На 07 декември во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје се отслужи Празнична вечерна богослужба на која во присуство на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Епископот хераклејски г. Климент. По соборната молитва, во македонскиот народен театар се одржа свечена академија на која, празнично слово произнесе поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, Архиепископот г.г. Стефан во кое меѓу друготе рече дека: „Прославата на оваа наша значајна годишнина од црковната и националната историја ја заокружуваме, по промисла Божја, со вечерашниот настан одбележувањето на споменот на патронот на нашата помесна црква и неизгасливото светило на сето православие - св. Климент Охридски; оној кој се смета за почеток на нашата црковна историја, сега според календарот го ставаме и на крајот од присетувањето за таа црковна и духовна историја“. На свечената академија присуствуваа архиереи, свештенослужители, декани, професори, членови на дипломатскиот хор и личности од културниот и политичкиот живот, а свое обраќање имаше и Претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Зоран Заев.
Извор: Скоска епархија