И какo штo свршeницата знаe дeка првo мoра да излeзe и да сe oддалeчи oд куќата кадe штo сe рoдила за да сe сoстанe и пoтпoлнo да сe сoeдини сo свoјoт свршeник, така и христијанинoт знаe дeка тoј нe мoжe пoтпoлнo да сe сoeдини сo Христа дoдeка смртта нe гo oддeли oд тeлoтo, т.e. oд матeријалниoт дoм, вo кoј нeгoвата душа oд раѓањe прeстoјувала. и растeла.
Копија од чудотворната икона на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“, денеска беше подигната од Манастирот Дохијар на Света Гора, Грција и е на пат кон Струмица, Македонија. Неколкумина струмичани ја носат иконата кон Струмица, а претходно ќе поминат во Солун, каде ќе биде осветена во Православна црква...
Навистина на бeзгрeшнитe им вeтил сè. Бeзгрeшнитe ќe бидат наслeдници на царствoтo Бoжјo, синoви Бoжји, дeца на свeтлината, дeца на бeсмртнoста, другари на ангeлитe, браќа Христoви.
Бeзгрeшнитe ќe имаат изoбилeн живoт, изoбилeн мир, изoбилна мудрoст, изoбилна мoќ, изoбилна радoст. Бeзгрeшнитe ќe имаат сè бидeјќи сè им e вeтeнo.
Во 13:00 часот Иконата ќе биде пречекана на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, а потоа со свечена литија ќе биде пренесена во Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, каде што и ќе остане засекогаш. Молитвено учество во свеченото торжество ќе земе и Свештената Бигорска Обител, со својот Старец, Архимандрит Партениј.
Кога ќе се догребеме до молитвата, стануваме како лавови што рикаат; не тогаш кога се молиме немарно или млако, туку кога се молиме со душевната сила. Утврдете се преку мислата дека молитвата е сè. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.
Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата. Секоја помисла којашто во душата предизвикува умерена болка, помешана со радост и солзи, потекнува од Бог. Благодатта Божја никогаш не го води човекот во безнадежност, туку го води кон покајание.
Со навршувањето на четриесетиот ден од раѓањето на детето, неговата мајка го донесе во храмот на свети пророк Илија во скопската населба Аеродром на Голема молитва за да побара благослов од Бога за својата рожба. Овој пример ни го оставила уште Мајката Божја, донесувајќи го Спаителот наш, Господ Исус Христос на четриесеттиот ден во храмот кај праведниот Симеон Богопримец,
Во почетокот, Бог ни ја дава благодатта за да ни помогне, за да нè поттикне, за да ги наслади нашите душевни чувства, за да нè привлече. Но ако напоредно со тоа не се трудиме и ние, благодатта нема да биде делотворна и ќе се повлече. Апетитот се појавува со јадењето, а молитвата со молењето.
Безброј се причините поради кои светата Црква Христова непрестајно ја воспева, слави и ѝ благодари на Мајката на нашиот Бог, но овие особено благодатни и боговдахновени пофалби кон Пресвета Богородица изникнале од едно чудесно сведоштво за нејзината небесна помош и будна мајчинска грижа, со која во последен миг беше спасена царската престолнина, богочуваниот град Константинопол.
Во петок од првата седмица Митрополитот Агатангел во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ присуствуваше на Утрена богослужба со великопосни часови и чиноначалствуваше на Литургијата на претходно осветени дарови.
Христос искушуван беше, а ѓаволот Го искушуваше, барајќи од Него камењата лебови да ги направи; на (висока) планина Го одведе, за миг сите царства да ги види. Душо, од стапицава исплаши се, отрезни се, и во секој час на Бога моли Му се.
Секако дека е потребен голем труд, искушенијата се тешки и многубројни, но целта е прекрасна: соединување со Бога во Неговата неизмерна радост. Светата Четириесетница, најстариот пост востановен од Црквата, е најблагопријатното време за човекот да се приближи до Бога. Затоа и се нарекува Велик: не само поради должината, ами уште повеќе поради значењето, бидејќи...
На почетокот, го немавме дури ни вечниот живот како дар, туку го примивме преку простувањето што на сите ни Го подари Синот Божји на Крстот. Оттогаш, благодарение на ова простување ние постоиме, повикани да го оживуваме светот во секој миг, преку проштевањето што си го даруваме едни на други.
Ирмос: Погледнете и видете дека Јас сум Оној што во морето спасува, и во пустината израилскиот народ го наситува, и вода од каменот на луѓето им пушта, за да го понесам оној што некогаш во кал падна, и кон Мене да го привлечам, поради милоста (Моја) неискажлива.
На 26. февруари 2017 година, последниот ден пред почетокот на Великиот пост, и ден кој Црквата го нарекла „недела на проштевањето“ (Прочка), Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан присуствуваше на Вечерна богослужба во соборната црква св. Климент Охридски. По Вечерната се одржа чинот на простување.
На 26-ти февруари 2017 година, во Недела сиропусна, кога МПЦ-ОА го празнува споменот на преподобен Мартинијан, преподобен Симеон Мироточив, во храмот на св. Јован Крстител,во скопската населба Капиштец, старешината на храмот, отец Жарко Пејковски отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По литургијата отец произнесе празнична беседа за просувањето и покајанието.
„Издигни го достоинството на Црквата, чесен крсту, понижи ја еретичката горделивост со твојата сила и развесели го соборот на православните. Удостој не сите нас да излеземе пред тебе и да се поклониме на подножјето Христово, зашто со тебе се фалиме, дрво благословено.“