Чудотворната икона на Песвета Богородица ,,Троеручица"
Св. Јован Дамаскин ја напушта Сирија и прими монаштво во прочуената Лавра на Свети Сава Осветен во Палестина. Со себе ја понел и неговата Добротворка, Пресвета Троеручица. Откако се замонашил од другите отци во Лаврата дознава дека Свети Сава Осветен, пред своето блажено упокојување (VI век), дал заповед покрај неговиот гроб да ја прицврстат неговата ,,патерица” т.е. игуменскиот стап.