логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 jub502017 1

Објавено: 17 Септември 2017

jub502017 2

„Додека адот плачеше што гробот е отворен, Марија им викаше на скриените апостоли: Излезете, работници на лозјето, проповедајте ја веста за Воскресението: Воскресна Господ, Кој на светот му дарува милост голема“ (седален глас 6-ти во Недела на Утрена).

jub502017 3

Веста за воскреснатиот Христос била најсилната потврда за вистинитоста на Христовото учење, зашто ако Христос не воскреснеше, залудна ќе беше нашата вера. Овој настан, како круна на искупувањето на човековиот род, ќе биде семето за создавањето на Црквата Христова, во која еве, веќе повеќе од 2000 години, се проповеда Христовото учење, како единствена вечна вистина која го отвора патот на спасението. Токму затоа, и Марија им вика на апостолите: излезете, работници на лозјето, проповедајте ја веста за Воскресението. Овој повик, освен што непосредно се однесува на апостолите, тој се однесува и за сите христијани од сите времиња. Особено, пак, овој повик им дава должност за проповед на епископите, како директни наследници на апостолите Христови.

И навистина, Воскресението Христово, како залог за воскресението на човековиот род, стана основа на проповедта на апостолите и на сите нивни наследници од сите времиња. Таа проповед се манифестирала на безброј начини: од проповед со зборови, дела и покрстување, до проповед со пустински и осаменички живот, па сѐ до проповед со безброј маки и мачеништва.

Денеска, во време на слободен говор и слобода на исповедување на верата, во време кога Црквата слободно може да ја проповеда најрадосната вест, овој повик уште повеќе нѐ обврзува да бидеме погласни во нашата проповед. Не гласни само во зборови, но гласни и во сите наши дела за афирмација на светата Црква Христова.

Повикот на апостолите станал сериозен призив и за нашиот духовен патеводител, богољубивиот и трудољубивиот Митрополитот Тимотеј, кој веќе 36 години, мудро ја води светата Дебарско-кичевска епархија. Формирана пред педесет години, и речиси без ништо, денеска нашата Епархија е пример за високо организирана црковна заедница, во која освен што се зачуваа многуте непроценливи храмови, изградени од дамнина, денеска изобилува со многу нови цркви и манастири, постојано посетени од многуброен верен народ, со високо образувани свештеници, и со многубројно монаштво. Ова возобновително дело на нашиот Митрополит, денеска, по не знам кој пат, повторно се посведочи со осветувањето на возобновената трпезарија и конак од XIV век, во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во с. Кнежино, Кичево.  

Освен овој повод за нашето денешно собрание во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во с. Кнежино, повод беше и големиот 50 годишен Јубилеј од прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и 50 години од формирањето на Дебарско-кичевската епархија. Прославата на овие три големи настани, започна на 16.09.2017 година, со свечена воскресна Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Горан Ставрески и Александар Матески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое се осврна на делото на Митрополитот Тимотеј, како пример за сите архиереи кои сакаат да го следат.

jub502017 5

Прославата продолжи утредента, со света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел и Иларион, епископот Климент, архимандритите Нектариј и Партениј, игуменот Јаков, протоереј-ставрофорите Тоди Јован, Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоереите Стевчо Тошевски и Васко Голабоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Александар Матески и Роберт Илијевски, протоѓаконите Ратомир Грозданоски, Саше Ристов, Николче Ѓурѓиноски и Драган Ѓорѓиевски и ѓаконите Дејан Борисов, Сашо Целески, Христијан Костоски и Александар Димоски. По завршувањето на Литургијата, беше осветен новиот конак, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме.

Денешниот ден стана особено радосен и за г-дин Димитрија Наумоски од Кичево, кој поради својата исклучителна заложба во градењето на новиот конак, беше одликуван со Орден на свети Наум Охридски од прв ред. Орденот лично му го додели Митрополитот Тимотеј.

jub502017 25

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Ваше Блаженство, Ваши Високопреосвештенства, Преосвештен Владико, високопреподобни архимандрити, игумени, пречесни протоереи и ереи, протоѓакони, ѓакони и ероѓакони, почитувани гости претставници на нашата власт, драги браќа и сестри,


Ми претставува чест и задоволство, како архиереј на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, што можам да ве поздравам и да ви посакам добредојде во овој старо – нов манастир. Да ви посакам добредојде на овој Педесетгодишен јубилеј од автокефалниот живот на нашата црква, како и од возобновувањето на Дебарско – кичевската епархија.


