовни дарови, видливи во Црквата, зашто Тој со нив ги исполнува верните коишто се подготвени да ги примат (Колосјаните 3:12). Тој ја оживува Црквата со Своето постојано присуство, ја утврдува во вистината, и ја осветува со живототворната сила на Светиот Дух.  

  
Христос Спасителот, Кој невидливо пребива во Црквата  за верните е пат и врата кон Бога Отецот. Преку Неговиот подвиг и искупителната крсна жртва, тие ја добиваат слободата да застанат пред Отецот: „Што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде“ (Јован 15:16)

За восприемање и за усвојување на благодатните Божествени дарови, Спасителот ги избрал светите апостоли, коишто ги добиле даровите од друг Утешител, ветен од Христос. Христос бил испратен од Бога, а апостолите  од Христос, вели св. Климент Римски. Проповедајќи по различни земји и градови, тие избрале првенци меѓу верните и, по духовно испитување, ги поставиле за епископи и за ѓакони за идни верни... а потоа одредиле закон за да, по нивната смрт, други испитани мажи го примат врз себе нивното служење.“

Осветувањето во Црквата се извршува со посредство на Словото Божјо и на Светите Тајни.
Испраќајќи ги Своите апостоли да проповедаат во светот, Господ им заповедал: „одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16:15); „Одете и научете ги сите народи“ (Матеј 28:19; Јован 5:25; 8:31-32; 12:48). И зато апостолите како своја главна обврска го сметале поучувањето. Уште за време на својот живот тие поставиле наследници на своите благодатни полномоштва, заповедајќи им да го прават истото (Тит 1:5; 1 Тимотеј 5:22; 2 Тимотеј 1:6). „Ако проповедам Евангелие  вели апостол Павле  нема за што да се фалам: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене ако не проповедам! (1 Коринтјаните 9:16). Тој им ветил на своите наследници: „Проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, изобличувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука“ (2 Тимотеј 4:2). Таа заповед е јасна: онаа Сила, којашто, излегувајќи од Словото Христово, изгонувала демони, исцелувала болни, воскреснувала мртви, просветлувала со Божествена Светлина, пребива и сега во Неговото слово, во Неговото Евангелие. „Во зборовите на Писмото  сведочи св. Атанасиј Велики  е присутен Самиот Господ, Кого што, не можејќи да го поднесат, го преколнувале демоните: Те молам, не мачи ме предвреме (Лука 8:28; Матеј 8:29).

Црквата, напоредо со тоа, е и „исполнување на благодатните Таинства, Божја скинија на земјата. Согласно „Православното исповедање на Католичната и Апостолска Источна Црква“, „Таинство е свештено дејствие коешто, преку видлив образ, на душата на верникот ì ја соопштува невидливата Божја благодат“.

Така, во Таинството на Крштавањето, на човекот му се отвора влезот во Црквата и се извршува негово присоединување кон телото Христово. Со Миропомазанието, на крстениот му се пренесуваат дарови на Светиот Дух, Кој го зајакнува во новиот духовен живот. Во Покајанието, оној што грешел се исцелува од духовните болести. Во Евхаристијата, верникот, преку примањето на вистинското Тело и на вистинската Крв на Христос Спасителот, се соединува со Господа и тој може, слично на апостол Павле, да каже: „Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Галатјанте 2:20). Во Таинството на бракот се дава благодат, се осветува сопружништвото за раѓање и за воспитување деца. Во Свештенството се добива благодат за раѓање и за зацврстување на нови чеда на Црквата. На крајот, во Таинството на Елеоосветувањето, се призива благодатта Божја за исцелување на душевни и телесни болести.

Благодарение на постојаното евхаристиско општење со Господа, христијанинот со увереност се надева на големото ветување на Христос Спасителот: „Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6:54). Црквата преку светите Тајни ги преродува верниците, ги исцелува, ги утешува, ги крепи, ги раководи, ги просветлува со Светлината на Небесната Вистина, ги исполнува со Божествената благодат, ги подготвува за Божественото вселување (Јован 6:56)  го осенува сиот живот на христијанинот, од раѓањето до смртта.

Светоста на Таинствата не треба задолжително да се поврзува со светоста на оние што ги извршуваат. Свештенослужителот ги пренесува црковните Таинства како резултат на духовната власт што му е дадена при ракополагањето. Неговото видливо недостоинство не треба да предизвика сомнеж кај оној што ги прима Таинствата. За небрежноста во извршувањето на Божјите Тајни ќе се бара сметка, ако не тука на земјата, тогаш на Судот Божји. Кон извршените свештенодејства треба да се однесуваме со доверба.

Словото Божјо останува вистинито и кога е изговорено од уста на недостоен човек. Дејствувањето на Таинствата во таквиот случај може да се спореди со сончевиот зрак кој останува незагаден и тогаш кога ќе падне на нечисто место. Извонредно е расудувањето на св. Григориј Богослов, архиепископ Константинополски: „Не суди им на судиите ти, кој самиот имаш потреба од исцелување; не испитувај го достоинството на оние коишто те очистуваат... За нив има друг Судија, кој го испитува и невидливото; затоа човекот гледа на лицето, а Господ  на срцето (1 Царства 16:7). Расудувај вака: на два прстена, златен и железен, е врежан еден и ист царски лик, и со двата прстена е направен отисок во восок. По што се разликува едниот отисок од другиот?  По ништо. Распознај го прстенот според отисокот, ако си доволно мудар. Кажи: кој отисок е од железниот, а кој од златниот прстен? И зошто се еднакви отисоците? Затоа што, макар што материјалот е различен, нема разлика во врежаните ликови. Затоа и тебе може секој да те крсти! Зашто, макар едниот и да го превосходи другиот според својот живот, силата на Крштавањето е иста, и подеднакво може да те доведе до совршенство секој оној кој е поучен во истата вера“

Црквата, учејќи за светите Таинства, гарантира за нивната реалност, но не и за нивната безусловна спасителност во сите случаи и во сите прилики. Дејствувањето на Таинствата не треба да се замислува како нешто магично, односно дека го спасува човекот без негова желба, насилно: спасението е резултат на највисока духовна слобода, и тоа не се нуди против волјата на човекот. Таинствата ни го даваат дарот на особената Божја милост. Секој Божји дар бара наше прифаќање, во спротивно ќе стане талант закопан во земја.

Светиот апостол Павле го советува својот наследник да го распалува дарот Божји, кој живее во него преку апостолското ракополагање (2 Тимотеј 1:6). „Барајте и ќе добиете - пишува св. Теофан Затворник. - Тоа е неотповиклив закон за сето она што ќе се посака на патот на духовниот раст. Ништо не доаѓа бесплатно. Божјата помош е секогаш подготвена и секогаш е блиску, но таа им се дава само на оние коишто ја бараат и коишто се трудат, и тоа тогаш кога оној што бара ги преиспитува сите свои средства... и со полно срце почнува да повикува: Господи, помогни! А ако остане со макар и најмало надевање на која-годе од своите способности, Господ не се вмешува, и како да вели: „Очекуваш самиот да го постигнеш тоа? Тогаш, очекувај...“ Но, колку и да чека, ништо нема да дочека. Дарувај ни, Господи, дух скрушен, срце скрушено и смирено!“

Колку е неисцрпна духовната ризница во свештенодејствијата, во молитвите, во славословењето на Светата Црква! Во нив, како што рекол св. апостол Павле, „Самиот Дух посредува за нас со неискажливо воздивнување“ (Римјаните 8:26). Треба само да умееме да ги користиме тие ризници, треба да ги присвоиме, а за сето тоа треба да го продадеме или да го дадеме бесплатно, да го пренебрегнеме, да го отфрлиме сето она што го имаме  а тоа е нашето самоугодување, нашите страсти, нашите порочни навики, плотските желби, мрзеливоста, невнимателноста, расеаноста...  

* * *

Црквата како Тело на Христос Спасителот е полнота на Богочовечки живот (Ефесјаните 1:23). Како Глава на Црквата, Богочовекот ги примил врз себе гревовите, грижите и потребите на човештвото, и заради нас дошол на земјата и го прифатил страдањето на Крстот; затоа и Неговата Црква не е општење само на праведници коишто рамнодушно се однесуваат спрема судбината на другите луѓе. Според св. Кирил Александриски, Христос не сака светиите, коишто сè уште не ја завршиле својата мисија, да се ослободат од човечките обврски и да се дистанцираат од телесниот живот. И Светата Црква, извршувајќи ја својата спасителна мисија, не е ослободена од оние задачи чие разрешување е нужно за нормален развој на општеството. Во таа смисла би требало да се гледа на учеството на Црквата во миротворните организации и собири.

* * *

Навистина, Црквата е ризница на многубројни и големи блага, и таа го има сето она што е потребно за дознавање на вистината, така што секој да може во неа да се напие од живототворната напивка, зашто Црквата е врата на животот. Во Црквата сè е насочено кон стекнување осветување и спасение на луѓето. Во неа верните се подготвуваат за преселба во Небесното Живеалиште (Филипјаните 3:20), во „соборот и Црквата на првородените“ (Евреите 12:23). Уште тука, на земјата, тие го достигнуваат високиот степен на Богоподобието.

И така, Црквата е место на осветување и присоединување кон Христос-Лозата, кон бесконечниот живот. Не напразно светите отци и учители на Црквата ја нарекуваат Град Божји, плодоносно дрво, духовна болница, духовна бања, Мајка којашто ги храни своите деца со свештено млеко, со вечно младиот Логос, и со други имиња коишто сведочат за нејзината особена улога. Милостивиот Бог му ги дал на светот, брануван и обземен со гревови, светите Цркви во кои, како во благоустроено пристаниште, се запазува учењето за вистината, пристаниште кон кое итаат оние што сакаат да се спасат.

 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 Преминпортал

 

лого

Извор

TVITer270

П.П.2021

2008-02-03 12:42:52

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная