Скопје, 15-ти јануари 2018 г.- храм на св.Петка
Преподобен Серафим Саровски-
Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.
„ Отстрани го гревот, и болестите ќе се отстранат, зашто ни се даваат за гревовите.
Кој ги поднесува болестите со трпение и благодарење, тие му се сметаат наместо подвиг, па дури и повеќе.
Од лебот и водата уште никој не се пожалил.“
На 15 јануари,кого празнуваме споменот на светиот Серафим Саровски, во храмот на св. Петка во скопската населба Црнице, протаереј Јован Ристовски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)