Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?
Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.
Светите Апостоли не служеле во посебни свети сосуди, туку во сосуди што им се наоѓале при рака. Ние, денес, ако тие не се од сребро и не се осветени, не сакаме ни да ги погледнеме.






А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување и да допуштиме Божјото Слово и Светиот Дух да се вселат во нас, зашто, според зборовите на светиот апостол Павле: „Се е од Него, преку Него и во Него". Амин!
Треба да правиме разлика помеѓу Оној Кој секогаш е Господар, и во вечноста и во времето, и оној кој е господар само кога некој му служи, и тоа само времено. Нашиот Бог – Света Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух, Е Господар без оглед на тоа дали ние Нему Му служиме или не. 
„Погледни го човекот кој сака да тера по свое. Неговата душа никогаш нема мир. Тој секогаш е незадоволен – ова не е во ред, ова не е како што треба… Но човекот кој е потполно предаден на волјата Божја може да се моли со чист ум. Неговата душа Го љуби Господа, и за него сè е пријатно и прифатливо.
Ако човекот е навикнат на злото, тој тоа го смета за нешто нормално, за природна состојба, а доброто му се чини некако неприродно, вознемирувачко, невозможно. Додека, пак, ако човекот е навикнат на доброто, тој тоа го прави не затоа што мора, туку затоа што не може да не го стори тоа, исто како што човекот не може да не дише, а птицата да не лета.


Помисли, каде и во кое земно задоволство ќе најдеш мир и одмор? Каде ќе најдеш внатрешен мир и трајна радост? Можеби во славата? Но, денес си почитуван, а утре намразен. „Секој човек е трева, сета слава негова е како полско цвеќе. Тревата се исушува, цвеќето овенува, штом ќе дувне врз него здивот на Господ” (Ис. 40, 6-7). Но, можеби во богатството?
И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да ги приведе луѓето кон спасение. Духовниот отец е, всушност, сведок Христов и истерувач на демони, па затоа и ловец на луѓе – заробеници на демоните.
Ден ни осамна

Го имаше дарот да проѕира во иднината, совршувајќи служби за луѓе што се навидум со одлично здравје, а за кои тој знаеше дека им претстои скора смрт. Тој се појави крај постелата на верник пред умирање кој се молеше Владиката да дојде, иако болничкиот персонал одби да го повика. Причести со Светите Христови Тајни една жена што умираше од беснило, а таа веднаш потоа доби напад, устата ѝ се запени и ги поврати Светите Дарови.
Офкањата на постар пациент се слушаат во одделот на големата државна болница во Украинскиот град. Канцерот е широко распространет. Болките се ужасни. Лековите не се доволни. Буден дење и ноќе, пациентот ја чека смртта како откуп. Многупати го достигнува работ на смртта, но изгледа како рамнодушен. Веќе со месеци е во борба помеѓу живот и смрт.
Додека размислуваше за ова, си велеше во себе: „Она што планирам да го направам е голем грев, свештенството е служба над службите, ангелите се поместуваат за да помине свештеникот, а јас сакам да се распопам? А ако дознае за ова старец Симон, ќе умре од грижи за мене. Неговото духовно чедо, така да направи? Ќе почекам, додека тој да умре, па после ќе се распопам“.

























