Религија и Музика

Од сите видови на уметност, музиката е најдлабоко поврзана со религијата, како по својата при¬рода, така и по своето име, потекло и практична примена во богослужбите на сите религии низ историјата.

Од сите видови на уметност, музиката е најдлабоко поврзана со религијата, како по својата при¬рода, така и по своето име, потекло и практична примена во богослужбите на сите религии низ историјата.

„Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите…“ Јован не доаѓа овенчан со слава на голем и учен говорник, писател, научник. Тој доаѓа од пустината како човек во потполност посветен на Бога. И затоа луѓето повеќе му веруваат нему, отколку на учените, богатите и славните. А и тој не сведочи за себе.

Големиот водосвет е едно од најторжествените чинодејствија во богослужбената традиција на Православната Црква. Основна тема во неговата содржина е споменот на крштевањето на Господ Исус Христос, при што се открива не само прототипот на таинственото измивање на гревовите, туку и реалното осветување на самата природа на водата, преку потопувањето во неа на Бог, Кој дошол во тело.