логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



„Преподобен отче, преосвештени Григорие, откако го изостри мечот на словото преку Духот, ти стана оган за богоборните чинови, слегувајќи како молња од висините го запали нивното празнословие и сите верни ги упати кон Божествената Светлина трисончева, просветен од Неа, ти се јави втора светлина. Сопрестолен и едноброен со врховните богослови, со нив прославен со нив и сега пребиваш, моли се на Христа Бога да ѝ дарува на Црквата единство, мир и милост голема.“

(Стихира од вечерната на празникот)



Неизмерна е славата на небесата на овој неугаслив огнен јазик на богословието, светиот Григориј Палама, кој преку благодатта како со оган ги изгоре еретичките учења, и насекаде ја проповедаше несоздадената троична светлина. Со него светата Црква најпосле се успокои од бурните еретички бранови и заплови по тивкото и безметежно пристаниште на неговото созерцателно богословие. Па и денес славниот Григориј стоејќи пред Христа со своите молитви ја спасува Црквата од духовни бури и посредува за љубовта, мирот и единството во неа.



Тројна радост ја грееше овие два дена светата Обител на Победоносецот Георгиј во Рајчица. Воскресното богослужение соединето со песнопенијата за великиот тајник на Божествената благодат – Св. Григориј Палама, како и споменот на незаборавниот син на блаженото послушание, Преподобен Доситеј, испушаа зраци на небесна сладост и спокојствие. Ова тројно торжество го споделија со нас многубројните верни, коишто со своето молитвено присуство ја направија рајчичката слава уште порадосна и богата со духовно веселие. Топлината, пак, и татковската љубов со која нашиот Старец и игумен Партениј му го честита празникот на рајчичкото монашко сестринство беше  вистинско ликување и духовна поткрепа за присутните и целото наше монашко семејство. Притоа тој, истакнувајќи го внатрешниот молитвен подвиг на светиот кој ја привлекува благодатта на Духот и беспрекорното послушание на преподобниот како суштински монашки одлики и пат кој води до небото, ги поучи присутните свои чеда да ги негуваат овие две спасоносни дејанија за да го придобијат толку посакуваното спасение на душата и духовното соединување со својот Творец и Господ Христос.


Полнота на радоста беше секако и драгоценото присуство на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј, којшто следниот ден пристигна во Рајчичката обител и ја возвеличи свеченоста на овој за сестринството многу значаен празник, чиноначалствувајќи со Светата Архиерејска Литургија. На самиот крај, пак, тој го украси празничниот спомен со беседа за денешниот Евангелски расказ и чествувањето на солунскиот Чудотворец Григориј Палама:

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Втората недела од Велигденскиот пост е посветена на св. Григориј Палама. Овој Божји угодник живеел и творел во XIV век. Тој е многу значаен за богословската мисла, особено, во поглед на исихазмот – тихувањето.

Црковниот поредок, пак, на Литургијата, предвидува да се чита светото Евангелие за раслабениот, односно за парализираниот. Знаеме дека оној кој ги има изгубено сите телесни сили и е парализиран, тој нема никаква можност, независно колкава желба и волја да има, сам од себе да се придвижи. Затоа, потребна му е надворешна сила, која би го подигнала и би го придвижила.

Но, тука би сакале да кажеме неколку зборови за поимот болест. Според Божјата промисла, човекот не е создаден да биде болен. Болеста се јавува како нарушување на Божјиот закон и оддалечување од патот којшто е устроен од Бога. Но, не само што човек се оддалечува од Божјиот пат, туку,  избира погрешен пат, којшто доведува до разрушување на хармонијата помеѓу Бог и човекот. Болеста се јавува како казна за сторениот грев. Треба да кажеме дека, во овој случај, кај парализираниот човек не станува збор за негови гревови, кои, не се исклучени да ги имал, како секој човек што живее, но, тука станува збор за општиот грев, гревот на Адам, преку кој падна човековата природа. Затоа и Господ Исус Христос најпрво, на парализираниот, му вели: „Синко, ти се проштеваат гревовите!“ а потоа: „Стани, земи ја постелата своја и оди си дома!“ (Мк. 2, 5 и 11).

Во моментот кога раслабениот станал, делувала Божјата благодат. Истата физички никој не ја видел, но сите ја виделе нејзината физичка пројава. Го виделе дејството Божјо кое го организирало дезорганизираното. Го интегрирал разделеното и го соединил распадливото. Се појавил човек здрав, човек, кој претходно бил парализиран.

Св. Григориј Палама, како Атонски монах, изучил доктрина во тихување и сконцентрираност, преку постојаното изговарање на молитвата: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот. Преку постојаната молитва, поедини светогорски подвижници се здобивале да ја доживеат Таворската светлина како несоздадена енергија. Токму таа енергија е силата Божја којашто делува, обединува, соединува, лекува, просветлува и осветлува.

Во физичкиот свет, поточно во физиката, има еден оддел кој се нарекува термодинамички. Во него постои еден закон кој се нарекува ентропија, односно, закон кој создава безредие или хаос. Неговото основно дејствие е рушителноста. Физичарите тоа постручно можат да го објаснат . Тоа не е наша задача. Од животното искуство знаеме дека еден дом, колку и да е цврсто изграден, ако во него не се живее, туку, се остави сам на себе, по извесно време почнува да се распаѓа и да се растура. Тоа е тој закон на физиката. Така се случува и со човекот. Кога постои безредие во телото, настапува болест и ако соодветно не се лекува, ќе настапи смрт.

Можеби некој ќе постави прашање, зошто го читаме Евангелското четиво за раслабениот, во оваа недела? Затоа што Великиот пост е воспоставен да се здобиеме со Божествената благодат. Должни сме да разбереме како да ги надминеме болестите, но, не само физичките, туку, уште повеќе духовните. Не само личните, туку и општествените. Никој од нас, со никаков систем, со никакви сопствени сили не може да ја победи таа внатрешна ентропија. Тоа може да се победи само со Божјата сила и со моралните принципи, доколку се почитуваат за да не го доведеме во опасност нашето физичко и духовно здравје, и да не дозволиме ентропијата да завладее со нас.

Да го искористиме Великиот пост за наше очистување и просветување. Да измолиме благодатта Божја да се излие врз нас, па да можеме да ги победиме сите искушенија и страданија, за слава Божја и за наше спасение. По молитвите на св. Григориј Палама, така нека биде. Амин!

 

 

 

 

 

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная