логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено на умилителната вечерна на простувањето

Мили мои, да Му благодариме на Бога што и оваа година нѐ приведе во ова свето време на Великата Четириесетница, кога Он штедро ги отвора вратите на милосрдието за сите нас.

Во молитвите за благослов на постот што ги прочитавме пред малку, меѓу другото се вели: „Господи, Ти си го поставил постот со законот, пророците и евангелистите“. Всушност, ползата од постот може да се увиди и преку тоа што тој, како израз на љубовта кон Бога, му бил даден на нашиот прататко Адам уште во Рајот. Преку него, своето благочестие и почитта кон Бога ги искажувале сите старозаветни праведници. Читајќи го Светото Писмо, ќе забележиме дека сите големи личности постеле пред да направат некое свето дело, пред да се сретнат со Бога. Така, на пример, великиот пророк Мојсеј, постел четириесет дена и четириесет ноќи пред да Го види Господа на гората Хорив и да ги добие Плочите на Законот, односно десетте Божји заповеди. Исто така и пророкот Илија постел строго и со голема ревност, па затоа се удостоил да ја гледа славата Господова. Свештената историја ни сведочи дека цели народи биле спасени благодарение на покајничкиот пост. Да се потсетиме на Ниневијците, на кои поради нивните лоши дела им претстоело страшно истребување. Меѓутоа, Бог во Своето милосрдие се сожалил над нив и сакал да ги спаси преку постот, кој има исцелителна сила против злото. Он го избрал пророкот Јона и го испратил меѓу Ниневијците, за да им објави дека доколку се покајат нивното царство ќе биде поштедено. Тогаш разумниот цар го послушал гласот на пророкот и со државничка власт наредил сите луѓе, вклучително и самиот тој и неговите големци, да постат четириесет дена и четириесет ноќи и да се откажат од лошите патишта и од неправдите што ги вршеле. Овој сенароден подвиг Му бил пријатен на Бога, па се смилувал над Ниневија и над нејзиниот народ.

Многубројни се примерите во Светото Писмо за полезноста на постот. Старозаветниот пост преминал и во новозаветната Црква, со него се подвизувале и светите Апостоли, како и сите светии и угодници Божји. Но, најважно, постот го запазил и Оној Кој немал никаква потреба од него – Пречистиот наш Спасител, Господ Исус Христос, само за да ја покаже полезноста на постот, проследен со христијанските добродетели.

Па така, мили мои, имајќи ги како пример сите светии и пред сѐ, Самиот Христос како превосходен показ, да се потрудиме богоугодно да го поминеме ова време на покајание и духовно очистување и издигнување. Духовната пролет, како што ја нарекуваат светите отци Великата Четириесетница. Време кога поради нашите мали трудови расцутуваме со многу благодатни дарови. Затоа, охрабрете се! Потребно е со храброст да пристапиме кон постот, не со колебање, ами со љубов. Да влеземе во овие свети денови на посното поприште како духовни воини, како атлети Христови. Само тогаш постот ќе ни биде од полза, а ќе бидеме поткрепувани и од светите ангели. Великопосниот богослужбен ред предвидува во секоја среда и петок да се служи т.н. Литургија на претходно осветените дарови. На оваа специфична и преубава богослужба, наместо вообичаената херувимска песна што се пее на Златоустовата и Василиевата Литургија, ќе се пее песната Ныне Силы Небесныя с нами невидимо служат, т.е. Сега силите небесни со нас невидливо служат. Светиот папа Григориј Двоеслов, кому му се припишува составување на оваа Литургија, сакал да ни покаже дека заедно со нас служат и ангелите. Бог ни ги испраќа за да нѐ поткрепуваат во текот на постот и да нѐ поттикнуваат да правиме богоугодни дела, преку кои се доближуваме до Него. Доколку, пак, почнеме да размислиме малодушно дека, ете, од утре ќе ни биде тешко, ќе треба да се лишиме од нашата омилена храна, ќе ни биде мачно да ги оставиме нашите грешни навики, или да се лишиме од некои задоволства, тогаш уште од самиот почеток ја губиме ползата од постот. Не може војник кој се плаши од непријателот, да победи во битка. Храброста е неопходна добродетел. Следствено, да Го замолиме Бога да ни ја даде и како духовни атлети, со радост да зачекориме преку прагот на претстојниот подвиг, благодарејќи Му што и оваа година нѐ удостои со овој душеполезен маратон. Да го возљубиме од срце ова прекрасно време, овој голем и свет Пост. Голем не само поради должината, туку и затоа што завршува со најголемиот празник на нашата спасителна вера, сесветлото Воскресение Христово, темелот на нашето суштествување.

