БОГ И АСТРОНОМИТЕ

Ова е еден извонредно чуден развој, неочекуван за сите освен за богословите. Тие отсекогаш го прифаќале словото на Светото Писмо: „На почетокот Бог ги создаде небото и земјата“. На тоа блажен Августин додал: „Кој може да го разбере ова таинство или некому да му го објасни?“ Ова е неочекувано, бидејќи науката имала неверојатен успех во откривањето на синџирот на причина и последица назад во времето....







![article-1329943-0C16412D000005DC-361_964x634[1]](http://365.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/article-1329943-0C16412D000005DC-361_964x6341.jpg)












Тоа што сум јас монах, а ти не си, не значи ништо. Бог подеднакво го слуша и монахот и човекот од светот, под услов и двајцата да се вистински верници. Бог бара срце полно со вистинска вера, во кое ќе испрати од Својот Дух, зошто во човечкото срце е Царството Божје.
Црквата е место каде што просторот е исполнет, место на изобилие од слобода и љубов, на вистински спокој, на длабоко вдишување. Таа е простор каде што душата дише длабоко, каде што срцето нормално ти отчукува, каде што не трепериш, ниту, пак, стравуваш, каде што твоето сопствено јас е вистинско, автентично, чесно и искрено.
Внимавај на себе, свештенику, и на оние кои ќе ги учиш, и гледај на службата која си примил да ја исполнуваш; бидејќи не ти е доверена земска служба, туку небесна; не човечка, туку ангелска.


























