Проф. Илија Велев: Свети Кирил и Методиј кодификатори на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик
Токму врз изворните словенски цивилизациски вредности што ги афирмирале св.Константин-Кирил и Методиј се надоградува и континуитетот на македонскиот словенски културноисториски идентитет, напојуван од делото на најистакнатите Кирилометодиеви ученици и нивни следбеници св. Климент и Наум Охридски, како и од нив формираната Охридска духовна и книжевна школа.