Прво, очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек. 16, 6). Нема грев што милостината не би можела да го очисти. Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели светиот Златоуст.
ОД СВЕТИ ПАЛАДИЈ
Исполнет со тага, тој не им одговарал ниту, пак, ги слушал. Бидејќи не можеле ништо да постигнат, тие го фатиле и страшно го истепале. Откако му го покриле целото тело со рани, го оставиле полумртов и заминале. Тој, пак, воздивнувајќи во неотстапно покајание, останал неподвижен.
Во меѓувреме го барало неговото семејство. Кога го нашле и кога ја дознале причината за неговата неволја, тие настојувале да го