Поука на денот (24.12.2015)
- Значи, старче?
- Гол е оној кој нема врска со Црквата, а невооружен е христијанинот кој нема допир со Христос и
Светите Тајни, молитвата, исповедта, Светата Причест.
- Значи, старче?
- Гол е оној кој нема врска со Црквата, а невооружен е христијанинот кој нема допир со Христос и
Светите Тајни, молитвата, исповедта, Светата Причест.
„Нека не помине ни еден ден во твојот живот“, ми кажа еднаш еден Светогорец, „во кој ти вечерта пред да заспиеш нема да Му се обратиш на Бога: ’Господи, проти ми ги грешките што ги правам секој ден и што ги направив денес!‘ “ Никогаш не го заборавај тоа. Не заборавај дури ни на еден ден дека ти си грешен,...
Преподобниот Пајсиј беше многу загрижен поради промената на календарот во Грција. Беше загрижен поради многуте проблеми што оваа промена ги предизвика и се молеше за нивно разрешување. Беше особено загрижен поради групите што ги создадоа „Старокалендарците“ и што дејствуваа самостојно, без благослов на Вселенскиот Патријарх и без заедништво со Помесните Православни Цркви.
„Еврејската населба на источниот брег на езерото Кинерет е голема реткост“, вели проф. Арци. „До ден денес кај нас немаше никакви докази дека еврејските населби, коишто исчезнаа со тек на време, всушност постоеле во текот на тој период на брегот на Кинерет, со исклучок на Мигдала (Магдала)“.
Вo врeмeтo кoга св. Никoн Сув им рoбувал на Татаритe, Татарoт сe разбoлeл дo смрт, па глeдајќи дeка наскoрo ќe умрe, на свoитe синoви им нарeдил пo нeгoвата смрт да гo распнат рoбoт Никoн на крст над нeгoвиoт грoб. Нo св. Никoн прoзрeл вo иднината и видeл дeка oвoј нeгoв сурoв гoспoдар ќe сe крсти,...
Во документот е искажана „вознемиреноста на Сета Гора Атон поради грозното отклонување (сега и на законско ниво) од началата и вредностите коишто го градат темелот на православниот идентитет и грчката култура“:
Календарот – што може да биде попознато и појасно? Ете тоа на часовникот е очигледно денешниот датум 22 декември 2015 година. Но нашето знаење почнува да се двоуми кога ќе ни кажат дека денес всушност не е 22 декември, туку 9 декември по црковен календар. И годината не е 2015, туку 7523 сметано од создавањето на светот. Ах, таа календарска бркотница!
Осудувачот, укорувачот, злопамтилото и горделивиот нема да биде наследник на Божјото Царство. Ако таквиот не се исправи, тогаш нема да го одмине огнената геена.(Преподобен Јосиф Оптински)
Гардијан го прогаси Јанис Бахракис за фоторепортер на 2015 година. Гркот имаше несреќа да биде блиску до двете големи приказни на оваа година: финансиската имплозија на Грците кои ја растресоа Европската Унија и бегалската драма која сè уште го збунува континентот.
Денес, на 23 декември, 2015 г, о. Василиј би наполнил 55 години. Во 1988 г, студент на престижниот факултет за новинарство МГУ, мастер на спорт во меѓународна класа, капитен на универзитетскиот тим и член на тимот на СССР по ватерполо, Игор Рослјаков дошол во тогаш возродуваната Оптинска Пустина, и останал во неа засекогаш.
Направивме промоција, собравме пари, купивме подароци и отидовме кај децата. Вредеше.
Тешкотијата да соработуваме со ближниот секогаш произлегува од недостигот на молитва и на љубов! Како што вели Свети Силуан, може да се случи и покрај огнените молитви, напредокот да биде тежок. Покрај тоа, откако успееме во повикот на Името Исусово да заживееме цврсто со некоја личност,...
Сите ние дома имаме книги кои веќе сме ги прочитале и оставиле на некои од полиците каде фаќаат прашина. Оваа сабота ќе имате одлична можност токму тие книги да ги подарите со цел да се формира библиотека за пациентите на болничкиот оддел на УКРО – Универзитетската клиника за радио – терапија и онкологија во Скопје.
Кога се вратија во нивната келија, им кажаа на старците што им се случи; старците им кажаа каква епитимија им следува. Но, другиот брат ја трпеше епитимијата не поради себе, туку заради гревот на неговиот брат, како сам да погрешил. Бог, гледајќи ја неговата ревност и милостина, после неколку дена, на еден од старците му откри...
Во едно семејство може бабата или дедото да извршиле некакви неправди и тие самите да се добро, но децата или внуците нивни да страдаат. Се разболуваат и се принудени да потрошат по лекари сѐ што е собрано со неправда, за да платат за своите претци. Еднаш, на едно семејство што го знаев, им се случија многу испитувања.
Телесната болест можеме да ја откриеме врз основа на видливите симптоми. А според симптомите, кои ја издаваат зависта, лесно го препознаваме човекот, кој живее под нејзината власт. На крај, големо проклетство, големо безумие и голем злочин е да се завидува на другите луѓе. А што, всушност, е зависта?
Но во последно време таму во џамиите почнаа да се шират повици, за уништување на христијаните, за обезглавување на христијаните. Тоа го немаше порано. Тоа го немаше за цело време на постоење на Црквата таму: не само во последно време, туку за сите 150 години, колку што е таму присугна Русија, колку што присуствува Православната Црква.
Сите сме чуле за онаа народната, дека сме толку во неред како „село без кучиња„. Да, нашето срце оддадено на страстите кои толку се вкорениле во него што лесно им овозможуваме на демоните да прават неред во нас, бидејќи не бдееме и не го чуваме нашето срце, и така стануваме пример за неред, а нередот укажува на хаос, а хаосот на ништовност и непостоење, т.е. на пеколна состојба.
Свети Николај присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Од голема ревност кон вистината, го удрил со рака ересијархот Ариј. Поради тоа бил отстранет од Соборот и од архиерејската служба сè додека на неколкумина водечки архипастири не им се јавиле Христос Бог и Богородица мајка за да им го објават своето благоволение спрема Николај.
На 19.12.2015 година, кога Црквата го слави Св. Николај Мирликиски Чудотворец, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот „Св. Никола“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Мирко Станковски,...