Покана по повод осветувањето на манастирот „Св. Наум Охридски“ во н. Радишани
СКОПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА
во рамките на одбележувањето на 50 годишнинта од возобновувањето на автокефалноста на
Охридската архиепископија како Македонска православна црква, Ве поканува на осветувањето на новиот храм
„Св. Наум Охридски“ - во населбата Радишани - Скопје.



Во сите времиња човечката душа била бојно поле меѓу доброто и злото, и нашето доба не е исклучок. Згора на тоа, денес злото, за што сведочи разурнувачка дехристианизација на Западна Европа и зајакнување на меѓународниот тероризам, дејствува особено активно, користи се полукави методи, знае да стави привлечна обвивка и да ги менува вистинските вредности со лажни.
Во среда, на 18.10.2017 година, со почеток во 19:00 ч. во салата на соборната црква „Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи отварање на изложбата на витражни икони „Светоносен иконостас“, од упокоениот полски православен иконописец Адам Сталони Добжански (1904-1985). Изложбата, која ќе трае до 2.12.2018 г.,е организирана под покровителство на Неговата екселенција амбасадорот на Република Полска во Скопје,
Делегација на Факултетот за безбедност-Скопје предводена од продеканот за наука и развој доц. д-р Марјан Ѓуровски, а во чиј состав беа Раководителот на Катедрата за општество-политички и правни науки проф. д-р Цане Мојаноски и доц. д-р Александар Иванов оствари посета на Богословскиот факултет „Св.Климент Охридски„-Скопје придружна членка на Универзитетот „Св.Крил и Методиј„-Скопје и беше применa од Деканот проф. д-р Ѓоко Ѓорѓиевски и продеканот за настава доц. м-р Петко Златевски.





во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.



Нека е благословен Господ Бог Кој и годинава благоволи по завршувањето на безгрижните летни одмори да отпочне уште една година на освојување на нови и проширување на веќе стекнатите знаења. И додека за некои од вас овој септември означува почеток на долгиот период на учење и образување, за други ова е почеток на последната година од истиот тој процес.























