логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Veligden2017 2

Veligden2017 3

Овој ден го создаде Бог, за да се зарадуваме и развеселиме во него. Христос воскресна од мртвите, со смртта ја победи смртта, и на оние во гробовите им даде живот вечен. Затоа нека се весели небесата и нека се радува земјата и нека празнуваат сите, зашто воскресна Христос, нашата вечна радост!

На 16.04.2017 година, на најсветлиот ден на Воскресението Христово, денот кога дојде спасението за целиот свет, централната прослава на Дебарско-кичевската епархија се одржа во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде беше објавено Воскресението Христово и каде беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На овој најсветол ден присуствуваше неизброен верен народ, како од Македонија, така и од сите страни на светот, а меѓу присутните беше и Претседателот на собранието на Р. Македонија, г-дин Трајко Вељаноски. По објавувањето на најрадосната вест, беше прочитано и Велигденското послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, го испрати до сите верни чеда, а истото ви го пренесуваме во целост.

† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ -

 Veligden2017 4

 Veligden2017 5

 Veligden2017 6

ХРИСТОС ВОСКРЕСE!


Овој е денот што го создаде Господ,
за да се зарадуваме и да се развеселиме во него!


Возљубени празникољупци,
Денес велегласно бијат црковните камбани, објавувајќи го Христовото воскресение, разгласувајќи ја веста за Чудото над чудата и пренесувајќи ја радоста за Празникот над празниците. Силно одѕвонуваат воскресенските ѕвона и нè повикуваат торжествено да го отпразнуваме светлозарниот ден на Христовото воскресение. Денес сите христољубиви народи молитвено да се пренесеме до спасоносниот Настан, да се упатиме кон Изворот на вечниот Живот и да пристапиме пред совршената Љубов, та едномислено и еднодушно, заедно со Небото и Земјата, да Го прославиме Бога за сите Негови дела.


Еве и ние, како народ и Црква, удостоени сме со тој благодатен дар – да земеме учество во тајната на неизмерливата Божја љубов кон сиот човечки род. Во овие торжествени мигови, да се потсетиме на непов­торливата жртва, кога Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да има живот вечен. Заради нас луѓето, Синот Божји претрпе понижување, мачење и распнување и, страдајќи, ни го покажа патот на спасението.


Господ Исус Христос, со Своето воскресение, поразот во победа го претвори, гревот и смртта ги обессили, а нам, на луѓето, портите на Рајот ни ги отвори. Со тој спасоносен настан, Синот Божји се потврди како вистински Богочовек и Спасител и им даде смисла на небото и на земјата, и на човекот и на човечката историја. Се потврди дека не постои таква смрт, која би можела засекогаш да ја закопа вечната вистина, вечната правда и вечната љубов.


Возљубени чеда во Христа воскреснатиот,
Нашата вера е откровение на вечноста и на Бога, а Христовото воскресение е најголемиот печат на тоа откровение. Црквата Христова, која е столб и тврдина на вистината, заснована е врз Личнос­та на воскреснатиот и секогаш живиот Бог. Тој е жив во вечноста, во светата Евхаристијата, во срцата и душите на верниците, во словата на Светото Писмо, во учењето на Светото Предание, како и во сведоштвото на богоугодниците и светиите од сите времиња, на сите кои Синот Божји – Исус Христос, Го имаа за свој Господ. Зашто, под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме, освен преку името на Христа воскреснатиот, преку Кого човечката природа се ослободи од стегите на пропадливоста, а на паднатиот човек повторно му се вратени достоинството и вечноста.


Во велигденското празнување најмногу се потсетуваме на животот. Самиот Христос рекол: ...Јас живеам и вие ќе живеете, а ангелот, во воскресенското утро, објавил: зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?, Тој е жив, Тој воскресна. Затоа, Велигден е празник на животот, зашто ако нема воскресение, нема победа над смртта, нема вечен живот, и ако Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и верата ваша.


Со воскресението Христово започнува нов живот за човечкиот род. Со него не може да се спореди ниту еден настан - ни по големина, ни по значење, ни по таинственост. Со Воскресението, животот и науката Христови добиваат полна смисла и објаснување – Евангелието се потврди како спасоносна вистина, а воскресенскиот настан потврди дека сме создадени за живот. – Јас сум воскресението и животот, кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. Христос воскресна и со тоа нè направи учесници во вечната победа над смртта, објавувајќи ни го патот и на нашето воскресение.


Возљубени чеда во Господа,
Нашево време, за жал, на сите страни од светот изобилува со меѓучовечки и меѓуетнички недоразбирања и судири. Поделбите на економски, политички, па и верски план, го преплавија светот, па во тој потоп од омраза и злоба - војните, тероризмот и сл., постанаа секојдневие. Непријателството меѓу луѓето го достигнува својот врв, и сведоци сме на најстрашни страдања на невини луѓе, па и на цели народи. Доброто, љубовта и вистината се потиснати од злото, користољубието и омразата. Сè почести се самоубиствата, абортусите, убиствата и секаков вид насилство и криминал. Исто така, нарушувањето на бракот и семејството доведоа до последици и по моралната и по демографската состојба, особено меѓу европските народи. А сите тие неволи се раѓаат, пред сè, како резултат на човечкото неверие и самољубие, на отуѓувањето од Бога и од спасоносното евангелско слово. Крајно време е луѓето да се свртат и да се вратат кон Бога, кон вистината, љубовта и правдата. Зашто само воскреснатиот Христос е спасоносниот лек против сите страдања, и единствениот Пат, Вистина и Живот.


Возљубени чеда на мајката Македонска Црква,
Голема е Божјата грижа за човечкиот род и Бог посакува од секого и од сите заедно искрено покајание, без кое нема спасение. Тоа ни го покажала токму и историјата на нашиот православен народ и на нашата православна Црква: секогаш кога слабеела нашата вера и кога сме биле оддалечени од Бога, сме минувале низ многу премрежија и искушенија. Но тогаш, кога со покајание сме се обраќале за помош, Бог нè услишувал и ни подарувал и слобода и мир. Затоа, верата во Христовото воскресение е длабоко присутна во животот на нашиот народ. Во долгите ропства и туѓите владеења, и во неправдите од завојувачите, имајќи ја секогаш верата во Бога – никогаш не сме ја губеле надежта во конечната победа и во целосната слобода. Тоа е така, зашто нашата вера е вера во воскресението и нашата Црква е Црква на воскресението! Македонскиот народ знаел дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо. Знаел и цврсто верувал дека само со Божја помош сè може да истрпи и со Божјиот благослов сè да поднесе за доброто на сите. Затоа, ние, денешните чеда на Македонската православна црква, не треба да заборавиме дека богољубието и братољубието се двете основни правила по кои треба да постапуваме. Многупати се потврдило дека само кога со едномислие чекориме во вистината Божја и кога сме сплотени – имаме напредок; дека чесноста, вистината и правдата се добродетелите со кои најдобро можеме да се бориме против сите непријатели. Всушност, нашата воскресенска вера нè учи да живееме богоугодно и братољубиво, зашто само така ќе можеме да опстоиме и како народ, и како држава, и како Црква.


Возљубени чеда на свети Климент – Охридскиот Чудотворец,
Нашите претшественици – свештенослужители, првенци и верниот народ, токму врз верата во воскресението ја темелеле и својата надеж дека ќе дојде денот кога ќе воскресне Црквата во Македонија и ќе се возобнови древната Охридска столица. По многуте обиди да се возобнови тронот на Охридските архиепископи, во текот на двевековната неканонска забрана за самостојно делување на Охридската архиепископија како помесна Црква во Македонија – конечно се случи остварување на копнежот на генерации и генерации православни Македонци. Делегатите на Третиот црковно – народен собор го прифатиле и едногласно и еднодушно го изгласале предлогот на петочлениот домороден Синод – да се возобнови автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Архиепископот Доситеј и митрополитите Климент, Наум, Методиј и Кирил ја потпишале донесената соборска одлука, со која на нашата Мајка Црква ѝ се вратило некогашното достоинство.


Од тој историски настан поминаа пет децении, време во кое нашата Света Црква продолжи верно, како некогаш, да го чува својот народ, да го упатува во евангелската вистина, да ги заштитува и да ги возоб­новува старите и да гради нови храмови и манастири, а најмногу да ја гради живата Црква. Педесет години и не се многу време, но се период во кој на секое поле се гледаат плодовите на воскреснатиот црковен живот во Македонија и меѓу иселените Македонци по светот. Педесеттата годишнина од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија, ова лето Господово ќе ја одбележиме молитвено, со свечености во сите наши епархии и институции, ќе канонизираме богоугодници од нашиот род, потсетувајќи се на оние кои се вградија во воскресенското дело, со ветување дека, со Божја помош, по молитвите на св. Климент Охридски, ќе продолжиме по патот до конечното прифаќање на нашата Македонска меѓу помесните православни Цркви.


Испраќајќи архипастирски благослов до сите чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ве поздравуваме со радоста за победата на животот над смртта и Му се молиме на воскреснатиот Господ - Началникот на животот, да нè удостои да воскликнеме: Воскресението Твое, Христе Спасителе, ангелите го воспеваат на небесата, а нас, на земјата, удостој нè со чисто срце да Те славиме.


ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†СТЕФАН


Заедно со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски


2017 лето Господово

Veligden2017 8

 Veligden2017 9

 Veligden2017 10

 Veligden2017 11

Veligden2017 12

Veligden2017 13

Veligden2017 14

Veligden2017 15

Извор: Дебарско- кичевска епархија

 Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная