„Најпосле сфатив дека во мене постои голем источник на радост! Постои Христовата благодат, Неговата сила, присуство. Кога се причестувам и Го примам Христа во себе, кога се молам, се допирам до Него. Кога го призивам Неговото име, се обраќам кон Него. Кога ја барам Неговата благодат, Он ме покрива, ги испраќа Своите Ангели.
Сето тоа се само зборови, но ќе дојде време кога ќе ги живееш тие зборови, ако посакаш да Му одговориш на Бога во својот живот, зашто може и да не Му одговориш…“
Андреј Конанос
9-ти март 2018 лето Господово