Влегувајќи во арената на четириесетдневната благодатна борба, ние никако не смееме да ги осудуваме ближните од нашата околина што нема да постат. Напротив, да се молиме усрдно за нив, та и тие еден ден да Го побараат Христа и со добри дела да Му угодуваат. Од нас не се бара осуда и предимство над другите, туку љубов и простување. Во денешното Евангелие, Господ Исус беше многу јасен: Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен. Ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите (Матеј 6,14-15). Не можеме, значи, да постиме доколку не се измириме и не им простиме на сите. Зашто постот е еден наш мал дар кон Бога, а дар не може да се принесе, доколку братот има нешто против нас. Не вели: „ако ти имаш нешто против братот твој“ – за тоа да не ни помислуваме – туку вели: ако брат ти има нешто против тебе (Матеј 5,23). Ако братот има нешто против тебе, оди ти и побарај прошка. Нема да бараме тука земска правда, судии, адвокати, па да испитуваме кој е во право. Јас одам прв, иако можеби сум сигурен дека сум во право, совеста ми кажува така, но сепак прв одам да барам прошка од ближниот. Да ни даде Бог благодат сите да го правиме тоа. Да им простуваме особено на оние на кои ни е тешко да им простиме. Тука е подвигот на христијанската љубов. Вечерва сите што сме овде собрани ќе си кажеме еден на друг прости. Но, да не биде кажано тоа рутински, оти така налага обичајот, туку од срце, со вистинско простување. И не само на тие со кои ќе се сретнеме вечерва, туку и на оние на кои навистина треба да им кажеме прости. На оние со кои сме изгубиле комуникација, со кои нѐ дели ѕидот на нашите страсти, на нашиот егоизам.

На крај, ве замолувам и смирено од вас барам да ми простите и мене за сѐ што како духовник сум ви згрешил, како и за сите мои гревови од сите денови на мојот живот, бидејќи нема човек кој ќе живее, а да не згреши. Понекогаш тие што имаат голема духовна власт и одговорност, можат и најмногу да згрешат. Јас се чувствувам последен и најгрешен од сите и затоа се надевам на вашите молитви и на вашата прошка. Доколку најдете сили да ми простите и Бог ќе ви прости вам. А јас, најнедостојниот, на сите ви простувам со најголема љубов. Кога Бог им простува на сите, вклучително и мене, кој сум тогаш јас да не простам?! Вечерва ми дојде една размисла за тоа како Христос во Евангелието се среќава со грешниците, никого не отфрла. Само една искра на покајание, една желба за мала средба со Бога, веднаш Го привлекува Христа кон грешникот. Сетете се на разбојникот на крстот, на блудницата којашто требаше да биде каменувана според законот, на Закхеј кој имаше само желба да Го види од смоквата… Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом (Лука 19,5). Колку и да сме грешни, Бог сака да биде во нашиот внатрешен дом, во нашето срце.

Да се благословени, добар пост и на крајот сите да се удостоиме со радоста од славно воскреснатиот наш Господ!

 

Извор: Бигорски манастир

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Православен календар

 

01/05/2025 - четврток

Преподобен Јован; Светиот маченик Јован Нови Јанински; Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан; Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная