логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Скопје, 9- ти март 2018 год.- храм Рождествона Пресвета Богородица

 

 

 

 

 

[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=7ca39IUhElU[/youtube]

 

На 09.03.2018 година, во третиот  петок од Великиот Пост на вечерната богослужба во храмот на Рождество на Пресвета Богородица, отец Спасе Таковски во солужение на свештенството на храмот и ѓаконот Методиј Митановски  отслужи трета  статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.

 

Ирмос: Овој божествен и сечесен празник на Богомајката празнувајќи го, вие богомурди пријдете, да ѝ пееме благодарно и од неа родениот Бог да го славиме.

Пресвета Богородице, спаси не!

Радувај се, Палато на Логосот, Примеру на обожение; Радувај се, Пречиста, Која ги предвестиш пророците; Радувај се, Украсу на апостолите.

Пресвета Богородице, спаси не!

Од тебе падна роса која го згасна пламенот на многубоштвото, затоа ти воскликнуваме: Радувај се, Дево, Руно одуховено кое Гедеон го виде.

Пресвета Богородице, спаси не!

Ете, гласно Те молиме, Дево: биди ни во опасноста пристаниште и во неволјите и соблазните потприште!

Пресвета Богородице, спаси не!

Примеру на радоста, облагодати го нашиот разум за да ти пееме: Радувај се, несогорлива Капино, Облаку сесветол кој постојано ги закрилуваш верните.

(Од Канонот кон Пресвета Богородица)

 

 

СИНАКСАР
Прво во Минеј, а потоа следниов.
Стихови:

Благодарствено, со песни непрестајни,
Нападнатиот од непријатели град и пее на својата заштитничка.

Во овој ден празнуваме неседална песна - Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, по име Сарвар, со илјадници елитни војници, за да ги покори за себе сите источни земји. Кога велможата Сарвар ги плени сите источни земји, тој стигна и до самиот златен град (Хрисополис), кој сега се именува Скутари. Царот Ираклиј, поради недостатокот на општественото богатство (злато), свештените и црковни сосуди ги претвори во златници, заради поголем и посовршен реванш, употреби бродови на Црното Море, за да ги отфрли на персиска страна; тој ја уништи нивната моќ и Хозрој беше победен со остатокот од неговата војска. Малку подоцна, Сирој, синот на Хозрој, се побуни против својот татко и ја грабна власта. Тој го уби својот татко Хозрој и се здружи со царот Ираклиј. Но, хаганот мисојски и скитски, кога дозна дека царот го минал Црното Море за да се бори со Персијанците, го раскина примирјето со Грците и, на чело со илјадници војници, стигна до Константинопол од западната страна, извикувајќи хулни гласови против Бога. Веднаш морето се исполни со бродови, а копното со пешадија и безбројни коњаници. Тогаш патријархот Константинополски Сергиј, го тешеше народот да не се предава и да не се разочарува, туку сета своја надеж од душа да Му ја предаде на Бога и на Неговата Пречиста Мајка Богородица. Исто и патрицијот Вонос, кој тогаш управуваше со градот, го направи она што беше потребно за да ги одбие непријателските војници. Тој велеше: „Треба и ние, покрај помошта одозгора, да го направиме она што е во наша моќ". А патријархот, со сиот народ, носејќи ја иконата на Божјата Мајка по бедемите, им даваше подршка. Додека Сарвар од исток, а Хаганот од запад почнаа да ја палат околината на градот, патријархот ја носеше и иконата „Неракотворен Образ Христов", чесниот и животворен Крст, како и чесната риза на Богомајката, околу градските бедеми. А Хаганот Скитјанин ги напаѓаше градските бедеми од копно со толку големо мноштво, што на еден Грк имаше по десет Скити. Но, непобедливата Војвотка (Богородица), со малиот број војници што се наоѓаа крај нејзиниот храм, наречен Извор, го уништи нивното мноштво. Тогаш Грците, охрабрени и радосни, под водство на непобедливиот Војвода - Божјата Мајка, ги победија до крај и засекогаш. Кога им предложи примирје, граѓаните одбија, а Хаганот им рече: „Не залажувајте се со Бога во кого вие верувате, бидејќи утре секако ќе го освојам вашиот град". Граѓаните, кога го слушнаа ова, ги пружаа своите раце кон Бога. Откако се договорија, Хаганот и Сарвар нападнаа и од копно и од море, обидувајќи се да го заземат градот со помош на лукавства. Но, толку беа победени од Грците, што преживеаните не беа способни да ги изгорат ни мртвите. Чунови полни со војници, минувајќи низ кривината наречена Рог, се упатија кон Богородичната црква во Влахерна, но една силна бура го разниша морето ненадејно и оваа флота беше разбиена, уништена со сите непријателски бродови. И можеше да се види тоа чудо на Мајката Божја: ги одби од брегот во Влахерна сите напаѓачи. Тогаш народот побрза да ги отвори портите и речиси сите ги испотепаа, па дури и жените и децата се кренаа против непријателот. Нивните началници се вратија, плачејќи и редејќи. А богољубивите луѓе на градот Константинов, оддавајќи и благодарност на мајката Божја, отпеаја една сеноќна песна, без седење (неседална -Акатист), бидејќи и таа самата не престануваше да бдее за нив, и со натприродна сила таа ги победи непријателите.
Оттогаш, во спомен на тоа толку големо и натприродно чудо, Црквата го прими овој празник во чест на Мајката Божја, во ова време од годината кога се случи таа победа. А се именува Акатист, бидејќи тогаш беше отслужен стоејќи од страна на свештенството и од сиот народ.
Триесет и шест години подоцна, за време владеењето на Константин Погонат, Агарените собраа огромна војска и повторно го нападнаа Константиновиот град и го опседнуваа седум години и, кога тие зимуваа покрај Кизик, тие погубија многу свои (жители). Потоа, откако се откажаа и се вратија со нивната флота, сите тие беа проголтани од морето, покрај Силое, благодарејќи на заштитата на сечистата Богомајка.
И по третпат, за времето на Лав Исавријанин, потомците на Агара, на број повеќе илјади, најнапред го разурнаа Персиското царство, потоа Египет и Либија, ги освоија и Индија, Етиопија и Шпанија. Најпосле го нападнаа и царскиот град со илјада и осумстотини бродови. Тие го опколија и чекаа да го ограбат. Но градските посветени луѓе, носејќи го чесното дрво на чесниот и животворен Крст, и чесната икона на Мајката Божја - Одигитрија (Патеводителка), ги обиколија градските бедеми, молејќи Го Бога со солзи. Тогаш на Агарените им се стори дека е подобро да се поделат на две групи: едните тргнаа против Бугарите и таму загинаа повеќе од дваесет илјади; другите беа оставени околу градот за да го заземат. Бидејќи беа спречени од веригите кои одат од Галата до градските ѕидови, тие допловија некаде до местото кое се именува Состен, но таму почна да дува северен ветар и многу нивни бродови се искршија и се потопија. Преживеаните станаа плен на голем глад, така што почнаа да јадат и човечки тела и кал. Потоа, бегајќи, стигнаа до Егејско Море, но таму се потопија со сите нивни бродови, бидејќи падна силен град од небото и го разбранува морето, така што ја распрсна и смолата на бродовите, и така изгина оваа огромна војска, од која останаа само тројца за да раскажат.
Поради сите овие натприродни чуда на Пречистата Богомајка, ние го празнуваме овој празник. А го именуваме Акатист, бидејќи таа ноќ сиот народ остана стоејќи за да ја пее химната на Мајката на Словото. Ако при пеење други песни може и да се седи, овие на Божјата Мајка сите простум ги слушаме.
По молитвите на Твојата непобедлива Мајка, Христе Боже наш, избави не и нас од неволјите што не притискаат, и помилуј не како единствен Човекољубец.

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная