На 18.09.2017 година, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во црквата посветена на светиот Јован Крстител отслужи молебен за почеток на новата академска година.
На молитвениот собор присуствуваа Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, ректорот на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, поранешниот ректор на истиот Универзитет, проф. д-р Велимир Стојковски, деканот на богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, бројни универзитетски професори, и студентите од богословскиот факултет.
Извор: Скопска епархија
18-ти септември 2017 лето Господово