Еднаш, во некој манастир, кај преподобниот отец дошле монаси и го запрашале:
– Оче, често луѓето нè прашуваат: „Има толку многу цркви на оваа наша грешна земја, која од нив е спасоносна?“
Преподобниот отец одговорил:
– Одете и однесете дрва крај мојата ќелија, но повеќе.
По некое време, монасите донеле дрва. Секој донел колку што можел. Почнало да се смрачува. Затропале на вратата кај старецот, тој изглегол и видел натрупани дрва.
– Запалeте оган, – рекол старецот.
Се спуштила ноќ, но добро се гледало, затоа што пламенот бил голем.
Седнале послушниците покрај и молчејќи чекале – што ќе направи старецот следно?
А преподобниот отец му рекол на еден од нив:
– Земи една цепаница од огнот и фрли ја настрана.
Послушникот го направил тоа што му било наредено – зел цепаница која горела и ја фрлил настрана. Таа паднала на земја и постепено се угасила. Лежела на земјата и веќе не горела.
А оганот горел, ги осветлувал луѓето… Поминало малку време. Повторно преподобниот отец им рекол:
– Извадете цепаница од оганот и фрлете ја настрана.
Повторно така направиле. Во меѓувреме, почнало да се разденува.
Старецот станал и, покажувајќи им ги на послушниците угасените и расфрлените цепаници наоколу, рекол:
– Овие се црквите, кои отпаднаа од Христовата Црква. За нив и прашавте. Како што огнот ги напушти тие цепаници, така и Божјата благодат ги напушти тие цркви.
Потоа се свртел кон оганот и рекол:
– А ова е Светата, Соборна и Апостолска (Православна) Црква. Мал е оганот, но постојано гори и свети.
Додека тоа го говорел, изглегло сонцето, осветлило сè наоколу, а преподобниот отец продолжил:
– Така до крајот на векот ќе постои и Светата, Апостолска и Соборна Црква, чувајќи го своето учење во потполност, додека Христос не дојде во сета Своја слава да им суди на живите и на мртвите.
Извор: Која Црква спасава?