На 26. Август (ден сабота) со почеток во 08.00 часот, во храмот „Вознесение Христово“- Свети Спас-Драчево, ќе се отслужи Божествена златоустова Литургија, по која во големата трпезарија ќе се одржи трибина, на која воведничари ќе бидат вероучителите Илија Орачки и Стефан Цветановски, а ќе говорат и следниве гости:
На 21. 08. 2017 година, празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија, одража пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.
– Што да правам кога ќе чујам дека некој лошо зборува за мене? – Веднаш стани на молитва, помоли се најпрвин за него, а потоа за себе, говорејќи: ‘Господи Исусе Христе, помилуј го овој брат и мене, непотребниот Твој слуга, и покриј ме од лукавиот, по молитвите на Твоите Светии. Амин’.
На големиот христијански празник, Преображение на Господ Исус Христос, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Неготино. На крајот на Литургијата, Митрополитот заедно со свештенослужителите пристапија на средината на храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето.
На 19.08.2017 година, кога Црквата го слави Преображението Христово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 19. 08. 2017 година кога светата црква го празнува Свето Преображение Господово Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар. По литургијата митрополитот во населбата Циглана - Гостивар го посети храмот во изградна посветен на Свето Преображение Господово..
А, еве, по неизмерната милост Божја, испратена преку благословот на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, дел од монашкото братство на Бигорски и сестринствата од Рајчица и Пречиста, и оваа година се удостоија да го доживеат тоа, со изобилна благодат исполнето, литургиско торжество на врвот Крчин, на надморска височина од 2341 мети. Но за разлика од минатата година, овој пат ним им се придружија многу повеќе љубители на...
Давајќи ѝ го својот пастирски благослов, Митрополитот Тимотеј се обрати кон новопотстрижената сестра Софија со вдахновени поуки, советувајќи ја да постави добар почеток на својот нов монашки живот преку секојдневно послушание и отсекување на својата волја, преку постојана молитва и трпение во искушенијата, особено преку подвигот на пожртвувана љубов кон Бога и ближните:
„Пред Твоето лице, Христе, се приклонија горите, бидејќи сонцето ги положи пред Твоите нозе своите зраци што го обиколуваа небото, кога благоволи да ја преобрази човековата природа“ (песна од Канонот на Утрена на Преображение на Господ Исус Христос).Радувајте се сите луѓе, зашто денеска Христос, нашиот Спасител, облечен
Благодатта ја крие својата присутност во оној што е крстен, чекајќи душата да ја посака. Кога пак, целиот човек наполно ќе се сврти кон Бог, тогаш во неискажливо доживување благодатта открива дека е присутна во срцето... Ако човекот почне да напредува држејќи се до заповедите и неуморно повикувајќи го Името на Господ Исус Христос,
На 13. 08. 2017 година, пренос на моштите на свети Климент Охридски, св. Јосиф од Ариматеја, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во манастирот „Св. Вознесение Христово“ во с. Драгобраште - виничко, во присуство на православни иселеници по потекло од Виничкиот крај,
Во рамките на својата едиција „Инок“, Скопската православна епархија ја објави книгата Ширење на срцето, со поднаслов: „Бидете и вие широки“ (2 Кор 6, 13) во богословието на свети Силуан Атонски и на старец Софрониј од Есекс, од aрхимандрит Захариј Захару а во превод на проф. д-р Иван Додовски. Авторот, отец Захариј Захару, е духовно чедо на отец Софрониј Сахаров, и монах од манастирот „Свети Јован Крстител“ во Есекс, Англија.
„Што се маките и страдањата во овој свет во споредба на страдањата на мачениците за верата...Тогаш ќе видиме колку не треба да роптаме, колку не треба да говориме против страдањата што ни се допуштаат за нашето воздигнување,утврдување и нашето спасение.“
![]() |
![]() |
![]() |
Непрестајната молитва ја чисти атмосферата на умот од мрачните облаци и од ветровите на духовите на злобата. Кога атмосферата на срцето е чиста, повеќе ништо не пречи да засветли божествената светлина Исусова...
Утредента на самиот празник, како централен настан на празнувањето, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговот Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и бројно свештенство од целата епархија. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, а и по нејзиното завршување, не ...
Бидејќи деновиве ставот на највисоката научна и образовна институција во државата, Македонската академија на науките и уметностите, со кој се искажува поддршка на Договорот за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, не беше доволно застапен во нашите медиуми, одлучивме да го објавиме и на нашата интернет страница. Соопштението од МАНУ го пренесуваме во целост:
На 08.08.2017 година, на денот кога го прославуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и на всетиот свештеномаченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“ во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј,
На 08.08.2017 година, кога Црквата ја прославува преподобна маченичка Параскева Римјанка, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во црквата Света Петка во населбата Црниче. Протоѓаконот Јане Илиев прими презвитерскиот чин.