Скопје. 18-ти април 2017 год.- храм на св.вмч Димитриј
Свети Исак Сирин
Бог допушта искушенија и препреки во духовниот живот за луѓето да се здобијат со „искуство и сила да Го познаат, да ја познаат Неговата промисла за нив, бидејќи низ искушенијата се стекнува мудрост“.
На 18-ти април 2017 година,во вторник од Светлата седмица, во храмот на св.вмч Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, отец Томе Атанасовски отслужи Божествена Литургија Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Стражарите Твои, Господи, ги раскажаа сите чудеса; но соборот на суетните со мито им ја наполни нивната десница, мислејќи да го скрие Твоето Воскресение, што светот го слави: помилуј нѐ“ (хвалитна стихира на Утрена во Вторник од Светла седмица).
Друго:
Од Акатистот кон Пресвета Богородица
Преминпортал (к.т.)