Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум (13.03.2018)
Деновиве излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум, „Пастирски пристап или поистоветување“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса. Книгата е издадена по повод шеесет години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.






Нашата небесна Закрилничка, Сепречистата Владичица Богородица, чедољубивата Мајка на родот христијански, и овој Велик Пост, преку чудотворната Своја икона Скоропослушница, ја покри нашата Татковина – a особено Струмица – со покровот на Нејзината Божествена љубов. Пред точно една година нè посети Таа благодатно со ...
Во овој ден празнуваме неседална песна - Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, по име Сарвар, со илјадници елитни војници, за да ги покори за себе сите источни земји.


Од него се виори слободата
„Ви благодарам што сте тука. Бидете среќни, слободни, верувајте и останете вечно млади“.
На луѓето со високо мислење за самите себе, како и на оние што пребиваат во незнаење, им се случува да го освестат фактот за заробеноста дури после доживувањето на сериозни несреќи и болести во својот живот. Да не бидеме како нив!
Во петокот од третата седмица од Великиот Пост, 9 март 2018 г., во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови.
Синко! Ако си мудар, мудар си за себеси и за ближните свои; и ако си лош, самиот ќе страдаш. Кој се крепи на лага, тој пасе ветрови, потскокнува зад птиците што фрчат: зашто тој го оставил патот кон своето лозје и талка по патеките на нивата своја; минува преку безводна пустиња и земја, осудена да жеднее со рацете свои собира бесплодност.
Секој од нас има скала на вредности: она што е за еден човек значајно, за друг нема никакво значење. За православните луѓе, животот е незамислив без вера, без духовна компонента на битието. Човекот што верува сфаќа дека живее во непрестајниот тек на светата Промисла Божја и дека во неговиот живот ништо не е случајно,

Секој камен од калдрмата е скапоцен бисер изваден од пазувите на Водно. Во дваесеттите години од минатиот век, Скопје доживува голема трансформација во инфраструктурата, особено во изгледот на улиците. По Балканските и по Првата светска војна, се заменува дотраената турска калдрма, а се става нова коцка на плоштадот и на главните улици. Скопје добива нов, модерен лик.
Така гoвoри Дoмаќинoт на двата свeта, на матeријалниoт и на духoвниoт. Матeријалнoтo бoгатствo Oн гo нарeкува “малку”, а духoвнoтo бoгатствo гo имeува “мнoгу”. На кoгo ќe му сe дадe матeријалнo бoгатствo и сe пoкажe: сeбичeн, скржав, лoш, нeмилoстив и бeзбoжeн, на нeгo нe мoжe да му сe дадe духoвнo бoгатствo, бидeјќи кoга e нeвeрeн вo малку, ќe бидe нeвeрeн..
Тројна радост ја грееше овие два дена светата Обител на Победоносецот Георгиј во Рајчица. Воскресното богослужение соединето со песнопенијата за великиот тајник на Божествената благодат – Св. Григориј Палама, како и споменот на незаборавниот син на блаженото послушание, Преподобен Доситеј, испушаа зраци на небесна сладост и спокојствие.
Во петокот, на 2 март, о. Анатолиј на одделот за богослужение и црковна уметност, на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, успешно ја одбрани својата магистерска теза од специјалноста по византиска музикологија, со наслов: „Самогласните стихири на празникот Успение на Пресвета Богородица во византиското и поствизантиското песнотворение“.
“Какo штo чoвeкoт oд утрoбата на мајката излeгува гoл, така и душата oд тeлoтo излeгува гoла. Eдна душа e чиста и свeтла, друга e извалкана сo грeвoви, а трeта e пoцрнeта oд мнoгу грeвoви. Какo штo, излeгувајќи oд утрoбата мајчина, на ништo нe сe сeќаваш, штo ималo вo утрoбата, така, излeгувајќи oд тeлoтo нeма да сe сeтиш на ништo штo билo вo тeлoтo.

























