логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

2 април/5 мај 2017 лето Господово

 

„И секогаш и секаде ликот на св. Георгиј останува, пред сѐ како пример за непобедлив воин Христов: и во страдалничкиот подвиг – во духовната борба и во подвигот на одбраната во битките, тој навистина е великомаченик, а потоа и победоносец. Нему како од почеток и за навек да му било дарувано чудото на победата – како и не помалку чудесната способност да им ја носи победата на оние кои го почитуваат. Бидејќи, „претрпе за Христа“ и навистина ги победи страшните маки, притоа победувајќи се самиот себе, својот страв, човечката ранливост, тој успеа да го победи и својот најголем мачител – ѓаволот. И откако стекна живот со Христа и во Христа, тој доби полно право да воскликне заедно со Св. Јован Златоуст во неговата пасхална проповед: „Смрт каде ти е осилото, Аду, каде ти е победата?…“ Но патот кон такво заедничко радување и соучество во вечниот живот и за Св. Георгиј, но и за сите нас води единствено преку потполно предавање на себеси на Бога, дури и до смрт.“

 

Големиот Победоносец и Великомаченик Георгиј одново собра големо мноштво верни во својот свет дом во Рајчица, за таму, низ торжествено богослужение и молитвено учество, да го прослават неговиот славен спомен. И навистина многумина беа оние кои пристигнаа во Рајчичката обител да му оддадат чест на Воинот кој до крај целосно му се предаде на Бога и заради Него претрпе големи страданија, но не отстапи ни миг од верата во својот Господ Христос, Кого толку силно го возљуби, што презре сѐ од овој свет. Токму таа негова предаденост и неотстапна вера го вдахнови и нашиот најсакан Старец, Архимандрит Партениј да ги сподели со присутните своите длабоки созерцанија за тоа дека Христос треба да ни стане сѐ во животот, и дека доколку Го имаме Него, ја имаме и победата над искушенијата, и радоста, и љубовта, и вечноста:

Мили мои, вечерва го славиме сечесниот спомен на славниот Христов маченик, Свети Георгиј Победоносец, на кого е и посветена оваа Свештена Обител. Верувам дека повеќето од вас го знаат прекрасното житие на овој чудесен, од Црквата Божја наречен голем Христов маченик. Иако млад по години, тој бил многу успешен во својата професија: како истакнат заповедник, воен трибун на Римската Империја, извојувал многу победи за неговата татковина, без оглед на тоа што таа тогаш сè уште била незнабожечка. Несомнено, Свети Георгиј добро го знаел учењето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, кој вели: Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога! (Матеј 22,21); ги знаел, исто така и советите на Свети Апостол Павле, кој поучува секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт, што не е дадена од Бога (Рим. 13,1). Соодветно, како делотворен Христијанин, младиот воен трибун предано му служел на тогашното Римско Царство, макар што тоа дишело со омраза кон Христијаните. Во тоа време, имено, со моќниот Рим владеел жестокиот гонител на Христијаните, императорот Диоклецијан (285-316).


Целивална со чудотворната икона на Св. Вмч. Георгиј Победоносец, Рајчица

Меѓутоа, кога младиот Георгиј бил поставен пред испитот да избере помеѓу неговата служба на земното царство и службата на небесното; помеѓу славата што ја имал како трибун и страданијата што го очекувале поради неговата вера; помеѓу овој свет и Христа – тој не направил никаков компромис, туку решително оставил сè од светот заради Христа. Пострадал многу за верата во вистинитиот Бог и накрај маченички го положил својот живот за Него. И што се случило? Бог го овенчал со толку голема слава, неспоредливо поголема од на кој било владетел на земјата. И уште повеќе: неговата слава останува вечна, бидејќи и самиот тој живее во вечноста со Господа. Неслучајно светите отци одредиле да се читаат на вечерната на Маченикот извадоци од Соломоновите мудрости, во кои се вели дека душите на праведниците се во Божја рака… Зашто, иако пред лицата човечки и да се измачувани, надежта нивна е полна со бесмртност. Бидејќи и малку казнети, тие ќе добијат големи благодетелства, зашто Бог ги испита и ги најде достојни за Себе. Он ги испита како злато во печка и ги прими како најсовршена жртва. Во времето на нивната посета, тие ќе сјаат и како искри по стебло ќе потечат. На племиња ќе им судат и со народи ќе владеат и Господ ќе се зацари во нив во вековите (Прем. 3,1,4-8). Гледате: вистински мудар е оној што ќе Го избере Премудриот во својот живот и ќе Го постави Него над сè. Свети Георгиј токму тоа и го направил: Го избрал Словото, Премудроста Божја, и затоа денес, по цели седумнаесет века, ние торжествено го славиме неговиот спомен. Доколку, пак, младиот и успешен военоначалник ја изберел земната слава, не напуштајќи го својот чин и сè што имал во овој свет, и не пролевајќи ја својата крв за Христа, денес сигурно никој не би го спомнувал. Во историјата имало многу трибуни, илјадници војсководци и милиони војници, многу пославни во нивните успеси дури од Свети Георгиј, но нивниот спомен згаснал; избришан е, како што чувме во првиот псалм, што го испеавме на почетокот од вечерната: како прав, што го растура ветрот од лицето на земјата (Псалм 1,4). А, наспроти ова, имињата на праведниците се запишани во Книгата на живите.

Примерот на Свети Георгиј треба да го последуваме сите ние. Тоа е она што Господ го бара од нас: да Го поставиме Него над сè во својот живот. И тогаш, согласно ветувањето на Господа, ќе имаме навистина сè. Овој духовен закон, иако надворешно противречен, а внатрешно непоклатно вистинит, го потврдил и Апостолот Павле, кој, пишувајќи им на Коринтјаните за својот живот во Христа и неговата служба во Бога, заклучува: нè нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нè сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сè имаме (2 Кор. 6,10).

Во контекст на ова, би сакал да ви прочитам еден многу впечатлив извадок од толкувањето на Свети Јован Златоуст за 24-та глава од Евангелието по Свети Матеј, каде што Господ Исус пророчки кажува за разурнувањето на Ерусалим и за Своето второ пришествие. Толкувајќи ги Христовите зборови: тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, да бегаат по планините; кој е на покрив, нека не слегува да земе нешто од куќата своја; и кој е на нива, нека не се враќа дома за да ги земе алиштата свои! (Матеј 24,16-18) – Златоустиот уверува дека оној што Го има Христа, има, всушност, сè. Изразувајќи се на нему својствен начин, тој реторички ги става овие зборови во устата Христова:

Ако сакаш да се украсиш, украси се со Мојот украс. Ако сакаш да се вооружиш, вооружи се со Моето оружје. Ако сакаш да се облечеш, облечи ја Мојата облека. Ако сакаш да се нахраниш, јади на Мојата трпеза. Ако сакаш да патуваш, следи го Мојот пат. Ако сакаш да наследиш, наследи го Моето наследство. Ако сакаш да влезеш во татковината, влези во градот, чиј уметник и создател сум Јас. Ако сакаш да си изградиш дом, дојди во Моите живеалишта. Зашто Јас за сѐ што давам, не барам враќање, но ако сакаш да го искористиш она што е Мое, за таквото дело Јас дури и ќе ти должам плата. Што би можело да се израмни со оваа штедрост? Јас сум татко, Јас сум брат, Јас сум младоженец, Јас сум дом, Јас сум храна, Јас сум облека, Јас сум корен, Јас сум основа, што и да сакаш сум ти Јас, од ништо нема да имаш потреба. Јас и ќе ти послужам, зашто дојдов да служам, а не да Ми служат. Јас сум и пријател, и член на телото, и глава, и брат, и сестра, и мајка, сè сум Јас, само биди ми близок Мене. Јас сум сиромав заради тебе, и бедник заради тебе, на крстот заради тебе, во гробот заради тебе, горе Отецот Го молам за тебе, долу од Отецот бев испратен како посредник за тебе. Ти Мене си ми сѐ – и брат, и сонаследник, и пријател, и член. Што сакаш повеќе? (Беседа 76 на Евангелието по Матеј, 5)

 

И кажете, не е ли ова точно? Самиот Господ на друго место во Евангелието вели: секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен (Матеј 19,29). Единствено во Христа, Кој не е само Оној Кој љуби, туку Кој во Својата суштина е љубов (сп. 1. Јован 4,8), добива вистинска смисла и љубовта на земјата.

Светиот Великомаченик Георгиј Го избрал Него, вистинската љубов, и знаел дека ништо од овој свет не е достојно за љубовта што Му ја дава Христос, а преку неа и за вечноста во Царството Божјо. Од многубројните римски војници, тој станал војник на небесниот Цар; го фрлил земното оружје и, наоружувајќи се со Христовиот Крст, го победил злото. Затоа денес Св. Георгиј е толку славен и силен; затоа неговите молитви ја поткрепуваат Црквата, која негува огромен култ кон овој Христов воин. Помислете само колку храмови низ светов се подигнати во негова чест! И колку само чудеса направил и сè уште прави! Чудо негово е и оваа Света Обител и неговите избранички во неа…

Да го следиме и ние, мили мои, примерот на Светиот, со тоа што ќе го бараме најнапред Царството Божјо, бивајќи уверени од Спасителот дека сè друго ќе ни се придаде (сп. Матеј 6,33). Да посакаме нашите имиња да бидат запишани во Книгата на животот, како што сакаат и многу наши современици, маченици за Христовата вера. Бидејќи, и во нашиов век не престанува гонењето на Христијанството од овој свет, зашто тоа е светлина, а мракот и злото не ја поднесуваат светлината. Да се молиме ревносно за нашите браќа и сестри, кои и денес, таму на Истокот, а и насекаде по светот, со својата крв сведочат за Христа, подобно на Св. Георгиј.
Секојдневното распетие на монахот.

Детаљ од живописот на тремот од бигорскиот католикон

Не помали сведоци за Христа се, да знаете, и монасите. Можеби, некои од вас, кога ќе дојдат в манастир и ќе ја видат монашката радост и насмевка, добиваат впечаток дека животот на монасите е едноставен, лесен, безгрижен… Но, тоа воопшто не е така. Напротив, нивниот подвиг се поистоветува со подвигот на мачениците, од кои било побарано со крв да ја посведочат својата вера. Монасите, исто така, со духовна крв, секојдневно сведочат за воскреснатиот Бог, борејќи се против многу тешки и разни искушенија, соблазни, помисли и страсти. И мораат сето тоа да го поднесат храбро, до крајот, за да бидат непосрамени сведоци Христови. А, како плата за тоа сведочење ним им се дава таа неизмерна благодат и радост што ја чувствуваат.

Нека извадокот од беседата на Свети Јован Златоуст што го прочитавме пред малку, ни биде поука и на монасите и на мирјаните. Да Го поставиме Христос над сè и тогаш ќе се издигнеме и ние над овој минлив свет и над сè што е во него, без притоа да бидеме лишени од нешто. Бог ќе ни придаде сè; Христос не сака никого да остави: „Јас сум татко, Јас сум брат, Јас сум младоженец, Јас сум дом, Јас сум храна, Јас сум облека, Јас сум корен, Јас сум основа, што и да сакаш сум ти Јас, од ништо нема да имаш потреба… Јас сум и пријател, и член на телото, и глава, и брат, и сестра, и мајка, сè сум Јас, само биди ми близок Мене“. „Јас“, вели, „и ќе ти послужам, зашто дојдов да служам, а не да Ми служат!“ Што има поголемо до тоа!? Што сакаш повеќе, човеку мој!? Во Христа има сè! Затоа, возљубени мои, да се потрудиме со духовна борба да се издигнеме со умот над сè што е земно и да сведочиме за преблагиот Спасител Христос, без Кого животот е мрак. А, ние Христијаните имаме голема вина за тоа што светот денес се наоѓа во толку силен мрак, бидејќи не светиме со добри дела онака како што Бог сака.

Свети Георгиј да ни е на помош, да ни го чува Манастирот и да ни ја запази нашата напатена Татковина. Амин!

 

 Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная