Митрополит Методиј: ХРИСТОС СЕ РОДИ! (06.01.2016)
Божиќните празнувања кои сите ние секоја година со нетрпение ги очекуваме, за своја основа го имаат воплотувањето Христово, кое пак е средишна точка на мистичното откровение на божјата милост. Рождеството Христово е печат на љубовта на Бог Отец преку која Тој ја покажа неизмерната грижа за Своето создание.