Блажена матушка Алипија Голосеевска
По промислата Божја, Христа ради јуродивата Агапија, дошла во Киево – Печерската лавра, каде што проживеала до самото нејзино затворање. Архимандритот Кронид за време на потстригот во монаштво ú дал на Агапија ново име – Алипија, благословувајќи ја на подвигот на столпништво. Три години подвижницата поминала во шуплината на едно старо дрво.