На самиот почеток искажувам најголема благодарност на Господа Христа што ми даде здравје и сила да можам да работам на нивата Господова, за афирмација на МПЦ – ОА, и за доброто на нашиот благочестив православен македонски народ.


Манастирите се духовни светилишта на нашиот народ през целокупната наша историја. Во радосните денови го собирале народот на оро и песна, а во тажните и поробителни периоди, камбаните од нашите манастири ги огласувале почетоците на буни и востанија. Овој манастир ја имал истата судбина како и многу други наши манастири, кои биле разурнати и запалени. Но, благодарение на народната свест, дека на ова место некогаш постоел манастир, 1970 – та година, од блажено упокоениот Митрополит Методиј, беше подигнат еден мал параклис, врз самата црква. Со започнувањето на археолошките ископини, пред десетина години, тој параклис беше срушен, и затоа се изгради нова црква и потребните конаци, коишто го красат денешниот манастирски комплекс.


Овој повод ме обврзува да кажам неколку податоци за животот и делувањето на нашата црква на овие простори.


Дебарско – кичевската епархија е формирана на Третиот црковно народен собор во 1967 година во Охрид, најпрво под името Величка, а идната година е преименувана во Дебарско – кичевска, со седиште во Охрид. Епархијата го зафаќа југозападниот дел од Р. Македонија, или, поточно 3565 км², односно, 35 651 000 м². Во неа има пет градови, и тоа: Охрид, Струга, Кичево, Дебар и Македонски Брод. Во Епархијата има 262 села, од кои, 179 се со христијанско население, 20 села се со мешано население и 63 села се со муслиманско население. Во Епархијата живеат 228 000 жители. Од нив, по национална припадност, 110 229 се Македонци и исламизирани Македонци. 82 855 се Албанци. 24 095 се Турци, а во петте градови живеат и египјани и роми. По верска основа, околу 90 000 се православни христијани, 20 000 исламизирани Македонци, а останатиот број се муслимани и незначителен број други христијански деноминации.


Со Епархијата управувале двајца покојни митрополити, Митрополитот Методиј Попоски и Митрополитот Ангелариј Крстески, кој подоцна ќе биде избран за Архиепископ. А сега, со Епархијата управува мојата скромност. Во овие изминати педесет години, во Епархијата свештенослужеле шеесет и три клирици.


Упокоени клирици се следните:
А) Протоереи – ставрофори:
• Смилјан Наумоски,
• Леонид Трпеноски,
• Ѓорѓи Николоски,
• Ристо Илиески,
• Синесие Попоски,
• Владимир Санџакоски,
• Кирил Стојаноски,
• Антим Попоски,
• Мирче Силјаноски,
• Владо Попоски;


Б) Протоереи:
• Коста Мулоски,
• Исак Смаќоски,
• Ѓорѓи Попоски,
• Роман Попоски,
• Наум Гиноски,
• Спасе Стојаноски,
• Војче Јакимоски,
• Мишко Попоски,
• Слободан Шуменкоски,
• Војне Ристески;


В) Ереи:
• Марко Трпкоски,
• Бимбил Бимбилоски,
• Јеромонах Ананиј,
• Марко Пејоски
• Петре Мулоски,
• Ратко Настески,
• Крсте Маринчески,
• Славе Тупанчески,
• Јонче Попоски,
• Павел Бакрачески,
• Васил Домазетоски,
• Павел Лазарески.

Свештеници кои отишле во други епархии:


А) Протоереи – ставрофори:
• Ефтим Бетински,
• Љупчо Двојакоски,
• Ѓорѓи Лапоски,
• Ефтин Велкоски,
• Тоди Јован (Албанија);


Б) Протоереи:
• Каранфил Јосифоски,
• Зоран Данев,
• Веско Каранфиловски,
• Александар Ивановски,
• Климе Џепароски;


В) Ереи:
• Јеромонах Иларион (денес, Митрополит Брегалнички),
• Јеромонах Јосиф (денес, Митрополит Тетовско-гостиварски),
• Цветко Тасески,
• Драги Дончевски,
• Јовчо Брндевски,
• Ангеле Тренески,
• Атанас Пармачки,
• Петко Кесакоски,
• Стефан Санџакоски,
• Миле Пржоски,
• Горан Темелковски,
• Драги Димишкоски.

Пензионирани клирици:
• Душан Јорданоски,
• Димко Димоски,
• Петре Петрески,
• Боге Богески,
• Темелко Донески,
• Илија Танаскоски,
• Благоја Спироски,
• Димитрие Кочоски,
• Томе Илиески.

Кога е формирана Епархијата, од монаштво имало само три монахињи, и тоа, две во „Св. Богородица Пречиста" – Кичево, игуманија Салафаила и монахиња Нина, и игуманијата Евдокија во „Си Свети" – с. Лешани. През овие години имало уште три монахињи кои се упокоени, и тоа игуманија Ирина во „Св. Петка" – с. Велгошти, игуманија Агнија во „Св. Богородица Пречиста" – Кичево и монахиња Доротеја од Кнежинскиот манастир и монахот Матеј.


Во моментов Епархијата има монашки живот во седум манастири, од кои четири се машки и три женски. Со најголем број монаштво е Бигорскиот манастир, а со женско монаштво „Св. вмч. Георгиј" – с. Рајчица, Дебар. Покрај Бигорскиот манастир, машки манастири се „Св. Наум Охридски", „Си Свети" – с. Лешани, и „Св. Богородица" – с. Манастирец, Македонски Брод. Додека, пак, женски се: „Пресвета Богородица Пречиста" во Кичево и „Св. вмч. Ѓорѓи" во с. Кнежино, Кичево.


Моментално монаштво во Епархијата (Од кои двајца архимандрити, шест еромонаси, тројца ероѓакони, петнаесет монаси, единаесет монахињи, четири искушеници и десет искушенички, или вкупно педесет и еден коишто го одбрале монашкиот повик):


А) Архимандрити:
• Нектариј Најдоски,
• Партениј Фидановски;


Б) Еромонаси:
• Доситеј Талески,
• Макариј Костоски,
• Еразмо Трпески,
• Ефросиниј Спасевски,
• Кирил Деловски,
• Вартоломеј Пројковски;


В) Ероѓакони:
• Порфириј Пеев,
• Силуан Медаровски,
• Анатолиј Лазески;


Г) Монаси:
• Бенедикт Божиновски,
• Хрисант Златанов,
• Сергиј Ѓеорѓиевски,
• Захариј Денковиќ,
• Пајсиј Славески,
• Евнувиј Билбилоски,
• Аверкиј Краљевски,
• Амвросиј Крстев,
• Козма Иловски,
• Методиј Николов,
• Нифонт Менкиноски,
• Мојсеј Сулејман,
• Митрофан Велкоски,
• Филарет Недески,
• Ефрем Алсен,
• Антониј Зафиров;


Д) Монахињи:
• Варвара Ристова,
• Екатерина Дамјаноска,
• Анастасија Георгиевска,
• Елисавета Георгиевска,
• Касијана Митреска,
• Ефимија Зајкова,
• Макрина Стојановска,
• Харитина Јакимоска,
• Нина Волческа,
• Теодора Момировска,
• Софија Велјаноска;


Ѓ) Искушеници:
• Кирил Бунчески,
• Џанго Котевски,
• Филип Гула;


Е) Искушенички:
• Ивана Србиновска,
• Ивана Тинтоска,
• Мимоза Менковска,
• Христина Спировска,
• Флорина Танасовска,
• Весна Дојчиноска,
• Весне Петреска,
• Николина Петреска,
• Валентина Тренеска,
• Каролина Ѓореска.


Активни клирици во Дебарско – кичевската епархија се триесет и седум од кои триесет и тројца свештеници и четворица ѓакони.


А) Протоереи – ставрофори:
• Никола Христоски,
• Сашо Богдановски,
• Димче Ѓоргиески,
• Игор Никовски;


Б) Протоереи:
• Митре Попоски,
• Стефчо Тошевски,
• Васко Голабоски,
• Љупчо Симиџиоски;


В) Ереи:
• Владо Недески,
• Љупчо Бакрачески,
• Димче Азески,
• Горан Ставрески,
• Ѓорѓи Блажевски,
• Сашо Ристески,
• Ромео Петрески,
• Кирил Јованоски,
• Роберт Илијевски,
• Атанас Казанџиски,
• Никола Кипријанов,
• Павел Крцоски,
• Душан Јорданоски (пензионер),
• Димко Димоски (пензионер),
• Петре Бојчиноски,
• Зоран Попоски,
• Ристе Наумоски,
• Димитрие Павлески,
• Ристо Камбуроски,
• Александар Крстаноски,
• Александар Матески,
• Саше Костадиновски,
• Зоран Ставрески,
• Миле Ангелоски,
• Боге Богески (пензионер);


Г) Протоѓакони:
• Николче Ѓурѓиноски;


Д) Ѓакони:
• Сашо Целески,
• Христијан Костоски,
• Александар Димоски.


За овие педесет години, Архиереите имаат ракоположено сто и два свештенослужители. Некои служеле во оваа Епархија, а некои и во други епархии.

Ракополагања од митрополит Методиј


Дебарско-кичевска епархија (10 ракополагања):


- ереј Марко Пејоски
- ереј Владо Попоски
- ереј Петар Мулоски
- ереј Каранфил Јосифоски
- протоереј Темелко Донески
- ереј Спасе Стојаноски
- ѓакон Томислав Илијески
- протоереј- ставрофор Илија Танаскоски
- ереј Климент Џепароски
- ереј Димко Димоски


Други епархии (13 ракополагања)
- ереј Живко Стефановски
- ереј Трајан Стефановски
- ереј Благоја Галиматоски
- ереј Трајко Кукоски
- ереј Јован Мајсторовски
- ереј Димитрие Ролески
- ереј Славе Смилески
- ереј Душан Ристески
- протоереј Димо Марковачев
- ереј Темелко Велоски
- ереј Милош Стојаноски
- јероѓакон Игнатиј (с. Селце)
- јереј Петре Ристески

Ракополагања од митрополит Ангелариј (6 ракополагања)


- протоереј Димитрија Кочоски
- ереј Кирил Јованоски
- ереј Никола Кипријанов
- протоереј Митре Попоски
- јеромонах Тимотеј (Јовановски)
- протоереј ставрофор Ефтим Бетински

Ракоположени свештенослужители од митрополит Тимотеј


Дебарско архиерејско намесништво:


Монаштво: (9 ракополагања)
- архимандрит Партениј (Фидановски)
- јеромонах Доситеј (Талески)
- јеромонах Макариј (Костоски)
- јеромонах Еразмо (Трпески)
- јеромонах Ефросиниј (Спасевски)
- јеромонах Кирил (Деловски)
- јероѓакон Порфириј (Пеев)
- јероѓакон Силуан (Медаровски)
- јероѓакон Анатолиј (Лазески)


Свештенство:
- ереј Миле Ангеловски (1 ракополагање)


Кичевско архиерејско намесништво


Свештенство: (5 ракополагања)
- протоереј Стевче Тошески
- ереј Ристо Камбуроски
- ереј Александар Матески
- ереј Александар Крстаноски
- ереј Благоја Спиркоски


Бродско архерејско намесништво


Свештенство: (3 ракополагања)
- ереј Марко Трпкоски (упокоен)
- ереј Саше Костадиноски
- ереј Зоран Ставрески


Струшко архиерејско намесништво


Свештенство: (7 ракополагања)
- ереј Зоран Попоски
- ереј Ристе Наумоски
- протоереј Васко Голабоски
- ереј Петре Бојчески
- ереј Димитрија Павлески
- ереј Стефан Санџакоски
- ѓакон Христијан Костоски


Охридско архиерејско намесништво


Монаштво: (2 ракополагања)
- архимандрит Нектариј (Најдоски)
- јеромонах Вартоломеј (Пројковски)


Свештенство: (17 ракополагања)
- протоереј ставрофор Сашо Богданоски
- протоереј ставрофор Димче Ѓоргиески
- протоереј ставрофор Никола Христоски
- протоереј ставрофор Игор Никовски
- протоереј Љупчо Симиџиоски
- ереј Ромео Петрески
- ереј Сашо Ристески
- ереј Димче Азески
- ереј Горан Ставрески
- ереј Владо Недески
- ереј Ѓорги Блажески
- ереј Љупчо Бакрачески
- ереј Роберт Илијевски
- ереј Павел Крцоски
- протоѓакон Николче Ѓургиноски
- ѓакон Сашо Целески
- ѓакон Александар Димоски


Ракополагања на митрополит Тимотеј во повардарска епархија како нејзин администратор


Свештенство: (15 ракополагања)
- ереј Томе Јованов
- ереј Мартин Деневски
- ереј Дејан Таневски
- ереј Тане Величковски
- протоереј Воислав Ѓорѓиев
- ереј Сарафче Иванов
- протоереј Драги Дончевски
- ереј Мите Петков
- протоереј Мики Миовски
- протоереј Борислав Бобевски
- ереј Љупчо Миланов
- ереј Јовчо Брндевски
- протоереј Ристе Јанушев
- ереј Горан Темелковски
- ереј Влатко Бојков


Брегалничка епархија (1 ракополагање)
- ереј Добрица Јанев


Останати:


Австралија (4 ракополагања)
- протоереј ставрофор Љупчо Двојакоски
- ереј Веско Каранфилоски
- ереј Томислав Илијевски
- ереј Ангеле Тренески


Албанија, Поградец (1 ракополагање)
- протоереј ставрофор Тоди Јован


Битола (2 ракополагања)
- ереј Петко Кесакоски
- ереј Цветко Тасески


Струмица (1 ракополагање)
- ереј Миле Пржовски


Гетеборг (1 ракополагање)
- протоереј ставрофор Евтин Велковски


Скопје (3 ракополагања)
- протоереј Зоран Данев
- протоереј Борислав Лазов
- ереј Драган Димишков

Во овој период изградени се и осветени повеќе цркви и манастири. Изграден е нов конак во манастирот „Св. Еразмо Охридски", конаци во манастирот „Си Свети" – с. Лешани и во манастирот „Св. Петка" – с. Велгошти, целосно обновени конаци во манастирите „Св. Наум Охридски", „Св. Богородица Захумска", „Св. Стефан", „Св. Богородица Пречиста" – Кичево, „Св. вмч. Георгиј" – с. Кнежино, „Св. вмч. Георгиј" – с. Рајчица, „Св. Јован Бигорски" и „Св. Богородица" – с. Манастирец. Покрај возобновување на стари конаци и градба на нови при манастирите, треба да споменеме дека во сите градски цркви, изградени се административни простории со големи трпезарии, каде што се задоволуваат верските потреби од повеќе аспекти. Овие трпезарии се користат за правење задуши, но, исто така, за одржување на верска поука, како на млади така и на повозрасни луѓе. Покрај градските цркви, скоро при сите централни цркви на селските парохии, исто така, изградени се нови простории за задоволување на потребите на верниците при истите.


Дебарско – кичевската епархија располага со два епархиски станови, еден во Струга и еден во Скопје, со четири апартмани во Охрид, и со три дуќани во Охрид. Покрај споменатите објекти, Епархијата располага со објект во дворот на црквата „Св. Богородица Каменско", каде што беше сместена администрацијата на Епархијата, а истата беше изградена во 1983 година. Исто така, моментално, Епархијата функционира во реновиран објект, познат во Охрид како Старо училиште „Св. Климент", којшто беше вратен со денационализација. Во 1990 година, Епархијата ја реновира целосно и епархиската резиденција со доградба и капела посветена на „Покров на Пресвета Богородица". Моментално за истиот објект се води судски спор со наследниците, коишто ја добија со денационализација.


Изминатиот период изградени се околу 120 нови цркви и параклиси, a oсветени и преoсветени се 145. Исто така, изградени се и три нови манастири. Едниот е овој, каде што ја правиме прославата, вториот е „Св. Козма и Дамјан" во с. Опеница, Охрид, а третиот е „Св. Троица" – с. Велестово, Охрид.


Покрај со градежен ангажман, Епархијата се занимава и со издавачка дејност. Издавачката куќа на нашата Епархија е „Канео", каде што се издадени над 150 книги, а годишен алманах излегува веќе дваесет и седум години, односно од 1990 година под името „Светиклиментово слово".


По овој повод, им искажувам топла благодарност на членовите на Црковно-народниот собор, коишто ја формирале оваа епархија, како и на моите претходници архиереи, членовите на епархиските управни одбори, свештенството и монаштвото, коишто се труделе во едни многу потешки временски периоди, но го граделе и унапредувале црковниот живот на овие простори.


При оваа прилика, чувствувам потреба да им искажам искрена благодарност на сите мои соработници во изминатиот период, од секретари, архиерејски намесници, парохиско свештенство, членови на Епархиските управни одбори, како и на преподобното монаштво. Им благодарам бидејќи сецело се вложија и придонесоа со нивни труд, сугестии, идеи, овие завидни резултати, Дебарско – кичевската епархија да може да ги реализира.


Искажуваме искрена благодарност и на сите вас браќа архиереи, свештенослужители и христољубив народ, коишто денес дојдовте заедно да го прославиме овој полувековен јубилеј. За многу години!

jub502017 11

jub502017 13

jub502017 14

jub502017 15

jub502017 16

 jub502017 17

 jub502017 18

 jub502017 19

 jub502017 20

 jub502017 23

 jub502017 24

 jub502017 26

 jub502017 27

 jub502017 29

jub502017 30

 jub502017 31

jub502017 32

jub502017 33

jub502017 34

jub502017

 

Педесетгодишен јубилеј на Дебарско – кичевска епархија
17. 09. 2017 година
Манастир „Св. вмч. Георгиј" – Кнежино, Кичево



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная