логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ИНТЕРВЈУ НА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ Г. ГЕОРГИЈ

V.Georgij.intervju
СЛОБОДАТА НЕ Е ДОБИЕНА ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ, БОРБАТА ЗА НЕЈЗИНО ЗАЧУВУВАЊЕ Е ПОСТОЈАНА!


Во своето прво интервју за МИА, како нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј испраќа силна порака за значењето на духовната и националната слобода. Вели дека борбата за слобода не завршува со нејзиното освојување, туку продолжува секој ден преку одговорност и посветеност. Повикува на заедништво, вера и почит кон вредностите кои нè поврзуваат како народ.


МИА: Неодамна, на големите празници Петровден и Павловден се официјализираше вашето преземање на должноста митрополит на Дебарско-кичевската епархијa. Кои се првите предизвици со кои се соочивте?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Како резултат на мудрото раководење од страна на претходниот надлежен архиереј Дебарско-кичевски, блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, се соочив со средена епархија, посветено свештенство, бројно монаштво, верен народ. Во тек се првичните запознавања со состојбите во епархијата, посети на цркви и манастири, средби со претставници од црковните одбори, но најголемото внимание е посветено врз црковните богослужби. Претстои период на празници, веќе се закажани осветувања на завршени црковни градби, што значи дека ќе се продолжи со литургиски чествувања и посети на црквите.


МИА: Вашето назначување мина со одредени бранувања дека мошне брзо сте ги минале скалилата, од монах до архимандрит, но и со несогласувања и протести на приврзаниците на игуменот на Бигорскиот манастир, Партениј Епископ Антаниски, кои сметаа дека тој треба да биде назначен на таа позиција. Дали во меѓувреме стапивте во контакт со Партениј, кој сега е под ваша јурисдикација?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: За било кои патеки и скалила, важно е тие да се минуваат според правилата и прописите. Од друга страна, пак, многу работи во животот се случуваат поинаку од она што го очекуваме или посакуваме. Епископот антаниски Партениј е мој собрат во Христа, кому му благодарам за неговите честитки по повод синодската одлука за избор на митрополит, како и за неговото присуство, заедно со дел од неговото братство, за време на епископската хиротонија и интронизација. Ние, се разбира, се слушнавме, а наскоро и ќе се видиме.


МИА: Неодамна беше објавена базата на податоци „Верски имоти под лупа“ во која на едно место се ставени над 20.000 посебни парчиња имот со кои располагаат МПЦ-ОА и ИВЗ. Повторно се отвори прашање јавноста дали е потребно оданочување на верските заедници, кое е вашето мислење?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Најнапред, потребно е да се истакне дека имотот на Црквата е заеднички народен имот на нејзините верници од даренија во минатото и денес. Тоа што го има, колку што го има е дополнителен показател за запазувањето и грижливоста на Црквата кон она што е заедничко и покрај многуте искушенија и тешкотии, за разлика од негрижата, продажбата и разнебитувањето на многу заеднички имоти, јавни претпријатија и општествени поседи на македонските граѓани во изминатите децении.
Од друга страна оданочувањето на Црквата како правен субјект, сметам дека е сложено прашање, првенствено поради комплексниот даночен систем во кој постојат различни видови на даноци во даночната политика на државата, но и спецификата на Црквата како правен субјект, за кој практично се неапликативни одреден вид на даноци.
Во таа насока најзначајно е да постои јасна и системски издржана правна рамка во однос на даночната основа, како и даночните ослободувања за верските субјекти. Еднаш донесен во инклузивна постапка и низ дијалог Законот, треба да се применува и не треба да биде предмет на чести измени и дополнувања кои предвидуваат дијаметрално спротивни решенија, што на крај секако резултира со низа недоследности. Црквата и сега плаќа различен вид даноци, а како и за сé друго негува конструктивен приод.


МИА: Според оваа база на податоци 68 отсто од сите имоги на МПЦ-ОА припаѓаат на Дебарско-кичевската и Препанско-пелагониската епархија, а според објавеното на сајтот на епархијата изминатите 40-50 години има видливи резултати на градежен план, изградени се околу 140 нови цркви и возобновени се повеќе манастири и манастирски конаци. Кои се вашите планови за одржување и надградување на ова духовно и национално богатство?

V.Georgij.intervju1
МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Уште еднаш би нагласил дека сè што има Црквата е на народот, од народот и за народот. Сите цркви и манастири се од него градени, а ниту еден посед не е толку сенароден колку црковниот. Тоа посебно го знаат и чувствуваат луѓето во селата, каде животот во заедница, па и црковна, најјасно доаѓа до израз. Токму затоа и не престануваат градителските активности, затоа што народот знае дека создава и гради за себе, но и дека тоа што било подарено ќе остане и за следните генерации. Претходниот надлежен архиереј на Дебарско-кичевската епархија, блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, беше познат по својата градителска ревност. Во негово време црквите, манастирите и конаците го сменија својот лик, целата епархијата се преобрази. Во периодот што следи најнапред и најважно е тоа што е наследено да се запази и да се унапреди, а дури потоа, врз основа на потребите и според можностите, да се започнат и нови градби со кои, преку црквата, верниците ќе можат меѓусебно да си помагаат. Постојано пред нас треба да ни бидат поуките на свети Климент кој постојано се грижел за беспомошните и онеправданите, потсетувајќи дека „никој не заминува од овој свет со богатството и со власта, туку сите го оставаме нашиот имот и заминуваме само со делата“, затоа што „вистинско богатство е тоа што го скриваме на небесата“.


МИА: До каде е процесот за отворање на Климентовиот универзитет?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Според моите сознанија, по повремени застои, активностите поврзани со изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник се во тек. Досега главно вниманието беше посветено кон универзитетот како градежен комплекс, но, иако можеби е се уште рано, верувам дека веќе треба да се размислува за плановите, програмите, активностите, поедничени и заеднички за универзитетот. Посебно значајно го гледам местото на Богословскиот факултет, најдиректен продолжувач на тоа што на истото место свети Климент го изучувал и поучувал пред повеќе од десет векови.


МИА: Во вторникот заврши општата расправа по Предлог-законот за установи за средно образование на верските заедници со кој се предлага учениците од Богословското училиште „Св. Климент Охридски“ и од Средното теолошко училиште „Иса Бег“ да имаат право да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет. Се појавија критики во јавноста дека ова решение е противуставно и дискриминирачко, дека е удар секуларноста на државата, се проблематизира и финансирањето на овие училишта. Кое е вашето мислење?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Средното богословско училиште е основано уште во 1967 година во еден посебен систем со карактеристично уредување, кога религијата е потисната од државата. Денес велиме дека живееме во слободно демократско општество, но се почести и позасилени се обидите за ограничување и маргинализирање на верскиот израз, па и во однос на регулирањето на статусот на училиштето, прашање коешто неоправдано е оставено нерешено повеќе од една деценија.
Токму затоа загрижуваат тенденциозните обиди за неоправдани ограничувања во однос на новиот закон. На пример, за мене е сосема неразбирливо како Мрежата за заштита од дискриминација е против изедначувања на правата на учениците во верските училишта, иако тоа веќе јасно е одамна предвидено во Законот за верските заедници каде стои дека „верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи и нивните ученици и студенти ги имаат истите права и обврски“. Односно, кого ќе го заштитиме од дискриминација со тоа што ќе ги дискриминираме овие ученици? Зарем не треба да погледнеме како тоа го имаат решено и другите секуларни европски држави? На пример, во европските, но нам блиски земји, Романија и Бугарија, секуларниот принцип не попречил средните богословски училишта да бидат целосно интегрирани во државниот образовен систем.


МИА: Предизивиците на нашето време меѓудругото се и интернетот, социјалните мрежи, вештачката интелигенција, кои сами по себе се неутрални, но човекот не е, па може да ги употреби или злоупотреби. Неодамна владиката Петар им забранил на свештениците од неговата епархија да поседуваат профили на социјалните мрежи. Дали е потребна забрана или поголема свесност?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Секој надлежен архиереј постапува согласно проценката на состојбите во својата епархија. Инаку, секој дар, секоја придобивка, секој изум може да се користи и за добро, и за зло. Социјалните медиуми можат добро да послужат за пренесување на Христовата евангелска порака, но да бидат и моќна алатка за создавање поделби, површност во верата и отуѓеност меѓу луѓето. Токму затоа, употребата на овие платформи за црковна намена бара огромна одговорност и разумност.


МИА: Поделбите се карактеристика на овој свет, поделби има и во православниот свет, како до поголемо единство?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Потребно е да се прави разлика меѓу поделби и различни ставови по определени прашања. Разговорите и опсудувањата отсекогаш биле составен дел од историјата на Црквата, а истите честопати се покажале дури и како многу полезни во изнаоѓање на најдобрите решенија. Најважно е притоа, и покрај различните пристапи или видувања по некои формални прашања, да е запази црковното единство. Синодот на нашата Црква го сочинуваат мудри, совесни и искусни владици, кои дури и да имаат различни мислења и ставови, за важните и одлучувачки прашања за Црквата секогаш биле единствени.


МИА: Наскоро престои празникот на пророкот Свети Илија, но и 2 август - Илинден, Денот на републиката, која е Вашата порака?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Да се потсетиме дека свети Илија се борел за вистината, мирот и правдата, застанувајќи секогаш на страната на понижените и угнетените. Затоа и нашиот народ го чествува светиот пророк како симбол на борбата за правда и слобода. А вистинската слобода не се добива еднаш засекогаш, но со нејзиното освојување започнува постојана борба за нејзино зачувување. Затоа сите ние сме повикани одговорно да ја чуваме и нашата духовна, но и национална слобода, а нашиот подвиг за нејзино запазување, и трите Илиндени, сè уште продолжува.


МИА: И за крај што за вас било или е најпредизвикувачки – да образувате млади кадри како професор на Богословија, да водите црковна дипломатија или да управувате со епархија во чиј состав има 14 општини, 5 градови и 262 села и во која се наоѓаат некои од највредните духовни бисери на Православниото христијанство?


МИТРОПОЛИТ ГЕОРГИЈ: Првиот мој повик е учителскиот, и тој никогаш нема да згасне. Долгодецениската работа на нивата Господова како професор по Стар Завет ја сметам за голем дар којшто ми е дарен од Бога, зашто да се разговара за Светото Писмо со идните свештенослужители, монаси и богослови е токму тоа - голем дар од Бога.
Сепак, скорешно преземената одговорност не ми дава простор за избор. Моето внимание целосно е насочено кон црковниот живот во епархијата, кон потребите и проблемите, кон ограничувањата, но и кон можностите. Овде затекнав добро подготвено свештенство, но и ретко верен народ, народ кој живее црковно, народ кој ја сака и почитува Црквата. Овде се гледа оставштината на светите Климент и Наум, видливо е наследството на славната црква од Охрид низ вековите. Одговорноста е уште поголема затоа што Охрид е град - црква, сенародно светило и Божјо светилиште, нашиот лик преку кој светот нè препознава.


__________________
Превземено од порталот миа.мк

фб Тодор Петров



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1622
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1875
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4075
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/07/2025 - недела

Светиот апостол Акила; Преподобен Елиј; Преподобен Никодим Светогорец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 27 јули/ 14 јули 2025

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 27 јули/ 14 јули 2025

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули  2025

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули 2025

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули   2025

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули 2025

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная