логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Излезе од печат првиот број на периодиката „КИНОНИЈА“ – посветен на големиот јубилеј „50 години возобновена автокефалност на Охридската архиепископија како Македонска православна црква (1967 – 2017)“

По милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј – излезе од печат првиот број, т.е. двоброј 1/2 од периодиката на  Австралиско – сиднејската православна епархија – списанието „КИНОНИЈА“.

 Др. Ананија Ананиевски – заменик претседател на Македонската православна младина на Австралија (MOYA) и член на Епархискиот црковно-просветен совет (ЕЦПС), кој воедно е член и на Уредувачкиот одбор на списанието „Православие“ и на периодиката „Кинонија“ – по повод излегувањето од печат на нејзиниот прв број упати поздравно слово до сите читатели на списанието, а истиот интегрално ви го пренесуваме:

Историја достојна за сеќавање, почит и поука

„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“.

Никола Вапцаров, „Реферат“, 1938

Почитувани читатели,

Пред нас е месецот во кој што ќе ја одбележиме 50 – годишнината од прогласувањето на автокефалноста на нашата мајка Црква – Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. Пред точно 50 години во Катедралниот храм на древните Охридски архиепископи – „Света Софија“ во Охрид – се случил настанот, кој е вовед во една нова историја, која заеднички, секојдневно ја градиме.

Речено е декa „Племето наше е пиреј, и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земја и пак ќе се фати, ќе оживи…“. Токму истрајноста и борбеноста како дел од генот на нашите предци за кои ни сведочат историските настани од пред 50 години  и нам денес ни се сатисфакција да го сочуваме она што сме го наследиле во аманет, но истото и да го умножиме – за да се покажеме како народ свесен и свет. На нашата генерација како на ниту една до сега ни останува задачата да останеме истрајни во борбата и идеалот за слободна, независна и демократска Македонија, за автокефалниот статут на нашата Света Помесна Православна Црква: Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија (МПЦ-ОА). Во таа борба, драги браќа и сестри единствено би извојувале победа доколку секого од нас да го даде најдоброто од себе во интерес на Црквата, Татковината и секако на својот народ. И така заедно кон целта да чекориме кон уште милионски годишнини и секоја да бидеме порадосни. Во овие 50 години, што е најважно самостојни научивме секако многу, справувајќи се секојдневно со проблемите, но уверен сум дека заедно можеме повеќе да постигнеме и да добиеме подобри времиња.

Добро е што ние денес  го осветлуваме минатото, но уште подобро би било кога повеќе ќе чекориме кон уште посветла иднина и тоа поучени од минатото, кое иако го осветлуваме, сепак забораваме на пораките на иделозите на истото, кои пак гледаа во нас светла иднина. Не е доволно само да се навраќаме назад, исто така потребно и дупло повеќе да пловиме напред. Тоа враќање назад кон спомените треба да е наш стимул и потсетување за тоа колку треба да се бориме и движиме кон напредокот. Треба да се бориме за она што ќе остане на идните поколенија. За тоа се бореле и нашите предци, вредните идеолози на Македонија, многубројните борци за своето право на своја самостојна држава и Црква, кои и својот живот го положиле, борејќи се за посветла иднина и тоа заедно како заедница. Таков бил и повикот во 1967 година и сега е сосема истиот – Нашето единство – наша победа!

Од големината на годинешниот јубилејот се роди и полезната идеја да се создаде едно вакво полезно дело – ова значајно списание, кое го носи името Кинонија – што во превод значи Заедница. Овој прв број на списанието е посветен токму на големиот јубилеј – „50 години автокефална Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“, кој се надевам дека ќе успее да нѐ обедини во една вистинска заедница.

Списанието е со православна тематика, бидејќи нас ако нешто успеало да нѐ одржи како народ – единствено нѐ одржала верата! Верата наша и на нашите татковци – Светото Православие. Списанието изобилува со разни современи теми, кои е надевам дека ќе му бидат од полза на секој православен христијанин. Ќе излегува еднаш годишно како двоброј и истото ќе биде посветувано на некои значајни теми и јубилеи за нашата Помесна Православна Црква.

Во оваа пригода сакам најнапред и особено да му се заблагодарам на мојот надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, кој го благослови и подржа ова благоугодно дело. Благодарност и до сите, кои неуморно се вложија, работејќи на најразличен начин на ова списание. А на оние, кои ќе го читаат – им посакувам духовен лет и преуспевање во животот.

И за на крај се надевам дека овој скромен труд – ќе биде само како синапово зрно, еден сосема мал подарок и придонес кон нашата Света Црква – славеничка. Дај Боже уште многу години да се радуваме на вакви јубилеи и секако подај ни набрзо уште подобри времиња и уште поголеми успеси на секое поле.

Со почит,

Др. Ананија Ананиевски,

Во овој број ќе читате:

– Предговор:

Поздравно слово – др. Ананија Ананиевски

Тема на бројот

– Историја на Македонската Православна Црква: 50 години автокефална МПЦ – ОА

По повод 250 години од укинувањето на Охридската Архиепископија (1767 – 2017) и 50 години од прогласување автокефална Македонска Православна Црква (1967 – 2017) – проф. д-р Драган Зајковски

Асномска Македонија и црковното прашање (1943 – 1945) – проф. д-р Виолета Ачкоска

За автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија – вонр. проф. д-р Дејан Борисов, ѓакон

– Литургиско богословие:

Света тајна Евхаристија (Причест) – Павле Гумеров, свештеник

– Житија:

Светителот на нашето време – митрополит Струмички г. Наум (Илиевски)

– Современо богословие:

Црквата и младите – Оливер Суботиќ, презвитер

– Светоотечко богословие:

Обожението како цел на нашиот христијански живот – отец Гаврил (Галев), архимандрит

– Поука:

Да се биде монах – сестра Илијана (Илкова), игуманија на Марковиот манастир

– Филм:

I now walk into the wild – Т. Р.

– Музика:

Популарната музика – современ јазик на Христа – А. Д.

– Поезија:

Мојот Христос – отец Андреј (Конанос), архимандрит

– Интервју:

Јас честитам, кога луѓето често се причестуваат – Калист (Вер), митрополит Диоклијски

Списанието е бесплатно и можете да го најдете во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, на  веб – страната на епархија, како и на овој достапен линк (https://www.yumpu.com/xx/document/view/59546512/kinonija-print-so-korica-web).

Повеќе информации за списанието, како и сите Ваши забелешки, коментари, критики, пофалби да ни ги испраќате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Кинонија (Заедница) е списание за православна вера, култура, воспитание, образование и наука. Идејата за создавање на едно вакво дополнително списание како периодика во склоп на епархискиот гласник „Православие“ произлезе од потребата на македонските верници во дијаспората, односно во Австралиско – сиднејската епархија, кои пројавуваат интерес за православни теми и прашања, како и за важни настани од животот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј – ќе излегува од печат еднаш годишно како двоброј и ќе разработува најразлични современи теми.

На крај, на Редакцијата на списанието „Кинонија“ им честитаме и им посакуваме уште плодна и успешна работа во иднина.

Со почит,

Епархиски црковно-просветен совет

(ЕЦПС)

Извор: http://mpcaus.org/novo-spisanie-vo-mpc-oa-kinonija/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

Својата Вода, или Живата вода, за која говори Господ Исус Христос, во разговорот со Самарјанката, е всушност Неговото спасително учење кое постојано, непрекинато ни го дава низ вековите, па и...

« »

Православен календар

 

05/07/2024 - петок

Апостолски пости (без масло)

Св. свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски; Св.е маченици Зинон и Зина; Свети маченик Албан ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 23 јуни / 6 јули 2024

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 23 јуни / 6 јули 2024

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 22 јуни / 5 јули 2024

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 22 јуни / 5 јули 2024

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Тропар на св. мченик Јулијан Тарсиски и неговата мајка 21 јуни / 4 јули 2024

Тропар на св. мченик Јулијан Тарсиски и неговата мајка 21 јуни / 4 јули 2024

Благословена си Ти Пресвета Богородице Утешителке,Учителке и примеру на мајките,кои ги следат челадтта на голгота,блажен си ти о мачениче Јулијане,кој...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная