логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...

Raganje.sv.JovanKrst.jpg



Рождество на свети Јован Крстител (06.07.2022 16:19)

Сакам да споделам неколку мисли со вас по повод раѓањето на свети Јован Крстител, како и секогаш – според должност, а не според достоинство; и со плач во душата моја грешна, кон што ме води самото сведоштво на нашиот Господ, Богочовекот Исус Христос, Кој вели за Својот Претеча: „Меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител“ (Матеј 11, 11). Ниту може веќе да се јави.

            Целата историја и сите случувања, пред и за време на раѓањето на свети Јован Крстител, се икона на првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите, како и икона на преминот од првиот во вториот степен на духовниот развој – пројавување на благодатта на Крштението од срцето и дарот на умно-срдечната молитва, што Отците на Црквата го опфатиле со еден термин, а тоа е – просветлување на умот. Премин од Стариот во Новиот Завет. Премин од противприроден во природен начин на живот.

            Видете што Светиот Дух Господ сведочи за родителите Јованови, татко му – свештеникот Захариј, и мајка му Елисавета, во Светото Евангелие: „И обајцата беа праведни пред Бог, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови без погрешка. Тие немаа деца, оти Елисавета беше неплодна; а обајцата беа веќе стари“ (Лука 1, 6–7). Токму ова мора да го повториме и запаметиме: „постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови, без погрешка“. Посебно запаметете – „без погрешка“.

            Што ни покажува овој нивен подвиг? Ни покажува дека и покрај нивната голема и неостварена желба за која Го молеле Господ („зашто се услиша твојата молба“ – сведоштво дека тоа го барале), тие не го напуштиле својот подвиг пред Бог, иако обајцата биле веќе стари, па дури и со изгубена надеж во врска со остварувањето на нивната желба. Тоа се гледа во зборовите на Захариј, упатени кон архангелот Гаврил: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе доста возрасна“ (Лука 1, 18).

            Нивниот подвиг ни го покажува нивниот однос кон Бог – како однос на чеда Божји, слободен и љубовен. Бесплодно е да се држи самиот закон, сам по себе или заради самиот него, или од робовски и наемнички однос. Заповедите Божји ги исполнуваме заради Бог, барајќи Го само и единствено Него, а не заради некои од Неговите добра. Захариј и Елисавета постапуваат според сите заповеди и повелби Господови – без погрешка, како деца Божји, ама на крајот – и дарот е само Божји:

„Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник.  Захариј се уплаши кога го виде, и страв го опфати. Но, ангелот му рече: ’Не бој се, Захариј, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. И ќе бидеш радосен и весел, и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање. Зашто тој ќе биде голем пред Господ и нема да пие вино ни сикер, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; и многу Израилеви синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; и тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците кон децата, и непокорните – кон разумот на праведните, па да Му приготви на Господ народ совршен‘“ (Лука 1, 11–17).

Вториот степен од духовниот развој – просветлувањето на умот, е внатрешно духовно покритие на Светата Тајна Свештенство. Раѓањето на свети Јован Крстител е почеток на преминот меѓу старозаветното и новозаветното свештенство, премин што, преку Божјиот Домострој на нашето спасение, завршува со Светата Педесетница.

            Свети Јован Крстител е и икона, и објавител на тајната на новозаветното и есхатолошкото свештенство, а крај на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ (Матеј 3, 14). Зборови што значат токму ова: „И удостој ме, преку мене – недостојниот и грешен Твој слуга, да Ти бидат принесени овие Дарови, [внимавајте!] зашто Ти си Тој Кој принесува и се принесува, Кој прима и Кој се раздава, Христе Боже наш...“

            Има уште многу да се пишува за ова евангелско четиво, по повод раѓањето на пророкот Господов Јован, и за тајната на царското свештенство што единствено и останува во Царството Небесно, и е негова пројава во овој свет и век, ама поарно е сѐ понатаму да ни биде откриено преку личниот подвиг на покајанието и плачот, кој, според делото на пророкот, е и подготовка на патот за доаѓањето и средбата со нашиот Господ – Богочовекот Исус Христос.

Но, само уште ова. Што гледаме ние, денес, на храмовиот иконостас – икона на Царството Небесно: кој седи од десната и од левата страна Христова? Не седи ниту апостол – па бил тој Петар или Павле, ниту некој свет архиереј, односно не седи претставник на надворешното, официјално свештенство; не седи никој друг, туку првите и совршени носители на внатрешното, вистинско новозаветно, есхатолошко (вечно) и царско свештенство – Пресвета Богородица и Секогашдева Марија и свети Јован Крстител.

Само преку носителите на ова свештенство во Црквата, а преку нив и во светот и во неговата историја, дејствува единствената непрестајна Литургија, односно Очевиот Домострој на нашето спасение, преку Синот во Светиот Дух Господ; значи и какво-таквото функционирање и на официјалното свештенство е благодарение на постоењето на носителите на есхатолошкото, царско и внатрешно свештенство.

Јас, барем, не сакам да коментирам некоја разлика по чест, како што гледам разлика во послушание, меѓу првото и второто (десното) место, бидејќи Христос во Нејзиниот скут седи; но меѓу второто и третото (левото) гледам – дека второто е поголемо по чест и од херувимското и неспоредливо пославно и од серафимското. Иако со напишаново е можно да соблазнам некој од читателите, но сигурен сум дека нема да навредам никого од спомнатите овде – напротив. А, четвртото место сѐ уште е отворено...

Но, тоа: „Не зависи од Мене, туку од оние за кои е приготвено“(Матеј 20, 23). Тоа значи дека Господ ни дава можност за градење совршен личносен однос со Него, но зависи од тоа кој колку сака да се отвори пред Бог и кој колку сака да се даде. Со други зборови, од нас зависи каков однос сакаме да градиме: дали синовски, наемнички или робовски; и со каков квалитет. Тука нема предодреденост. Сѐ зависи од нас.

И можеби не забележавте, за речиси истото прашање кон ангелот, Захариј беше казнет, а на Богородица Ѝ беше објаснето. Само што Таа праша, не од незнаење или неверување, туку за наша поука – тоа го имам објаснето; а Захариј поради мал сомнеж. Но, кога праведникот, со смирение и благодарност ќе ја претрпи епитимијата – за ненамерната грешка, може да добие и пророчки дар:

„А Захариј, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи: ’Благословен е Господ, Бог Израилев, оти го посети и избави народот Свој. (...) А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, оти ќе одиш пред лицето на Господ за да Му ги приготвиш патиштата Негови; и да го вразумиш народот Негов за спасение, преку простување на гревовите нивни, поради големата милост на нашиот Бог, со која нè посети Исток од висините, за да ги просвети оние што седат во темнина и сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот‘.

А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустина до денот, кога им се јави на Израелците“ (Лука 1, 67–68; 76–80).

Свети Јоване, Претечо и Крстителу Господов, моли Го Бог за нас!

 

Митрополит Струмички Наум

 

Друго:

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2547
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная