логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 jubilejmpc17 1

 

Објавено: 02 Октомври 2017

„...Но печалната и мрачна пустиња ми изгледаше светол, радостен, земен рај, кога низ умо ми минуваше во каква состојба се наоѓа мојата татковина, а посебно мојата Струмица, како ги гледаш нашите попови до еден како служат на грчки, а не знаат ниту една грчка буква: ги гледаш во црквата како зборуваат „кириелејсон“ а пак не знаат што зборуваат, а за другите заблуди од таквите простотии да не зборувам, бидејќи не сум во состојба да ги набројам. За сето ова е криво укинувањето на Охридската архиепископија. Кога се сетам, проливам горки солзи и самиот си зборувам: Господи не сакаш ли некогаш да се смилостивиш и над нашиот народ и да го избавиш од таа окајана служба, откако му ја вратиш неговата црква...“ (извадок од писмото на Антим Ризов - Зографски, голем македонски интелектуалец на XIX век).

Овој извадок на струмичанецот Антим Ризов, заедно со Прличевата „1762 лето“, од Охрид па до Струмица, и горе на север и долу на југ,го отсликуваат гласот на измачениот македонски народ, кој жеднеел за своја црква и држава. Свеста за возобновувањето на Охридската Светиклиментова архиепископија во овие години на XIX век, силно се развивала кај македонската интелегенција, но и кај сиот македонски народ. Свесни дека само возобновувањето на славната Охридска столица ќе биде единствениот гарант за идентитетот на македонскиот народ, нашите преродбеници се бореле на секој можен начин да ја промовираат идејата за возобновување на Светклиментовата црква, за што, неминовно, поднесувале и големи жртви. Но, овие жртви биле семето за раѓање на нови маченици и херои, кои беспоштедно и со сета сила ќе се борат за своја црква. Такви херои биле и учесниците на Третиот црковно народен собор од 1967 година, кои конечно успеале да ја реализираат оваа долга и мачна борба на македонскиот верен народ. Слушајќи го гласот на паствата, на својата заедница (Црква), учесниците на овој собор носат историска одлука за возобновување на славната Охридска архиепископија, во лицето на Македонската православна црква. Со тоа, не само што се исправува долгогодишната неправда кон македонскиот народ, туку конечно верниот народ добива свештенство кое ќе го поучува на вистините на православната вера на свој мајчин јазик, а нема да се занимава со каква и да е туѓа пропаганда.

jubilejmpc17 4

По Педесет години од донесувањето на оваа одлука, седиштето на Охридската архиепископија беше местото каде што се собравме да го прославиме овој голем Јубилеј за нашата света Македонска православна црква. Прославата на Јубилејот започна на 30 септември, со Воскресна вечерна богослужба, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, на која што чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, во сослужение на архимандритите Нектариј и Јаков, свештеникот Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Саше Ристов и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната богослужба, се одржа свечена духовна академија во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, на која покрај прекрасните изведби на хорот „Св. Климент Охридски“ од Скопје, збор зеде и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

jubilejmpc17 7

Торжествата продолжија утредента, на 01 октомври, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Архиепископот Стефан, во солужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел, Методиј, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф, Епископот Климент, архимандритите Нектариј, Никола, Григориј и Јаков, протоереј-ставрофорите Спасе Стефановски, Ѓорѓи Кацарски, Стојче Ристевски, Јован Таковски, Ацо Гиревски, Никола Грамбозов, Никола Христоски и Игор Никовски, игуменот Агатон, протоереите Кирко Велински, Васко Голабоски и Маријанчо Мадески, свештеникот Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконите Ратомир Грозданоски, Саше Ристов, Николче Ѓурѓиноски, Влатко Стојменов и Драган Ѓорѓиевски и ѓаконите Александар Димитријов и Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Повардарски Агатангел се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

 jubilejmpc17 12

jubilejmpc17 26

 

Беседа на Митрополит Агатангел

Ваше Блаженство, Ваши Високипреосвештенства, Ваше Преосвештенство, почитувано, чесно и богољубиво свештенство и монаштво, драги браќа и сестри...

Долг, трновит и полн со искушенија бил историскиот пат на македонскиот народ во остварувањето на вековниот идеал за национална независност и црковна автокефалност. Бројни биле жртвите и житејските откажувања на нашите славни предци и духовни првенци, при нивната упорна и трпелива борба против тиранијата и отфрлувањето на цврстиот јарем на ропството и неслободата. Овие наши духовни првенци, водејќи се од Евангелското начело дека нема поголема љубов од онаа да се положи животот за својот ближен, свесно ја жртвувале својата младост и својата иднина, оставајќи во нашите сеќавања сведоштво достојно за најголема почит, пример за чесност и патриотизам и цврст темел врз кој како народ ја ѕидаме истрајноста во Божјата правда и спасоносната вистина. Затоа, денес, со духовен трепет и восхит стоиме простум во Балканскиот Ерусалим, во древниот Охрид, и со огромна радост, почит и благодарност се потсетуваме на неповторливите дела на оние кои со своето Христољубие и Човекољубие ги осениле и прославиле нашата татковина Р. Македонија и нејзиниот носечки столб Македонската православна црква.

Христијанството во Македонија и неговите спасоносни вистини се посеани и проповедани уште во апостолско време. Плодовите од ова прекрасно разгрането дрво илјадници години го хранеле и во доброто го воспитувале овој народ. Пораките на апостолите за љубов, мир и духовна благосостојба и ден денеска се длабоко врежани во срцата на православниот Македонец. Врз нивната основа тој ја градел и разубавувал својата Црква, го унапредувал во побожноста својот духовен живот, творел и создавал вредности кои оставиле печат не само на неговото национално битие и идентитет, туку и со својата значајност ја обележале и задолжиле светската и европската цивилизација. Почнувајќи од мисионерските патувања на светиот Апостол Павле, преку возвишените градителски дела на светиот цар Јустинијан, со просветителската дејност на Светите Браќа и нивните Свети ученици, преку пожртвуваноста и пастирската посветеност на македонските црковни и народни преродбеници, па сé до храбрата одлука на нашите духовни патријарси за возобновување на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, македонскиот народ, како пример и поддршка во своите постапки го имал Воскреснатиот Христос и сé што создавал низ вековите го правел во слава и величие Божјо. Евангелието и Христовите пораки кои произлегуваат од Него, се нитките од кои е исткаено македонското национално битие. Сетиклиментовото духовно наследство, како најголема духовна скапоценост, неизвалкано и со многу љубов и пиетет се чува во пребогатата национална и духовна ризница.

Драги браќа и сестри, од Христос е пазено и благословено ова парче земја, а од Неговата Света Мајка - Пресвета Богородица е закрилуван овој напатен и страдален народ. Стотици години и векови во трпение се вежбал овој народ, претрпел секакви навреди и понижувања, и од надвор и од внатре ги издржал сите неправди и порекнувања, но на Бога хула не му фрлил, на злото со зло никому не му возвратил, неправдите не ги злопамтел, на мали и скромни вредности се радувал, слободата ја сонувал, на човечки правдини се надевал. Затоа, слушајќи ги молитвените повици од длабочината на македонската душа, погледна Севишниот Бог од Неговите небесни височини и во Охрид, пред точно 50 години, ги собра нашите славни патријарси, ги просветли, ги умудри и им посочи дека е исполнето времето кога треба правдата да се исправи, а Нивата Господова со добро слово и корисни постапки да се изора, за да роди нови плодови и дела возвишени, паметени и чувани од сите идни поколенија. Овде, во црквата „Св. Климент" на Божествената литургија на 19 јули 1967 година, по барање на целото свештенство и верниот македонски православен народ, Светиот Синод ја прогласил наследничката на обновената Охридска архиепископија - Македонската православна црква за автокефална. Оваа историска Одлука за автокефалност на нашата Света Црква е втемелена врз нашето славно црковно минато, врз многувековните напори за возобновување на црковната автокефалност на сите наши видни национални и црковни дејци, како и врз духовните и пастирски потреби на македонското свештенство и македонските верници и овде во татковината, но и во дијаспората. Прогласената автокефалност на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, насекаде, со нескриена радост и одобрување била прифатена и пречекана од македонските православни верници. МПЦ - ОА во овој период од 50 години и овде во татковината, но и во дијаспората, изгради стотици нови Божји храмови, манастири, просветни центри и парохиски домови, каде во љубовта и доблеста духовно се напредува. Овде, со Божја помош и закрила, се спасува душата на конкретниот верник, но и слободно се унапредуваат и негуваат националните чувства и потреби на Македонците. Македонската православна црква следејќи го благочестивиот и свет пример на свети Климент Охридски достојно ја продолжува неговата просветителска мисија градејќи сопствени просветни институции, од каде произлегуваат идните свештенослужители, мисионери и вероучители кои го шират Словото Божјо, активно работат на македонската Нива Господова и успешно ја утврдуваат православната христијанска вера меѓу од Бога доверениот ни македонски православен народ. Македонското православно свештенство, во сите времиња и историски епохи, татковски е поврзано со секој верник без разлика на неговата национална и јазична припадност. Секој од нив ја смета МПЦ - ОА за своја духовна мајка и столб и тврдина на Божјата правда и вистина. Преку издавачката дејност и секојдневното богослужение во нашите велелепни храмови, се допира до секоја душа, која има потреба да се напие од живата вода на спасоносното Христово учење. Под јурисдикција на МПЦ - ОА денес постојат многубројни манастири со над сто и педесет монаси и монахињи, кои со многу љубов, труд и посветеност ги негуваат и чуваат Христовите евангелски пораки и го живеат древното светоотечко предание. Нивниот духовен подвиг, како светило на врв планина ја осенува секоја христијанска душа и нивната светлина надалеку ги фрла своите спасоносни зраци, па мнозина препознавајќи ја нивната скромност и мудрост со многу радост го величаат Бога во нивните срца и со многу усрдност Му благодарат за нивната светост и посветеност. Во Македонската православна црква литургискиот и активниот христијански живот ги дава своите најубави благодатни плодови. Колку е милостив и благонаклонет Бог кон своите македонски чеда видливо е и од неодамнешното канонизирање и вбројување во светиите на Епископот Велички Гаврил Светогорец и преподобните оци наши Јоаникиј Ракотински и Кипријан Слепчански, кои во времето во кое живееле на македонскиот богозаљубен православен народ му биле светилници на љубовта и доблеста и достојни учители во благочестивоста. По нивните молитви и по молитвите на сите македонски светители Господ Бог нека ја чува и закрилува секоја македонска душа и нека ја крепи и запазува автокефалната Македонска православна црква - Охридска архиепископија во вековите кои доаѓаат.

Драги браќа и сестри, живееме во време исполнето со бројни неизвесности. Пред македонскиот народ и неговата света мајка МПЦ - ОА престојат години во кои е потребно да се пребродат големи предизвици и искушенија. Посветеноста кон вистољубието и правдољубието не треба никогаш да изостане од нашите срца. Христос е нашиот пример, нашата смисла и нашата светлина. Од Него ја црпиме нашата духовна сила, во Него е сета наша надеж. Нека ни дава Господ духовни сили да ги унапредуваме старите и да создаваме нови духовни вредности кои ќе ја подобрат нашата благосостојба и морално и духовно ќе ја воздигнат личноста на секој поединец, без разлика на неговото национално потекло. Нашиот штит нека ни биде трпението, а нашето копје божествената мудрост. Усвојувајќи и живеејќи ги овие доблести безбедно ќе пристигнеме во мирното пристаниште и ќе оставиме уште еден светол историски пример кој долго со благодарност и почит ќе биде паметен од идните генерации Македонци. Како верен христијански народ, кој во целост се потпира на Божјата промисла никогаш не треба да паднеме со духот, без разлика на тоа какви штетни предлози ни нуди и на какви разединувачки договори нé присилува овој свет воден од неговата огревовеност и острастеност. Наша предност и обележје отсекогаш било единството. Она што Бог го изградил и благословил, силите на темнината не можат да го разрушат и да го уништат. Македонскиот православен народ како дел од Македонската православна црква уште многу години на Бога ќе му принесува слава и дарови на благодарност. Да престојуваме во добродетелите драги браќа и сестри, меѓусебно да си подадеме рака како народ Божји. Водејќи се од нашите духовни дарби заедно да работиме на преуспевање, напредок и духовна благосостојба во нашето македонско општество и како достојни наследници на Свети Кирил и Методиј и на нивните Свети ученици, со многу љубов да ја унапредуваме и пазиме автокефалноста и светоста на нашата Света Македонска православна црква и како таква чиста и неосквернета да ја предадеме на идните наши поколенија.

На мноја лета!

Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)

jubilejmpc17 6

 jubilejmpc17 5

 jubilejmpc17 8

 jubilejmpc17 9

jubilejmpc17 11

 jubilejmpc17 13

jubilejmpc17 14

jubilejmpc17 15

jubilejmpc17 16

jubilejmpc17 17

 jubilejmpc17 18

 jubilejmpc17 19

 jubilejmpc17 20

 jubilejmpc17 21

jubilejmpc17 23

jubilejmpc17 24

 jubilejmpc17 25

 jubilejmpc17 27

 jubilejmpc17 28

jubilejmpc17 29

jubilejmpc17 31

 jubilejmpc17 32

 jubilejmpc17 33

 

Извор: Дебарско-кичевска епархијаИзвор: Дебарско-кичевска епархија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная